Сѐ повеќе туристи избираат last-minute патувања: Турција меѓу најатрактивните медитерански дестинации


Еден од водечките трендови во современиот туризам се last-minute патувањата, поттикнати од потребата за поголема флексибилност при планирањето на одморите.Според податоците на Expedia Group, една од најпознатите светски туристички платформи, пребарувањата за патувања направени 7 до 13 дена пред поаѓањето се зголемиле за 25 отсто во првиот квартал од оваа година во споредба со истиот […]

Никој не ги сака дизајнерските очила за сонце како Меланија Трамп, од Диор до Ботега


Вашингтон – Тешко беше да се пропушти Меланија Трамп на финалето на Светското првенство во 2026 година во недела. Не, не беше затоа што беше во приватна ложа со претседателот и другите светски лидери зад непробојно стакло. Тоа беше поради нејзините очила за сонце. Нејзините преголеми рамки од Диор го подигнаа огледалниот изглед на ново […]

„Одисеја“ со Мет Дејмон ја врати во живот „Троја“ со Бред Пит 


Лос Анџелес – „Одисеја“ на Кристофер Нолан се појави во кината на 17 јули и веднаш стана филм на летото, со огромни бројки на кино благајните и поттикнувајќи многу дискусии. А сега, адаптацијата на епската поема на Хомер ги инспирира обожавателите да погледнат уште еден еп: „Троја“, слободната адаптација на „Илијада“ од режисерот Волфганг Петерсен […]

Почна трката за генерален секретар на ОН, шест кандидати дебатираа пред Генералното собрание


Њујорк – Шест кандидати за функцијата генерален секретар на Обединетите нации синоќа пред Генералното собрание на ОН ги претставија своите приоритети, на дебата организирана во формат сличен на телевизиско шоу. Кандидатите за наследник на Антонио Гутереш по истекот на неговиот маднат, одговараа на прашања за предизвиците со кои се соочува Светската организација, меѓу кои застојот во […]

Трамп ја заобиколува одлуката на Врховниот суд и воведува нови царини, на удар ЕУ, Кина и Индија


Откако судот му ја ограничи можноста да воведува глобални царини преку вонредни овластувања, Доналд Трамп бара нова правна врата за продолжување на својата трговска офанзива. Овојпат образложението не е трговскиот дефицит, туку неуспехот на американските партнери ефикасно да го спречат увозот на производи создадени со принудна работа. Американската администрација подготвува царини за увозот од 60 […]

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал […]

Камерен концерт на Алтус НЗ Ансамбл насловен „Континуитет“ во рамки на Скопско лето


Камерен концерт на Алтус НЗ Ансамбл насловен „Континуитет“ ќе се одржи утре во рамки на Скопско лето во Салон 19’19 (Културно информативен центар) во 20:30 часот, соопшти Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.  Во Ансамблот учествуваат: Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Александар […]

Импресивен концерт на Камерниот оркестар на НОБ и маестра Чадловска


По неколкуте успешни гостувања на  одлични солисти и  ансамбли со различна жанровска програма за кои публиката покажа голем интерес, синоќа репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ повторно беше исполнет со импресивен настап на Камерниот оркестар на Националната Опера и Балет  под диригентската палка на Бисера Чадловска и сопранот Наде Талевска која беше солист […]

Австриска вечер на „Охридско лето“


Пијано дуото Денис Расел Дејвис и Маки Намекава вечерва ќе настапи  на традиционалната Австриска вечер на фестивалот „Охридско лето“ која се одржува со поддршка на Австриската амбасада во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Денис Расел Дејвис и Маки Намекава прв пат концертно соработуваат во 2003 година. […]

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел


Техеран – Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) предупреди дека секоја британска воена база што САД ќе ја користат за напади врз Иран ќе стане „легитимна цел“, обвинувајќи го Лондон дека има значајна улога во неодамнешните американски и израелски воени операции. Во соопштението, Револуционерната гарда наведе дека американската војска неодамна користела бомбардери „Б-1“, кои полетувале […]

САД воведоа визни ограничувања за лица поврзани со интернет-измами и сексуални уцени


Вашингтон – Соединетите Американски Држави денеска воведоа нова глобална политика на визни ограничувања насочена кон лицата одговорни за интернет-измами, кибер-криминал и сексуални уцени преку интернет, оценувајќи дека овие активности претставуваат „закана без преседан“ за американските граѓани. Американскиот државен секретар Марко Рубио во соопштение наведе дека новата политика е насочена кон лицата кои се одговорни или се […]

Американскиот Сенат ја блокира резолуцијата за ограничување на овластувањата на Трамп за војната со Иран


Вашингтон – Американскиот Сенат ја блокираше резолуцијата предложена од Демократската партија, чија цел беше да се ограничи можноста за продолжување на воените операции против Иран без претходно одобрение од Конгресот. Сенаторите со 49 гласа „за“ и 47 „против“ изгласаа да не се пристапи кон разгледување на резолуцијата за воените овластувања на претседателот. Претходно, Претставничкиот дом […]

Карапаз победник на 18. та етапа на Тур Д’Франс, Погачар остана лидер во генералниот пласман


Вирон – Победник на вчерашната етапа на Тур Д’Франс е Ричард Карапаз од Еквадор. Тој патеката во должина од 174.7 километри од Шамбери – Вирон ја мина за 4 часа 26 минути и 21 секунда. Како втор низ целната линија мина Мауро Шмид од Швајцарија, а трет етапата ја заврши Матео Јоргенсен од САД, двајцата […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 24 јули 2026 година, 205-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 160 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 19 минути, а ќе зајде во 20 часот и 1 минута. Денов трае 14 часа и 41 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

„Оскаровската одисеја“ на Кристофер Нолан: Можат ли Мет Дејмон, чудовиштата и митологијата да му донесат уште една статуетка за најдобар филм?


Лос Анџелес – Последниот пат кога епот со мечеви и сандали навистина ги освои Оскарите, Расел Кроу стоеше во Колосеумот и праша: „Не сте ли забавувани?“ Блокбастерот на Ридли Скот од 2001 година „Гладијатор“ ја освои наградата за најдобар филм таа сезона, накратко потсетувајќи го Холивуд дека спектаклот од античкиот свет сè уште може да […]

Сара Климовска во жирито на 32. Сараево филм фестивал


Во трка за „Срцето на Сараево“ на 32-от Филмски фестивал во Сараево кој ќе се одржи од 14 до 21 август 2026 година, се натпреваруваат 51 филм, додека еден филм ќе биде прикажан надвор од конкуренцијата. Во четирите натпреварувачки селекции – долгометражен игран филм, долгометражен и краток документарен филм, долгометражен краток филм и студентски краток […]

Средба на министерот за култура Сулејмани со Никол Варнс, в.д. амбасадор на САД


Новиот министер за култура Седат Сулејмани оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава.   „Задоволство да остварам средба со вршителката на должноста шеф на Мисијата на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Н. Е. г-ѓа Никол Вернс.     Разговаравме за одличната соработка меѓу нашите две земји […]

Дали Бред Пит ќе му се придружи на Том Круз во „Денови на громот 2“?


Лос Анџелес – Том Круз се враќа во светот на автотрките во „Денови на громот 2“, продолжението на филмот НАСКАР на Тони Скот од 1990 година. Џонатан Левин ќе режира, а сценариото е напишано од Вил Стејплс, додека Круз и Џери Брукхајмер се продуценти, според „Холивуд репортер“. Ова е уште еден чекор во кариерата по […]

Во Грција потврден 21 случај на вирусот Западен Нил


Атина – Во Грција е регистриран вкупно 21 случај на вирусот Западен Нил, од кои 14 се потврдени во текот на минатата седмица, согласно податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Кај 20 случаи има симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна […]

„Нема да ви се верува што се случи претходно“ со светска премиера на фестивалот во Олденбург


Значаен меѓународен старт за македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кој ќе ја има својата светска премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург. Од фестивалот официјално потврдија дека филмот, кој меѓународно ќе биде претставен под насловот „You Won’t Believe What Happened […]