ИРИ: За членство во ЕУ се 68% од македонските граѓани


Последното мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува широка поддршка за приклучувањето кон Европската унија (ЕУ) и силно мнозинство кое ја смета руската војна против Украина за неоправдана. Анкетата е спроведена во Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија …

ИРИ: За членство во ЕУ се 68% од македонските граѓани Read More »

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall


Од 17 до 19 мај Diamond Mall ќе биде домаќин на уште еден интересен настан – Фестивал на македонски домашни производи. На фестивалот што ќе се одржува под мотото „Вкус и традиција“, своите производи ќе ги изложат 15 домашни производители на традиционални прехранбени производи и пијалаци. Во деновите на одржување на фестивалот, посетителите во Diamond …

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall Read More »

Фестивалот „Прво па женско“ почнува со „Свет без жени“


  Дванаесеттото издание на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО почнува со наградуваната претстава „Свет без жени“ во четврток (16 мај) во 20 часот на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности. По изведбата на претставата, во рамки на дискурзивната платформа на Локомотива и Тиииит! Инк. – „Дијалогот што недостасува“, ќе следи …

Фестивалот „Прво па женско“ почнува со „Свет без жени“ Read More »

Промоција на стихозбирката „Манифест на каменот“ од српскиот поет Виктор Радун Теон


Стихозбирката „Манифест на каменот“ од српскиот поет Виктор Радун Теон ќе биде промовирана вечер од 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“. Промотори на книгата се Христо Петрески и Марина Мијаковска, информираат организаторите преку соопштение. – Виктор Радун Теон живее во Нови Сад. Тој магистрирал на Економскиот факултет во Суботица во 2003, а докторирал на Факултетот за …

Промоција на стихозбирката „Манифест на каменот“ од српскиот поет Виктор Радун Теон Read More »

Бесплатна проекција на филмот „Во огледалото на Маја Дерен“ во МСУ


Во Музејот на современата уметност вечер ќе се одржи бесплатна проекција на документарниот филм „Во огледалото на Маја Дерен“ (In the Mirror of Maya Deren, 2002, 104′) во режија на Мартина Кудлачек (Martina Kudlácek). Филмот е дел од сегментот ФФФ Doc. од Придружната програма на 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал. Како што информира Филозофското …

Бесплатна проекција на филмот „Во огледалото на Маја Дерен“ во МСУ Read More »

Светски, а наши:  ,,Национален џез оркестар“ со блескав настап во Тирана


Македонскиот Културно-информативен центар вчеравечер пред публиката во Тирана го претстави нашиот Национален џез оркестар. – Ова се генијални, генијални музичари. Бескрајно благодарам на соработката со македонскиот центар, благодарам што овие прекрасни музичари вечерва свиреа во нашиот град, изјави воодушевен веднаш по нивниот брилијантен настап, Бесим Петрела, директор на „Albania jazz fest“. Како што информира Културно-информативниот …

Светски, а наши:  ,,Национален џез оркестар“ со блескав настап во Тирана Read More »

„Месечината е наопаку“ – режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од „Пред дождот“ на Манчевски


И после 30 години, македонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски инспирира нови режисери насекаде низ светот. Овојпат во Нов Зеланд: режисерката Лорен Тејлор во интервју за „НЗ Хералд“ открива дека нејзиното дебитантско дело „Месечината е наопаку“ е инспирирано токму од македонскиот филм. Таа кажува дека „Пред дождот“ првпат го гледала кога ималa 17 …

„Месечината е наопаку“ – режисерка од Нов Зеланд сними филм инспирирана од „Пред дождот“ на Манчевски Read More »

Отворен конкурс за наградата „Милан Младеновиќ“ 2024


Оставината на Милан Младеновиќ отвори конкурс за наградата „Милан Младеновиќ“ за 2024 година. Под слоганот „Пријави ја твојата песна“, конкурсот е отворен до 31-ви мај 2024 година. Право да се пријават за наградата имаат автори и изведувачи од сите земји на поранешна Југославија, со песна и со текст на еден од јазиците што се зборуваат на територијата на поранешните југословенски …

Отворен конкурс за наградата „Милан Младеновиќ“ 2024 Read More »

„Букинг“ доби обврска да нуди поголем избор на сместувачки капацитети на туристите


Брисел – Европската комисија ја именува компанијата „Букинг“ за „вратар“ согласно Законот за дигитални пазари поради нејзината веб страница Букинг.ком, а во исто време реши да не им додели такви звања на „Икс“ и на „БајтДенс“ во однос на нивните платформи Икс Едс, односно ТикТак Едс. Дополнително, ЕК реши и да покрене пазарна истрага за …

„Букинг“ доби обврска да нуди поголем избор на сместувачки капацитети на туристите Read More »

Со проекција на „Домаќинство за почетници“ ќе се одбележи Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија


Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија (IDAHOT), ќе се одбележи со проекција на филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски. Филмот ќе се прикажува со почеток од 20 часот во кино „Фросина“, информираат од Коалиција Маргини, која е организатор на настанот заедно со „Лист продукција“ и МКЦ. Филмската приказна на Столевски, како што се појаснува …

Со проекција на „Домаќинство за почетници“ ќе се одбележи Меѓународниот ден против хомофобија и трансфобија Read More »

Патријархот Порфириј доби забрана за влез во Косово, остри реакции од Белград


Белград – Властите во Приштина му забранија на поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфириј и на седумте епископи кои го придружуваат да влезат во Косово, каде што за денеска беше закажан состанок на советот на СПЦ во Пеќката патријаршија. -Патријархот требаше да пристигне на Косово во попладневните часови, но пред да пристигне на преминот …

Патријархот Порфириј доби забрана за влез во Косово, остри реакции од Белград Read More »

Во Софија ќе биде промовиран романот „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски


Во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Софија, Бугарија, вечер ќе се одржи промоција на преводот на романот „Сфинга на гневот“ од македонскиот писател Жарко Кујунџиски, информираат од издавачката куќа „Антолог“ од Скопје. Книгата во превод на бугарски на Маријан Петров, како што се појаснува во соопштението, деновиве излезе од печат како издание на издавачката …

Во Софија ќе биде промовиран романот „Сфинга на гневот“ од Жарко Кујунџиски Read More »

Потсекретарката на Стејт департментот Елизабет М. Ален доаѓа во Западен Балкан


Вашингтон – Потсекретарката на Стејт департментот за јавна дипломатија Елизабет М. Ален ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Република Северна Македонија за време на нејзината осумдневна посета на Западен Балкан. „Посетата, која ќе трае од 12 до 20 мај, е со цел да ги продлабочиме партнерствата со земјите од Западен Балкан и …

Потсекретарката на Стејт департментот Елизабет М. Ален доаѓа во Западен Балкан Read More »

Во Скопје ќе биде отворен прв Центар за поддршка и советување на мажи


ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување денеска  во Скопје ќе отвори Центар за поддршка и советување на мажи во Северна Македонија. Ова, како што информираат од ХЕРА, е прв центар од ваков вид во нашата земја, кој ќе нуди бесплатни советувања и поддршка со терапевти за момчиња и мажи, со телефонско закажување за …

Во Скопје ќе биде отворен прв Центар за поддршка и советување на мажи Read More »

„Винска школа“ во Скопје


Во организација на Регионалната иницијатива за рурална соработка (The Regional Rural Development Standing Working Group in South Eastern Europe – SWG), од денеска до сабота во Скопје ќе се одржува „Винска школа“. Во рамки на „Винската школа“ учесниците ќе добијат знаења од областа на лозарството, базирани на најновите техники и иновации. Предавањата ќе бидат организирани …

„Винска школа“ во Скопје Read More »

Охрид домаќин на Меѓународна конференција за телекомуникации


„Премостување на јазот – влез во новата ера“ е насловена годинашната Меѓународна регулаторна конференција што ќе се одржи денеска и утре во Охрид во организација на Агенцијата за електронски комуникации на Република Северна Македонија. Според агендата, на конференцијата ќе се одржат три панели посветени на управување со спектарот и мониторинг, сајбер безбедноста, регулаторните прашања и …

Охрид домаќин на Меѓународна конференција за телекомуникации Read More »

Прв фестивал за женско здравје во Скопје


 Фестивал за женско здравје за првпат ќе се одржи в недела во организација на граѓанската организација „Младите можат“, со поддршка од „ДМ дрогерии“. Како што е најавено, настанот ќе содржи партиципативни и интерактивни сесии дизајнирани да се осврнат на различни аспекти на здравјето и зајакнувањето на жените. – Примарната цел на проектот е да ги …

Прв фестивал за женско здравје во Скопје Read More »

Облачно со повремени врнежи од дожд


Времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне …

Облачно со повремени врнежи од дожд Read More »

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 13 мај 2024 година, 134-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 232 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 15 минути, а ќе зајде во 19 часот и 46 минути. Денов трае 14 часа и 30 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »

Усвоени приговори за уште три избирачки места – едно во Охрид и две во Крушево


Државната изборна комисија вечерва го поништи гласањето на уште три избирачки места. Станува збор за избирачкото место 1272 во општина Охрид, и за избирачките места 1194 и 1202, двете во Крушево, по поднесен групен приговор од Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на ДИК Александар Даштевски по извршеното пребројување за избирачкото …

Усвоени приговори за уште три избирачки места – едно во Охрид и две во Крушево Read More »