Сопствениците демантираат дека Јувентус ќе се продава


Торино– Компанијата Ексор, која го поседува Јувентус, не планира да го стави торинскиот гигант на продажба, демантирајќи го пишувањето на весникот „Ил Џорнале“. Портпаролот на компанијата рече дека медиумскиот напис е „неоснован“. Италијанскиот весник „Ил Џорнале“ денеска објави, без да наведе извори, дека сопствениците на Јувентус размислуваат да го продадат клубот. Според весникот, компанијата Ексор, […]

Пред нас е усогласување на ставот на политичките партии за уставните измени, вели Ковачевски


Она што е пред нас е усогласување на ставот на политичките партии, бидејќи пред нас имаме исклучително значајна одлука, а тоа е продолжување на европската интеграција на државата, истакна денеска од Гевгелија претседателот на Владата Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашањето дали е можен договор со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени. Ковачевски забележа дека гласањето во […]

Кремљ предложил размена на новинарот Иван Гершкович за убиецот на чеченски милитант во Германија


Вашингтон – Кремљ води преговори со Западот за можна екстрадиција на Вадим Красиков, за кого се претпоставува дека е таен агент на руските специјални служби кој отслужува доживотна казна затвор во Германија за убиството на Зелимхан Хангошвили, поранешeн командaнт на чеченските востаници.  Ова синоќа го објави весникот Волстрит журнал. Еден од затворниците кои Москва е […]

Шест дена откако заминаа, ВМРО-ДПМНЕ информира дека нивни градоначалници се во САД


Шест дена откако заминаа за САД, опозициската ВМРО-ДПМНЕ информираше дека тројца градоначалници од партијата учествуваат во програмата за меѓународни лидери на Владата на САД. Претходно, Мета.мк објави дека градоначалниците на Аеродром и на Кисела Вода, Тимчо Муцунски и Орце Ѓорѓиевски кои од 6 до 16 септември се на работна посета во Вашингтон, на социјалните мрежи споделуваат објави […]

ЕК го намали планираниот раст на економијата на ЕУ за 2023 година на 0,8 отсто


Брисел– Економијата на ЕУ продолжува да расте, иако е со намален моментум, соопшти денеска Европската комисија објавувајќи ги своите нови предвидувања за 2023 година, според кои економскиот раст на блокот во целина и на Еврозоната се ревидирани на 0,8 проценти, од претходно предвидените 1, односно 1,1 отсто во пролетната прогноза.  Во исто време, со оваа […]

ЕХФ го суспендираше Начевски на две години и го казни со 5.000 евра


Европската ракометна федерација (ЕХФ) го казни македонскиот ракометен функционер Драган Начевски со двегодишна суспензија и казна од 5.000 евра по приказната на данската телевизија „ТВ2“, во која тој е во разговор со наводен кинески бизнисмен. Начевски во тој разговор зборува за местење на мечеви, но ја одбива понудата за било какво местење, но ЕХФ смета […]

Ралф Лорен се врати на Модната недела во Њујорк, ова се ѕвездите од првиот ред


Њујорк– По четири години отсуство Ралф Лорен се врати на модната Њујоршка сцена со колекцијата пролет/лето 2024. Враќањето во родниот град го најави со колекција која на некој начин го реинтерпретира американскиот сон. Легендарниот дизајнер оживеа некои од познатите парчиња од својата архива, облагородувајќи ги со модерни елементи. Сценографијата потсетуваше на неговиот дом, со многу […]

Во тајност се ожени Крис Еванс, најсекси маж за 2022


Најпознат по глумењето на алтруистичкиот, самопожртвуван суперхерој Капетан Америка во франшизата на Marvel, вредна повеќе милијарди долари, и како посветен, фото-среќен татко куче на Доџер, неговата мешавина од боксер, на социјалните мрежи, за Еванс лани беше многу поудобно да зборува за неговата кариера која е нагорна линија, отколку за титулата најсекси маж, според Пипл. Лани, […]

Уметници од Македонија на Meѓународна театарска резиденција во Романија


Во втората половина на месец септември 2023, театарски уметници од Македонија, учествуваат на Меѓународната театарска резиденција (Crossroads and Borders/Проект: Е.Т.Е.Р.И.А.) во Констанца, Романија (септември 2023). Филарета Атанасова Filareta Atanasova – театарска и филмска актерка, независен сектор. Наташа Петровиќ Natasa Petrovic– театарска и филмска актерка, Н.У. Театар за деца и млади-Скопје. Симона Спировска Симона Спировска – театарска и филмска актерка, Н.У. Театар […]

Германија нуди база на НАТО за седиштето на Балтичкото море


Германија му ја нуди на НАТО својата способност да управува со поморските сили од регионалниот поморски штаб на Балтичкото море, изјави во неделата вицеадмиралот Јан Кристијан Каак, пишува германската новинска агенција ДПА. Каак истакна дека персоналот наменет за таа цел веќе бил задолжен за поморските маневри „Северните брегови“, голема вежба за обука во која учествуваат 3.000 […]

Стопанска комора ќе бара од ЕУ да ги пролонгира роковите за одредени стандарди и регулативи кај бизнисот


На скалата од еден до десет, македонската економија од технолошки апсект засега е рангирана на трето ниво. Само големите и средните претпријатија се подготвени да се соочат со конкуренцијата и со барањата на европскиот пазар. Останатите, до членството на земјава во ЕУ, ќе мора да поработат на стандардите и процедурите ако сакаат да извезуваат, порача […]

Бензините поскапуваат за еден денар, а дизелот за 2,50 денари по литар


Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените на горивата во просек за 2,19%. Цените на „еуросупер-95“ и „еуросупер-98“ се зголемуваат за по 1 денар. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 88 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 90,50 денари. Според одлуката на РКЕ дизелот ќе поскапи за 2,50 денари и еден литар ќе […]

Промоција на „Книжевен бинокулар“ од Соња Стојменска Елзесер


Утре (вторник, 12 септември) во 12 часот во спомен-собата „Т“га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе биде промовирана книгата „Книжевен бинокулар“ од Соња Стојменска – Елзесер, добитник на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра критичко-есеистичка книга за 2022 година според Друштвото на писателите на Македонија. За книгата ќе говори проф. д-р Анасатастија […]

Интензитет и естетски вкус : Италијанската критика за „Леди Магбет“ на Рисимкин


Весникот „Verona Sera“ на своите страници објави критички осврт кон фестивалската програма на Верона Шекспир Фринге фестивалот, која се одржи од 24 до 31 август годинава и која во целост е оценета како извонредно успешна. Во критичкиот осврт за претставата „Леди Магбет“ на Рисима Рисимкин, во изведба на танчерите на Скопје танцовиот театар, се истакнува: […]

Брисел ја намали прогнозата за раст на еврозоната за 2023 и 2024 година


Брисел – Европската комисија ги намали за 0,3 процентни поени прогнозите за економски раст за еврозоната во 2023 и 2024 година на 0,8 отсто и 1,3 отсто, соодветно, најмногу поради тешкотиите во Германија и нејзината индустрија. Се очекува 20-те земји кои го користат еврото годинава да забележат раст од 0,8 отсто наместо прогнозата од 1,1 […]

Игор Џамбазов ќе слави два јубилеја во Филхармонија


Актерот, пејач и шоумен Игор Џамбазов ќе одбележи два големи јубилеја со концерт во Македонската филхармонија, што ќе се одржи на 21 октомври. Првиот повод е неговиот 60. роденден, но на овој настан ќе одбележи и три децении музичка соработка со блуз ветеранот Гуру Харе. Покрај хитовите кои произлегоа од ова партнерство низ годините, концертот […]

Златен лав за „Кутрите“ на грчкиот оскаровец Јоргос Лантимос


Венеција– „Кутрите“ (Poor Things) на грчкиот оскаровец Јоргос Лантимос синоќа го освои Златниот лав на јубилејното 80-то издание на Филмскиот фестивал во Венеција. Филмот, со Ема Стоун, Вилем Дефо и Марк Рафало, е црна комедија според истоимениот роман на шкотскиот писател Аласдир Греј од 1992, а беше главен фаворит и на критиката и на публиката […]

На Сергеј Трифуновиќ му e забранет влез во Шенген зоната една година


Сплит- Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, кој во изминатите два дена во Сплит направи пет прекршоци, доби едногодишна забрана за влез и престој во Европската економска зона, односно Шенген, јави хрватската агенција Хина. Првиот прекршок Трифуновиќ го направил на градската плажа Кашјуни, каде без надзор, т.е. поводник и маска го пуштил својот германски овчар меѓу капачите. […]

Здрава замена за кафе и чај пред појадокот


Њу Делхи – Многу луѓе имаат навика да пијат кафе или чај веднаш штом ќе се разбудат, на празен стомак. Сепак, колку и да се мисли дека на телото му е потребна таа напивка, некои стручњаци велат оти тоа не е здраво да се пие на гладно. Причината е тоа што пиењето чај или кафе […]

Аудиција за детскиот фестивал „Поточиња“ 2024


Во ООУ „Блаже Конески“ во населба Аеродром од денеска до 14 септември ќе се одржува аудиција за прием на нови членови – учесници на детскиот фестивал „Поточиња 2024″.  -Аудицијата е за деца од 5 до 10 години и ќе се одржи во просториите на училиштето „Блаже Конески“ од 18:00 до 19:00 часот, а пријавување се […]