Во Москва втор ден по ред е соборен температурниот рекорд


Москва – Во Москва денеска е соборен температурниот рекорд за 3 јули, поставен пред 107 години, бидејќи се измерени 32,5 степени. -Температурата во Москва достигна 32,5 степени, што е за 0,3 степени повисока од претходниот рекорд, кој беше во 1917 година, односно, пред 107 години, изјави Роман Вилфанд, научен директор на Хидрометеоролошкиот центар на Русија. Тој …

Во Москва втор ден по ред е соборен температурниот рекорд Read More »

Камала Харис најприфатлива замена за Бајден


Вашингтон – Потпретседателката на САД, Камала Харис е првата алтернатива за замена на американскиот претседател Џо Бајден, доколку тој одлучи да ја прекине кампањата за негов реизбор, објавија американски медиуми повикувајќи се на седум извори од кампањата на Бајден, Белата куќа и Демократскиот национален комитет. Неодамнешниот телевизиски дуел на Бајден со републиканскиот ривал Доналд Трамп предизвика …

Камала Харис најприфатлива замена за Бајден Read More »

Калас ќе се соочи со тешки задачи за решавање на косовското прашање


Талин – Естонската политичарка Каја Калас ќе се соочи со тешки задачи во продолжението на преговорите за решавање на косовското прашање кога наесен ќе го замени Шпанецот Жозеп Борел како висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, наведуваат соговорниците од „Јуропиан Вестерн Балкан“ (ЕВБ). Се очекува Калас да ги води разговорите во Брисел …

Калас ќе се соочи со тешки задачи за решавање на косовското прашање Read More »

„Танец“ ќе ја збогати летната програма во Охрид, Прилеп и во Галичник


Македонскиот фолклорен ансамбл „Танец“ оваа година прослававува 75 години од неговото постоење. Од почетокот на оваа година, фолклорниот ансамбл настапува под мотото „75 години Македонски код“. Покрај големите жештини кои го опфатија месец јули, неизбежно е разладување во ноќниот период, па тука ТАНЕЦ ќе се вклучи со голем број настапи.  Вечерва во Охрид во 20.30 …

„Танец“ ќе ја збогати летната програма во Охрид, Прилеп и во Галичник Read More »

Поранешен светски шампион во скок во височина пронајден мртов, бил застрелан


Кејптаун  – Јужноафриканската полиција го откри телото на поранешниот светски шампион во скок во височина Жак Фрајтаг, откако тој исчезна минатиот месец, објавија локалните медиуми во средата. Извештаите велат дека 42-годишниот, кој ја освои светската титула во 2003 година во Париз и се натпреваруваше на Олимпијадата во 2004 година, бил застрелан. Неговото семејство одби да …

Поранешен светски шампион во скок во височина пронајден мртов, бил застрелан Read More »

Концерт „Најдоброто од Копров” со специјални гости на Скопско лето


Концертот  „Најдоброто од Копров “ со Ана Петановска,  ќе се одржи утре вечер-  04.07.2024г. (четврток) во 20:30 часот во Националната опера и балет.  Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови компонирани од Григор Копров како што се Лиду ду, Остани во мене, Не зори зоро, Не допирај ме, Твоите бакнежи на моите бели кошули, Анушка и многу други. …

Концерт „Најдоброто од Копров” со специјални гости на Скопско лето Read More »

Грејс Џонс пристига на 5 јули – ќе остане во Скопје три дена


Скопје и цела Македонија со нетрпение го очекуваат концертот на Грејс Џонс (75) на Стадионот на АРМ на 6 јули, кој организаторот „Авалон“ го најавува како 90- минутен музички и визуелен спектакл. Пејачката, актерка и манекенка од Јамајка ќе настапи во рамките на музичкиот фестивал „Скопје колинг“, а фотографирањето ќе биде дозволено само на првите …

Грејс Џонс пристига на 5 јули – ќе остане во Скопје три дена Read More »

Турскиот херој може да остане без четвртфинале: УЕФА отвори истрага за славењето на Демирал


Мерих Демирал прерасна во апсолутен турски херој со двата гола кои ги постигна против Австрија, погодоци кои ја однесоа неговата селекција во четвртфиналето на Европското првенство. Стоперот направи главна разлика во шеснаесетникот и со својата снаодливост беше нерешлива енигма за Австријците, но неполни 24 часа по крајот на мечот, пристигна вест која нималку нема да …

Турскиот херој може да остане без четвртфинале: УЕФА отвори истрага за славењето на Демирал Read More »

Полска во фокусот на Скопје Синема Сити


Во рамките на програмата на фестивалот Скопје Синема Сити, вечерва со почеток од 20.15 часот ќе бидат прикажани два музички документарни филмови од полскиот музички новинар и режисер Грегор Брзозович. Оваа програма е дел целината „Земја во фокус“ и е реализирана во соработката со амбасадата на Полска. Авторот Брзозович е гостин на фестивалот и по …

Полска во фокусот на Скопје Синема Сити Read More »

МСУ стана член на балканската мрежа на музеи


Музејот на Современа уметност МСУ – Скопје, стана член на балканската мрежа на музеи каде членуваат околу 100 музеи од Балканот, бројни граѓански организации и 200-тина индивидуалци од културниот сектор. Мисија на БМН е фокусирана кон музеите на Балканот и подразбира поддршка и развој на креативни лидери во музеите, застапување на социјално одговорни музеи, кои …

МСУ стана член на балканската мрежа на музеи Read More »

И утре посвежо со локален пороен дожд, од петок температурата во пораст


И утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со локален пороен дожд, а од петок следува период на сончево време со мала до умерена олокална облачност, најавува УХМР. Дневната температура ќе биде во пораст, а особено топло ќе биде во недела и во првите денови од идната седмица.

Која е Зара Тиндал, наскоро новата принцеза во кралското семејство?


Внуката на британскиот крал Чарлс, 43-годишната Зара Тиндал, деновиве е во фокусот на јавноста откако кралот откри дека сака таа да ја преземе титулата принцеза и активен член на кралското семејство. Двајцата се многу блиски и според судски извор таа наскоро би можела да биде крунисана за принцеза и Чарлс смета дека одамна требало да …

Која е Зара Тиндал, наскоро новата принцеза во кралското семејство? Read More »

Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан Кочоски и Стефана Димитрова годинешните зет и невеста


 Шеесет и првото издание на Галичка свадба ќе се одржи следниот викенд, од 12 до 14 јули. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, додека зетот е Даријан Кочоски. Како што објавија од МЗ Галичник, двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во Галичката свадба.  -Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор …

Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан Кочоски и Стефана Димитрова годинешните зет и невеста Read More »

За наградата „Пегаз“ ќе се натпреваруваат 56 ракописи


На шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, пристигнаа 56 ракописи. Конкурсот, кој е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, беше отворен до 1 јули 2024 година. Во периодот што следува, пристигнатите ракописи ќе ги оценува тричлена жири-комисија, сочинета …

За наградата „Пегаз“ ќе се натпреваруваат 56 ракописи Read More »

Семинар за изучување на народните инструменти и песни на 50. Фестивал „Пеце Атанасовски“  


Во рамките на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој годинава одбележува јубилеј, 50 години постоење, денеска почнува Семинарот за изучување на народните инструменти и песни. Годинава учесници се 12 млади вљубеници во изворниот мелос, а предавачи на Семинарот се професор д-р Родна Величковска, која е и уметнички директор на Фестивалот, професор д-р …

Семинар за изучување на народните инструменти и песни на 50. Фестивал „Пеце Атанасовски“   Read More »

Четириесет и три преводи годинава во конкуренција за наградата „Драги“


 До крајниот рок за доставување на номинациите – 1 јули, пристигнаа рекордни 43 дела во превод на македонски јазик, како во печатен така и во електронски формат. Во конкуренција за наградата „Драги“ се 40 преведувачи, што е повеќе од минатата година. Книгите се објавени од 18 издавачки куќи или поединци, а преводите се направени од …

Четириесет и три преводи годинава во конкуренција за наградата „Драги“ Read More »

Владо Калембер, и питач и крал во новата песна што ја потпишуваат Копров, Драгиќ и Дојчиновски


  Може ли разделба да биде достоинствена, без навреди, обвинувања и лоша мисла? Кога ќе ја слушнете „У љубави смо краљеви и просјаци“, новата песна на Владо Калембер што ја потпишуваат: Григор Копров (музика), Саша Драгиќ (текст), Владимир Дојчиновски (аранжман), ќе останете без здив. Па и да имавте и најмала љубовна рана, ќе зацелите бидејќи …

Владо Калембер, и питач и крал во новата песна што ја потпишуваат Копров, Драгиќ и Дојчиновски Read More »

Коце Трајановски назначен за нов директор на Државни патишта


Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски е назначен за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Одлуката вчера била потврдена од страна на Управниот одбор на ЈПДП. Тој доаѓа на функцијата на местото на Ејуп Рустеми. Вчера беа назначени Сашо Клековски за директор на Фондот за здравствено осигурување, Александар Пандов за директор на Управата …

Коце Трајановски назначен за нов директор на Државни патишта Read More »

Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024


Берлин – На Европското првенство во фудбал завршија сите натпревари од осминафиналето по што се формираа двојките за четврфиналната фаза. Во четвртфиналето, домаќинот на првенството Германија ќе игра против Шпанија, Португалија ќе се соочи со Франција, Холандија со Турција, а Англија со Швајцарија. Двојки и термини за 1/4финалето:  Шпанија – Германија (5 јули, 18 часот) …

Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024 Read More »

Бела куќа: За Бајден не е неопходен когнитивен тест


Вашингтон – Белата куќа соопшти дека не е неопходен когнитивен тест за американскиот претседател Џо Бајден, наведувајќи дека тој се уште може да биде кандидат за реизбор на оваа функција. Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, на прес-конференција рече дека нема апсолутно ништо скриено за здравјето на Бајден, објави Си-Ен-Ен. Жан-Пјер, сепак, призна дека Бајден „немал …

Бела куќа: За Бајден не е неопходен когнитивен тест Read More »