Нов Зеланд ќе вложи 12 милијарди долари во одбраната: Далечината веќе не ни е заштита


Велингтон – Владата на Нов Зеланд најави инвестиција од 12 милијарди долари (10,92 милијарди евра) во следните четири години во „модерни, борбено способни“ Новозеландски одбранбени сили (НЗДФ), информира Радио Нов Зеланд. Планот предвидува зголемување на трошоците за одбрана на Нов Зеланд од нешто повеќе од еден процент од БДП на повеќе од два проценти во …

Нов Зеланд ќе вложи 12 милијарди долари во одбраната: Далечината веќе не ни е заштита Read More »

Крушево се разбуди под 24 сантиметри снег


На Попова Шапка утрово е -12 степени, а во Крушево има 24 сантиметри снег, информира УХМР. Висината на снежната покривка е 22 сантиметра во Битола, 18 во Охрид, 14 во Маврови Анови, 12 на Попова Шапка, 7 во Претор, 5 во Тетово, 4 во Берово и 1 сантиметар во Прилеп. До 08:30 часот се измерени …

Крушево се разбуди под 24 сантиметри снег Read More »

Цената на биткоинот нагло падна


Њујорк– Цената на биткоинот во неделата навечер падна под 79.000 долари додека инвеститорите се подготвуваат за продолжување на нестабилноста на глобалните финансиски пазари оваа недела, откако берзите го претрпеа најголемиот пад од 2020 година минатата недела поради американските царини за стоки од остатокот од светот. Според Coin Metrics, цената на биткоинот падна за четири отсто, …

Цената на биткоинот нагло падна Read More »

Акман: Се движиме кон економска нуклеарна зима


Вашингтон – Менаџерот на хеџ фондот „Першинг Сквер“ Бил Акман предупреди дека царините на Трамп би можеле да го доведат светот во „економска нуклеарна зима“ и повика на 90-дневна пауза на царините. Акман, кој е еден од најистакнатите поддржувачи на Трамп на Вол Стрит, во долга објава на Х предупреди дека претседателот ја губи довербата …

Акман: Се движиме кон економска нуклеарна зима Read More »

Тетовец загина во сообраќајка кај Скудриње, сопатничката тешко повредена


Едно лице загина, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи близу долнореканското село Скудриње. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир  Реџепи, информираше дека вчера околу 18 часот во Полициско одделение Ростуше била пријавена сообраќајна несреќа на регионален пат Маврово – Дебар, кај месноста Скудрински мост.   -Патничко возило „Ланд Ровер” со тетовски …

Тетовец загина во сообраќајка кај Скудриње, сопатничката тешко повредена Read More »

Кошаркарскиот тим на САД во „Куќата на славните“ на кошарката


Лос Анџелес – Кошаркарскиот тим на САД, кој го освои златото на Олимпијадата во 2008 година, ќе биде примен во „Куќата на славните“ на кошарката, објави „Баскет њуз“. Во составот на тогашната американска репрезентација беа: Коби Брајант, Двајт Хауард, Крис Бош, Двејн Вејд, Тејшаун Принс, Кармело Ентони, Мајкл Ред, Дерон Вилијамс, Карлос Бузер, Џејсон Кид, …

Кошаркарскиот тим на САД во „Куќата на славните“ на кошарката Read More »

Дали Трамп ќе ги повлече американските војници од Германија?


Според податоците од СAД, околу 37.000 американски војници во моментов се стационирани во Германија во неколку десетици бази. Повеќето од нив се во базата Рамштајн и неговата околина. Тоа е најголемата американска воена заедница надвор од САД. Покрај тоа, околу 12.000 германски цивили работат за американската војска низ цела Германија, исто така најголем дел во …

Дали Трамп ќе ги повлече американските војници од Германија? Read More »

Сообраќајот по претежно влажни коловози, со остатоци од кашаст снег во повисоките делови


Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонија пат, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска …

Сообраќајот по претежно влажни коловози, со остатоци од кашаст снег во повисоките делови Read More »

Кралот и кралицата на Британија во државна посета на Италија


Лондон – Британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила денеска ќе ја почнат четиридневната државна посета на Италија, каде ќе ги прослават врските на Обединетото Кралство со европската нација. Како што пренесе ДПА, тие ќе го посетат Рим и градот Равена, користејќи ја дипломатијата на „меката моќ“ на монархијата за зајакнување на односите на Британија …

Кралот и кралицата на Британија во државна посета на Италија Read More »

Крос-трка на деца од скопските градинки по повод Меѓународната недела на здравјето


По четврти пат оваа година ЈУ Детски културен центар „Карпош“ ја организира крос – трката по повод Меѓународната недела на здравјето, информираат од установата. – Во оваа спортска манифестација учествуваат дечиња од градинките од градот и околината. Трката ќе се одржи на тартан патеката во Градскиот парк со почеток во 11 часот. Трката ќе се …

Крос-трка на деца од скопските градинки по повод Меѓународната недела на здравјето Read More »

Промоција на преводот на македонски јазик на романот „Пронајденото време“ од Марсел Пруст


На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денеска напладне ќе се одржи промоција на преводот на македонски јазик на романот „Пронајденото време“ том 2, последната книга од циклусот „Во потрага по загубеното време“ од Марсел Пруст. Преводот на македонски јазик е на проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ, а во издание на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“. Промотори ќе …

Промоција на преводот на македонски јазик на романот „Пронајденото време“ од Марсел Пруст Read More »

СЗО: Една жена умира на секои две минути за време на бременост или породување


Женева – Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН. Во извештајот, објавен денеска, се вели дека тоа изнесува околу 260.000 жени на глобално ниво. Смртта на мајките помеѓу 2000 и 2023 …

СЗО: Една жена умира на секои две минути за време на бременост или породување Read More »

„Музика и Политика” – мултимедијално предавање на поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ


Во просториите на Меѓународниот Балкански Универзитет денеска во 17 часот ќе се одржи предавање на поранешниот претседател на Република Хрватска, проф. д-р Иво Јосиповиќ, на тема „Врската помеѓу музиката и политиката“. Предавањето е организирано од Меѓународен Балкански Универзитет (МБУ), во соработка со Меѓународниот Центар Алијанса на Цивилизациите (ICAC). -Настанот претставува уникатна можност за академската заедница …

„Музика и Политика” – мултимедијално предавање на поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ Read More »

Засилен северен ветер, наместа со услови за провејување на слаб снег


 Во текот на денот ќе дува засилен северен ветер, со брзина од над 70 километри на час, а наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Како што најавуваат од УХМР, во следните денови времето ќе биде стабилно и ветровито, со температури под просекот за овој период од годината. Утринските температури на повеќе места …

Засилен северен ветер, наместа со услови за провејување на слаб снег Read More »

Промоција на тритомното издание за Кочо Рацин во МАНУ


Во амфитератарот на МАНУ денеска во 13 часот ќе се одржи промоција на тритомното издание Кочо Рацин (поезија, проза и публицистика и животописот на Рацин). Свое обраќање ќе имаат претседателот на МАНУ, Живко Попов и академик Катица Ќулавкова. Промотори на изданието ќе бидат Венко Андоновски, дописен член на МАНУ и приредувач на том 1, Искра …

Промоција на тритомното издание за Кочо Рацин во МАНУ Read More »

Грин Машинс на БРАКО на саем во Мексико Сити


Електричните машини за урбана хигиена на БРАКО беа изложени на големиот саем Експо Резидуос 2025 (Expo Residuos) кој се одржа во главниот град на Мексико од 25 до 27 март. Застапникот на Грин Машинс, мексиканската компанија Мегамил, и претставниците на фирмата-ќерка на Грин Машинс во Калифорнија, САД,  во прв план ги понудија електричните компактни машини од моделот 400ze, …

Грин Машинс на БРАКО на саем во Мексико Сити Read More »

Националните паркови и годинава ќе добијат пари од буџетот, ќе градат пристаништа и инфо центри


Четирите национални паркови во земјата и оваа година ќе добијат средства од државниот буџет. Во годишната програма за природа на Министерството за животна средина се обезбедени 20 милиони денари, или околу 325.000 евра кои ќе треба да се наменат за активности со кои ќе се унапреди нивната работата и ќе се обезбеди потребната инфраструктура за …

Националните паркови и годинава ќе добијат пари од буџетот, ќе градат пристаништа и инфо центри Read More »

Полицијата одзеде десет возила поради предизвикување голема бучава и „диви трки“ во Скопје


Одземени се десет автомобили поради основано сомнение за нивна техничка неисправност, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од таму велат дека денес во СВР Скопје било пријавено оти на булеварот „Трета македонска бригада“ се одвиваат таканаречени „диви трки“ со автомобили кои предизвикуваат голема бучава. По пријавата, полицијата ги запрела возилата и привремено ги одзела. „На …

Полицијата одзеде десет возила поради предизвикување голема бучава и „диви трки“ во Скопје Read More »

МНТ на регионална турнеја


Во рамките од одбележувањето на 80. јубилеј, од градењето и создавањето на МНТ, продолжуваме и понатаму да патуваме. Турнејата на МНТ ќе започне со најактуелните претстави од големата и малата сцена, а тоа се претставите: „12“ по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов и „Народен пратеник“ од …

МНТ на регионална турнеја Read More »

Без струја повеќе скопски општини, без вода корисници од улицата „Ванчо Мицков“


Без електрична енергија денес ќе бидат делови од општините Кисела Вода, Карпош, Бутел, Аеродром и Сопиште. Без вода ќе бидат корисниците од улицата „Ванчо Мицков“. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, денес од 08:30 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел …

Без струја повеќе скопски општини, без вода корисници од улицата „Ванчо Мицков“ Read More »