Нема меѓународна истрага за падот на авионот на Пригожин


Москва- Владата во Москва ја известила бразилската воздухопловна управа Ценипа дека „засега“ нема да покрене истрага за несреќата според меѓународни правила, соопшти за агенцијата Ројтерс бразилскиот Центар за истражување и превенција на воздухопловни несреќи. Ценипа претходно соопшти дека во интерес на подобрување на безбедноста на летовите ќе учествува во истрага предводена од Русија, доколку биде поканета […]

Австрија претстави пакет мерки за намалување на влијанието на високата инфлација врз граѓаните


Виена – Австриската Влада денеска презентираше пакет мерки со кои планира да го сузбие влијанието на високата инфлација, меѓу кои се и тригодишното ограничување на зголемувањето на киријата за становите и замрзнувањето на патарините. Вицеканцеларот Вернер Коглер рече дека ограничувањето ќе важи за 1,2 милиони договори за домување во земјата со околу девет милиони жители. Зелената […]

Дачиќ: Не е можно укинување на визната либерализација со ЕУ


Белград – Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, денеска, во врска со можна промена на визната политика на Европската Унија (ЕУ) изјави дека „мисли дека укинувањето на визната либерализација не е можно“, јави дописникот на МИА од Белград. Дачиќ, во врска со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за можното преиспитување на визната […]

Енис Барди е новиот капитен на македонската фудбалска репрезентација


Енис Барди официјално ќе биде новиот капитен на македонската фудбалска репрезентација. Играчот на турски Трабзонспор и порано ја имаше улогата на заменик-капитен, а сега ја презема лентата откако Стефан Ристовски ги откажа настапите за националниот тим.  Фудбалерот од средниот ред долго време настапува за „рисовите“ и досега има забележано 58 настапи, „зачинети“ со четиринаесет погодоци. […]

Супер Месечината организирано вечерва ќе се набљудува во Неготино


Супер Месечината организирано вечерва ќе се набљудува со телескопи во Неготино, информираа денеска од Здружението на граѓани „Ековита“, кое го организира настанот на спомен-костурницата во градот.   – Станува збор за астрономска појава кога месечината е во точка на својата орбита најблиску до Земјата. Кога супер месечината се случува, изгледа дотолку поголема и светла, што […]

Тенисерите ги заменија актерите на насловните страници. Како се случи тоа?


Додека најсветлите ѕвезди во Холивуд заземаат професионална пауза поради тековните штрајкови на актерите и сценаристите, тенисерите се на насловните страници на киосците ширум земјата токму на време за Отвореното првенство на САД во 2023 година, кое ќе трае од 23 август до 10 септември. Во последниве недели, некои од најголемите спортски имиња ги красат страниците […]

Македонија и Канада покажаа заедништво во зацврстувањето на безбедноста на источното крило на НАТО


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Министерството се сретна со министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, со која разговараше за македонско-канадската одбранбена соработка, како и посветеноста на двете земји во зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО, преку учество во мултинационалните сили на Алијансата на источното крило. „Руската агресија врз Украина и целосното […]

Пензиите ќе се исплаќаат секој први во месецот


Министерство за труд и социјална политика ги известува пензионерите дека пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно. Министерството известува дека со исплатата на пензијата за август се враќа редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот. За време на […]

МВР ќе анализира траги од пукање со најсовремен микроскоп обезбеден од УНДП


При користење огнено оружје, во зависност од муницијата и оружјето, се формира облак од неколку илјади до десетици илјади микроскопски честички кои се распространуваат во радиус до три метри. Овие траги од пукањето може да останат од два до четири часа на рацете, од седум до 12 часа на косата и до 24 часа на […]

Величковски од НБ: Создадовме основа за воведување на новата генерација технологии во нашиот платен систем


Хармонизирањето на националното со европското законодавство во областа на платните системи беше најважната цел од Стратегијата за развој на платните системи, од што произлезе носењето на Законот за платежни услуги и платни системи. Законот почна да се применува од почетокот на оваа година, додека Народната банка донесе 26 подзаконски акти за негова примена. Регулативата ќе […]

Горан Столевски во Венеција- светска премиера на „Домаќинство за почетници“


Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција – Скопје, својата светска премиера ќе ја има на 80. издание на филмскиот фестивал во Венеција, организиран од Ла Биенале ди Венеција, што ќе се одржи во Венеција Лидо од денеска до 9 септември. „Домаќинство за […]

ЕИБ донира помош за настраданите во поплавите во Словенија


Брисел – Европската инвестициска банка (ЕИБ) преку својот Институт за поддршка ќе додели 200.000 евра на околу 500 семејства погодени од неодамнешните поплави во Словенија. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, помошта во форма на грантови ќе биде дистрибуирана преку невладината организација Сојуз на пријателите на младите на Словенија (ЗПМС) со цел […]

„Шпанска вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel – мистична страст и гастрономска сензација за сите сетила


Нова гастрономска и забавна атракција во Скопје! На 15 септември 2023 година во Limak Skopje Luxury Hotel ќе се одржи настанот „Шпанска вечер“ на кој посетителите ќе имаат ексклузивна можност да го почувствуваат шпанскиот огнен дух, богата култура и спектакуларна кулинарска традиција. Искусниот главен готвач на хотелот и неговиот тим ќе подготват шпанско мени преполно […]

Венеција центар на филмската уметност: Почнува 80. Мостра


Венеција – Во Венеција, Италија, денеска почнува 80. Меѓународен филмски фестивал, познат под називот „Мостра“, но годинава со помалку звучни имиња, поради штрајкот во Холивуд, и повеќе контроверзии поради изборот на филмови и режисери. Во трката за „Златен лав“ се 23 остварувања. Американскиот режисер Демиен Шазел ќе биде претседател на жирито на 80. Венециски филмски […]

Вуди Ален во Атина ќе го промовира својот нов, 50. филм


Атина – Американскиот режисер, глумец и комичар Вуди Ален следниот месец во Атина ќе го промовира својот нов, 50. филм „Coup de Chance“. Проекцијата, којашто ќе ја претстави самиот режисер, ќе се одржи на 8 септември во „Сине Аегли“, кино на отворено во рамки на 29. Меѓународен филмски фестивал во грчкиот главен град. – Ова […]

Пригожин погребан во кругот на семејството и најблиските пријатели


Санкт Петербург – Евгениј Пригожин, водачот на „Вагнер“, кој загина во авионска несреќа минатата недела, беше погребан вчера на гробиштата во Санкт Петербург, во присуство на неговото семејство и најблиските пријатели, пренесува РИА Новости, цитирајќи неименуван извор близок до Пригожин. Според желбата на семејството, погребот бил извршен во нивно присуство и во присуство на најблиските […]

Русија откри кога ќе го тестира нуклеарното оружје


Москва– Дмитриј Глухов, член на постојаната мисија на Русија во Обединетите нации, рече дека Москва нема да врши нуклеарни тестови, освен ако САД први не ги спроведат. „Сакам да нагласам дека изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, која ја споменаа некои делегации, за хипотетичката можност нашата земја да продолжи со нуклеарните тестови, треба да се […]

Пациентите во Англија први во светот ќе ја примат инјекцијата за лекување на рак


Лондон – Британската национална здравствена служба (NHS) ќе биде првата во светот која на стотици пациенти во Англија ќе им понуди „седумминутна инјекција“ за лекување на рак. По одобрението од Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (MHRA), NHS Англија објави дека стотици пациенти кои ги исполнуваат условите за имунотерапија ќе ја добиваат инјекцијата секоја […]

Ѓоковиќ пак ќе биде прв на АТП листата


Њујорк- Новак Ѓоковиќ ќе се врати на првото место на ранг-листата на Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) по гранслем-турнирот САД опен, откако забележа победа во воведното коло на тој турнир на мечот со Французинот Александре Милер со 6-0, 6-2, 6-3. Ѓоковиќ, кој ќе го смени на врвот бранителот на титулата на САД опен, Карлос Алкараз, […]