За прв пат во земјава е регистрирана епидемија на ХИВ кај одредена популациона група


Според резултатите од последното истражување од 2018 година, кај мажите кои имаат секс со мажи во Скопје, проценетата преваленца е 5,4 отсто, што значи дека во РСМ за прв пат се регистрира концентрирана епидемија кај одредена популациона група. Ова е наведено во последниот годишен извештај на Институтот за јавно здравје за спроведени активности согласно програмата за заштита …

За прв пат во земјава е регистрирана епидемија на ХИВ кај одредена популациона група Read More »

Научна расправа во МАНУ за макроекономијата по рецесијата од 2007 – 2009 година


 Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска организира научна расправа на тема „Макроекономијата по Големата рецесија 2007 – 2009 година – релевантноста на промените за економската наука и за македонската економија“. Учесниците ќе дебатираат за промените во современата макроекономија детерминирани од Големата рецесија од 2007-2009 и од …

Научна расправа во МАНУ за макроекономијата по рецесијата од 2007 – 2009 година Read More »

На Столе Попов ќе му биде доделен „Златен објектив“ за 2024


Во Кинотека на Македонија денеска во 12 часот ќе се одржи доделување на „Златниот објектив“ на големиот доајен на филмската уметност Столе Стојан Попов. – Ова признание Попов го добива за својот исклучителен придонес во развојот на македонската кинематографија, плодното творештво и белегот што го остави во домашната филмска индустрија – како филмски автор, продуцент, …

На Столе Попов ќе му биде доделен „Златен објектив“ за 2024 Read More »

Ќерките на Бред Пит се откажуваат од неговото презиме


Лос Анџелес –  Откако Шајло Џоли-Пит и Захара Џоли-Пит се откажаа од презимето на својот татко Бред Пит, истото тоа го стори и нивната сестра Вивиен, пишуваат американските медиуми. И Вивиен Џоли, се чини, ќе го задржи само презимето на нејзината мајка Анџелина Џоли. Инаку, и девојката е во филмската индустрија, па работела како асистент …

Ќерките на Бред Пит се откажуваат од неговото презиме Read More »

Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од …

Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и грмежи Read More »

Астрономски календар


Денеска е среда, 29 мај 2024 година, 150-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 216 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот и 1 минута. Денов трае 14 часа и 58 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Концерт со Дино Имери по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и  Македонија


По повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и Северна Македонија, на 4 јуни (вторник) во Камерната сала на Филхармонија со почеток во 20 часот, пијанистот Дино Имери и диригентката Дијана Имери Илкоска, ќе одржат концерт на кој ќе бидат изведени дела што ја отсликуваат македонската и шпанската музичка култура. Заедно со македонските реномирани уметници, …

Концерт со Дино Имери по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Шпанија и  Македонија Read More »

Редовно изборно Собрание на ДПМ на 1 јуни, петмина кандидати за претседател


 Редовното изборно Собрание на Друштвото на писателите на Македонија е закажано за 1 јуни во 11 часот, кога писателите ќе изберат нов Статут, претседател, Управен одбор и Суд на честа. Како што соопштуваат од ДПМ, за функцијата претседател на ДПМ во предвидениот рок, кандидатури доставиле петмина членови:  Живко Грозданоски, Весна Дамчевска Илиевска, Јордан Ѓорчев, Мирче …

Редовно изборно Собрание на ДПМ на 1 јуни, петмина кандидати за претседател Read More »

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст


Црвениот крст на Град Скопје го одликувааше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ со Оскар на хуманоста во категоријата Премиум партнер, како континуиран поддржувач на хуманата мисија која ја спроведува оваа организација во земјава веќе 8 децении. „Со особено задоволство, во рамките на манифестацијата ’Оскар на хуманоста’, му ја доделуваме наградата ’Премиум партнер’ …

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст Read More »

Ѓоковиќ од вечерва почнува да ја брани титулата на Ролан Гарос


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва ќе игра против Французинот Пјер-Хјуг Хербер во првото коло на Ролан Гарос. Овој дуел е планиран во вечерниот дел од програмата на теренот „Филип Шатрије“, а нема да започне пред 20 часот и 15 минути. Ербер моментално е 142. тенисер во светот, а во кариерата само еднаш играше против …

Ѓоковиќ од вечерва почнува да ја брани титулата на Ролан Гарос Read More »

Од Копров до Ристеска – македонски автори и учесници на првиот регионален фестивал во Тиват


Објавени се имињата на финалистите на првиот фестивал на РМФ „Бисер на Јадранот“. Од Македонија учествуваат Мартинијан Кириловски и Ана Петан.Меѓу авторите се Елена Ристеска, Ненад Тодоровски (за песната на Мартинијан Кириловски – Змеј), Григор Копров и Стефан Петановски (за песната на Ана Петан „Љубовта секогаш победува“).    Изборната комисија на фестивалот ја сочинуваат: Слободан …

Од Копров до Ристеска – македонски автори и учесници на првиот регионален фестивал во Тиват Read More »

Кинотеката во јуни се сели на отворено во летното кино „Мирно лето“


Во јуни, месецот на липите, Кинотеката подготвува кино – програма, со, како што најавува, опојни квалитети. Во овој прв месец на летото, вообичаено проекциите се селат на отворено во летното кино „Мирно лето“. Во програмскиот центар се пробија неколку содржини – проекции на филмови со музички сензибилитет, веќе редовниот Филозофски филмски фестивал, ревија на португалскиот филм …

Кинотеката во јуни се сели на отворено во летното кино „Мирно лето“ Read More »

Најстудено утрово во Лазарополе


Утрово најниска температура од 3 степени Целзиусови е измерена во Лазарополе. Следат Берово со 4 степени, 6 во Маврови Анови, 7 Битола, Крива Паланка, Попова Шапка, 8 во Тетово, Охрид и Претор, 9 во Скопје кај Петровец, Струмица, Прилеп и во Крушево, 10 во Дебар, Куманово, Штип, Велес, Демир Капија, 11 во Скопје кај Зајчев …

Најстудено утрово во Лазарополе Read More »

„Црвена јабука“ со концерт на Антички во Охрид на 9 август 


После успешно продадените концерти низ Македонија и регионот, неверојатно квалитетните и легендарните „Црвена јабука“ доаѓаат во Охрид, каде што ќе одржат ексклузивен концерт под отворено небо, на 9 август, на најубавата локација за оваа пригода, а тоа е Античкиот театар во Охрид. После којзнае колку време Жера со својот бенд се враќа во Охрид, а …

„Црвена јабука“ со концерт на Антички во Охрид на 9 август  Read More »

Камерната опера „Свадба“ на 52. „Мајски оперски вечери“


На сцената на НОБ вечер во 20 часот во рамките на 52. издание на „Мајски оперски вечери“ ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ под диригентската палка на Јелена Шасник, во режија на Андреј Јус. Сценографијата е на Јаро Јеше, костимографијата на Маја Сотошек, а во главните …

Камерната опера „Свадба“ на 52. „Мајски оперски вечери“ Read More »

Изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ во МСУ


Во Музејот на современата уметност – Скопје (МСУ) вечер во 20 часот ќе биде отворена интернационалната изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“, организирана oд Институтот за меѓународни односи во културата (ИФА) и МСУ-Скопје, а курирана од Сузан Вајс, Инка Гресел и Јованка Попова.  На изложбата ќе бидат изложени дела од: Ула вон …

Изложба „Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ во МСУ Read More »

Дел од Ѓорче Петров и Шуто Оризари без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од скопските општини Ѓорче Петров и Шуто Оризари, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Воин Драшковиќ“ во Општина Ѓорче Петров. Во периодот од 09:00 до 15:00 часот …

Дел од Ѓорче Петров и Шуто Оризари без струја Read More »

Сончево, попладне со услови за краткотраен пороен дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен правец. Попладне, особено во западните и крајните источни делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а …

Сончево, попладне со услови за краткотраен пороен дожд Read More »

Астрономски календар


Денеска е вторник, 28 мај 2024 година, 149-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 217 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 20 часот. Денов трае 14 часа и 57 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее во 6 минути по …

Астрономски календар Read More »

Касами: Вреди добива претседател на Собранието, пет министерства, плус министер без ресор


Имаме начелен договор за распределба на ресорите во првиот и вториот ешалон во следниот владин состав, но не можам да зборувам за имиња, истакна Биљал Касами од коалицијата „Вреди“. – Генерално, од почеток на разговорите, има добар амбиент во делот на распределба на одговорностите, во делот на хармонизација на програмата. Така што, во фазата во …

Касами: Вреди добива претседател на Собранието, пет министерства, плус министер без ресор Read More »