Адел со концерти во Лас Вегас и во 2024


Лас Вегас– Во петокот, добитничката на Греми, 35, објави конечно продолжување на нејзините концерти во Колосеумот во Палатата Цезар во 2024 година. Пејачката и текстописец требаше да ги заврши своите концерти овој ноември, но сега ќе одржи 32 дополнителни датуми следната година. Последниот дел од Викенди со Адел, каде што суперѕвездата ги пее нејзините класици …

Адел со концерти во Лас Вегас и во 2024 Read More »

Македонскиот вајар Никола Смилков делата ги изложи пред публиката во Њујорк


Македонскиот вајар Никола Смилков ги изложи своите дела во Њујорк, САД. Тој за МИА од Њујорк вели дека изложбата е  со наслов „INNER FEELINGS“, а е отворена од вчера  во Македонскиот културен центар во Њујорк. На изложбата се претставени осум скултури во мермер и бронза. Луција Ѓурашковиќ, историчар на уметност за делата на Смилков вели …

Македонскиот вајар Никола Смилков делата ги изложи пред публиката во Њујорк Read More »

Околу 100.000 демонстранти на пропалестински марш во Лондон


Лондон – Околу 100.000 луѓе се приклучија на денешните пропалестински протести во центарот на Лондон, марширајќи низ британската престолнина и барајќи итен прекин на огнот во Газа по нападот на Хамас врз Израел пред две недели. Извикувајќи „Слободна Палестина“, со транспаренти и веејќи палестински знамиња, демонстрантите маршираа низ Лондон пред да се соберат пред Даунинг стрит, …

Околу 100.000 демонстранти на пропалестински марш во Лондон Read More »

Во чест на Грејс и Рение: Таен полноќен бал со Стефани и Алберт во Монако


Монако- Кралското семејство на Монако во петокот навечер им оддаде почит на принцот Рение и принцезата Грејс со „таен“ бал. Одржан како дел од годинешната стогодишнина од раѓањето на принцот Рение, вечерта – која се случи на  „неоткриена локација“ – предизвика една од најгламурозните традиции на кнежевството: полноќниот бал. Настанот со црни вратоврски во петокот …

Во чест на Грејс и Рение: Таен полноќен бал со Стефани и Алберт во Монако Read More »

Фудбалскиот свет во тага: Почина Боби Чарлтон, светскиот шампион од 1966 година


Лондон– Освојувачот на светскиот фудбалски шампионат со Англија во 1966 година и добитникот на Златната топка истата година, Боби Чарлтон, почина денес на 86-годишна возраст, објави Манчестер јунајтед. – Нашиот клуб жали за смртта на Сер Боби Чарлтон, еден од најголемите и најомилените играчи во историјата на Манчестер јунајтед. Сер Боби беше херој за милиони …

Фудбалскиот свет во тага: Почина Боби Чарлтон, светскиот шампион од 1966 година Read More »

Компаниите немаат доверба во тендерите на државните институции


Компаниите немаат доверба во институциите поради што многу малку од нив се подготвени да аплицираат на јавни тендери, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Тој информира дека од внатрешната ревизија што ја спроведе Министерството за информатичко општество и администрација за периодот 2021 – 2023 година се гледа дека компаниите се многу …

Компаниите немаат доверба во тендерите на државните институции Read More »

Лајчак од Белград: За Србија и Косово нема европска иднина без имплементација на договорот


Белград – По неуспехот од последнниот дијалог во Брисел меѓу Белград и Приштина, и по вооружениот напад во Бањска во северно Косово, големата петорка предводена од специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, денеска, после Приштина допатуваа во Белград на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во обид за продолжување …

Лајчак од Белград: За Србија и Косово нема европска иднина без имплементација на договорот Read More »

Платите на културните работници повисоки за 10 отсто


Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска денеска во вестите на „Канал 5“ телевизија изјави дека вработените во институциите кои спаѓаат под Министерство за култура добија покачени плати за 10%, согласно стапувањето на сила на општиот Колективен договор кој се однесува на сите вработени во јавен сектор, и дека останува активен и Колективниот договор на …

Платите на културните работници повисоки за 10 отсто Read More »

Арапските лидери го осудија двонеделното израелско бомбардирање на Газа


Каиро – Арапските лидери на денешниот Самит во Каиро го осудија двонеделното израелско бомбардирање на Појасот Газа, повикувајќи на обновени напори за постигнување мировно решение на Блискиот Исток и ставање крај на повеќедеценискиот циклус на насилство меѓу Израелците и Палестинците. Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас рече дека Палестинците нема да бидат раселени или протерани од …

Арапските лидери го осудија двонеделното израелско бомбардирање на Газа Read More »

„Хамас“ држи најмалку 210 заложници во Газа, а 307 израелски војници се убиени од 7 октомври


 „Хамас“ држи најмалку 210 заложници во Газа, а 307 израелски војници се убиени од 7 октомври, изјави портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари на прес-конференција. Израелските одбранбени сили „ги известија семејствата на 210 заложници задржани во Појасот Газа“, рече портпаролот. – Од 7 октомври „307 израелски војници се убиени“, додаде Хагари.

Скопје во ноември домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во ноември годинава ќе биде домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет, во рамки на Годишниот Самит на Глобалниот парламент на градоначалници кој во 2023 година ќе се одржи во Македонија.   “Одлична средба и разговор во Вашингтон со Амбасадор Нина Хачигиан, Специјалниот претставник на Стејт Депарментот во …

Скопје во ноември домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет Read More »

Неколку земји-членки на Шенген зоната ги зајакнуваат граничните контроли за да се заузди нелегалната миграција


Голем број земји како што се Австрија, Чешка Република, Франција, Италија, Полска, Словенија и Словачка воведоа нови контроли на нивните граници. Тие се обидуваат да ги спречат криумчарите со луѓе да ги користат балканските рути за да носат мигранти во Централна и Западна Европа. Ова ја става Шенген зоната под притисок во однос на слободното …

Неколку земји-членки на Шенген зоната ги зајакнуваат граничните контроли за да се заузди нелегалната миграција Read More »

Невремето Бабет ги зафати Велика Британија, северна Германија и јужна Скандинавија


Копенхаген – Невремето во северна Европа продолжи и денеска во Велика Британија, северна Германија и јужна Скандинавија со силен ветер и обилни врнежи од дожд, кои предизвикаа поплави, евакуација на жителите, прекин на електричната енергија, прекини на сообраќајот. Од четвртокот четири лица ги загубија животите во невремето „Бабет“ како што го нарече британската метеоролошка служба. Последната …

Невремето Бабет ги зафати Велика Британија, северна Германија и јужна Скандинавија Read More »

Полицијата го депортираше игуменот Фотиј (Александар Костовски) од Косово во Македонија


Игуменот на манастирот Девина вода на СПЦ во општина Звечан, отец Фотиј, кој е државјанин на Северна Македонија и чие граѓанско име е Александар Костовски, депортиран е од Косово во Северна Македонија од страна на косовската полиција по итна постапка и без никакво објаснување, јави дописникот на МИА од Белград. Отец Фотиј е роден 1981 …

Полицијата го депортираше игуменот Фотиј (Александар Костовски) од Косово во Македонија Read More »

Нема прекин на штрајкот на актерите ниту за 150 милиони долари


Лос Анџелес– Џорџ Клуни и другите ѕвезди кои се меѓу најголемите заработувачи во Холивуд дадоа револуционерен предлог за прекин на штрајкот на актерите, кој се одолговлекува речиси 100 дена. Клуни заедно со Бен Афлек, Ема Стоун, Скарлет Јохансон и Тајлер Пери се сретнаа со синдикатот на еснафот на актерите на екранот-Американската федерација на телевизиски и …

Нема прекин на штрајкот на актерите ниту за 150 милиони долари Read More »

Од денес се инсталира новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија


Министерството за здравство информира дека од денеска започнува инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Министерството за здравство информира дека од денеска започнува инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Од Министерството за здравство велат дека првите две фази на демонтажа на дваесет години стариот акцелератор е завршена и …

Од денес се инсталира новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Read More »

„Македонисимо“ на Трпчевски и пријателите на регионална турнеја


По концертите со Симфонискиот оркестар на Квебек во Канада на крајот од минатиот месец и гостувањата со рецитал во Мајнц, Германија, со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло во Монако (каде што со голем успех и блескави критики ја стартуваше резиденцијалната серија од 4 различни концертни возбудувања во текот на сезонава) и трите настапи со Симфонискиот …

„Македонисимо“ на Трпчевски и пријателите на регионална турнеја Read More »

Седумнаесет вработени на агенцијата на ОН загинати во израелските напади во Газа


Газа – Најмалку 17 вработени во Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, изјави денеска шефот на агенцијата Филип Лазарини.  „Досега е потврдена смртта на 17 наши колеги во оваа брутална војна. За жал, реалната бројка најверојатно …

Седумнаесет вработени на агенцијата на ОН загинати во израелските напади во Газа Read More »

Грција доби инвестициски степен од кредитната агенција Стандард и Пурс


Атина – Американската агенција за кредитен рејтинг Стандард и Пурс ја надгради грчката економија, доделувајќи и инвестициски степен, нешто што го очекуваше и го поздрави грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку социјалните мрежи истакна дека надградбата претставува „уште еден официјален печат на закрепнувањето на грчката економија“ и дека Грција …

Грција доби инвестициски степен од кредитната агенција Стандард и Пурс Read More »

Доктори по ветеринарна медицина се едуцираа за терапии со матични клетки


Факултетот за ветеринарна медицина (ФВМ) – Скопје ги претстави најновите иновации и достигнувања во регенеративната медицина за време на својата втора Меѓународна работилница за регенеративна медицина одржана на Факултетот. Оваа експертска работилница имаше за цел да ги расветли научните и клиничките апликации на терапијата со матични клетки и плазмата богата со тромбоцити (ПЗТ) во областа …

Доктори по ветеринарна медицина се едуцираа за терапии со матични клетки Read More »