Сончево и ветровито со температура до 37 степени


Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје, слично време со минимална температура која ќе достигне до …

Сончево и ветровито со температура до 37 степени Read More »

Еврокомесарката Марта Кос во посета на земјава, денеска и утре лидерска средба ЕУ – Западен Балкан


Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска и утре ќе престојува во посета на земјава. Таа ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а ќе учествува и на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан која во следните два дена ќе се одржува во Скопје, а на која ќе се разговара за Планот за раст.  За денеска …

Еврокомесарката Марта Кос во посета на земјава, денеска и утре лидерска средба ЕУ – Западен Балкан Read More »

Данска го презема претседавањето со ЕУ со идеја за „силна Европа во светот што се менува“


Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска од утре, па до 31 декември 2025 година ќе претседава со Советот на Европската Унија, во кој период ќе работи на изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа.  – ЕУ се соочува со нов меѓународен поредок обележан со неизвесност, глобална стратешка и економска конкуренција и …

Данска го презема претседавањето со ЕУ со идеја за „силна Европа во светот што се менува“ Read More »

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 30 јуни 2025 година, 181-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 184 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина, ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Петровска до Мицкоски: Не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште, среќна нова 1949


Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на социјалните мрежи собјави дека на суд ја добил тужбата преотив пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска. Пратеничката  Петровска во краток коментар на постот на Мицкоски му порача дека спорот завршил само во едно рочиште. „Премиере, само да напоменеме, не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште. Прв меѓу …

Петровска до Мицкоски: Не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште, среќна нова 1949 Read More »

Еве која актерка ѝ беше инспирација за венчаницата на невестата Лорен Санчез


Венеција – Во услови на екстремна фанфара – и соодветно негодување – околу нејзината италијанска свадба со Џеф Безос, Санчез конечно ја откри својата долгоочекувана венчаница. Таа ги избра своите пријатели, италијанските дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана од Долче и Габана, да ја изработат венчаницата. И наместо да ги поместува границите со модерна силуета, …

Еве која актерка ѝ беше инспирација за венчаницата на невестата Лорен Санчез Read More »

Свадба на векот: Лорен Санчез и Џеф Безос се венчаа во Венеција


Венеција – Џеф Безос и Лорен Санчез се венчаа на раскошна тридневна церемонија во Венеција, која е наречена една од најочекуваните венчавки на познати личности во годината. Основачот на Амазон и поранешната телевизиска новинарка се венчаа во сабота попладне на островот Сан Џорџо Маџоре. Островот се наоѓа веднаш до Големиот канал, со поглед на историскиот …

Свадба на векот: Лорен Санчез и Џеф Безос се венчаа во Венеција Read More »

Концерт на јапонскиот оперски пејач Котецу и македонската сопранистка Васова во Филхармонија


Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, познат по својата исклучителна посветеност кон македонската музика и култура и македонската сопранистка Елена Васова вечерва ќе одржат концерт во Македонската филхармонија. На концертот „Јапонско срце бие во македонски ритам“ ќе учествуваат јапонскиот женски хор Tomoni Utao, со пијано придружба на Акико Каназава, македонскиот мешан хор Про Арс, под диригентство …

Концерт на јапонскиот оперски пејач Котецу и македонската сопранистка Васова во Филхармонија Read More »

Изложба на уметникот Тони Васиќ во Виена


Во изложбениот простор на Амбасадата на Северна Македонија во Виена од вчера е отворена самостојна изложба на цртежи на македонскиот уметник Тони Васиќ, насловена „Омеѓени приказ(н)и III”. Таа е 15-та самостојна изложба на авторот кој претходно со свои дела се претставувал во Македонија и во странство. Тони Васиќ учествувал на повеќе од 500 групни изложби …

Изложба на уметникот Тони Васиќ во Виена Read More »

Црна Гора го затвори поглавјето за јавни набавки во преговорите со ЕУ


Подгорица – Црна Гора денеска официјално го затвори поглавјето 5 – „Јавни набавки“ – во рамките на пристапните преговори со Европската Унија, со што досега се затворени вкупно седум од 33 поглавја. Министерот за финансии Новица Вуковиќ изјави дека ова е „потврда дека државата е подготвена да управува со јавните средства на транспарентен и одговорен …

Црна Гора го затвори поглавјето за јавни набавки во преговорите со ЕУ Read More »

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад


Осло– Најстариот син на норвешката принцеза Мете-Марит, Маријус Борг Хејби (28), е обвинет за силување, сексуален напад и нанесување телесни повреди. Обвинителството во Осло објави дека Хејби е опфатен со повеќе точки на обвинение по неколкумесечна истрага што вклучува двоцифрен број наводни жртви. Доказите вклучуваат СМС-пораки, сведочења и материјали прибрани при претреси. Хејби се соочува со …

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад Read More »

Скопје денеска со трета највисока температура во Европа – 41,7°C


Скопје денеска се најде на третото место меѓу најтоплите градови во Европа, каде во периодот од 14 до 15 часот се измерени 41,7 степени Целзиусови во скопското село Петровец, објави метеоролошкиот портал „Огимет“, кој собира метео податоци од целиот свет. На првото место беше турскиот град Ајдин со 42,6 степени, а на второ место Фетие, …

Скопје денеска со трета највисока температура во Европа – 41,7°C Read More »

Отворен патот на БиХ до милијарди евра од фондовите на ЕУ 


СОВЕТОТ на министри на Босна и Херцеговина денес го прифати нацрт-планот за реформи и списокот на реформи, со што се создадоа услови за пристап до милијардите евра доделени од Европската Унија на БиХ како дел од финансискиот пакет за Западен Балкан. Претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто (HDZ БиХ), преку …

Отворен патот на БиХ до милијарди евра од фондовите на ЕУ  Read More »

Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими капетанката Неда Волчева и поручничката Сара Тасевска кои успешно го завршија седуммесечниот курс „Maneuver Captain’s Career Course“во Џорџија, САД, организиран од американскиот тренинг центар „Fort Moore”. На средбата на којашто присуствуваа началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и американската амбасадорка Анџела Агелер, двете припаднички на Армијата ја запознаа …

Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД Read More »

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот


Првиот топлотен бран оваа сезона ги зафати балканските држави, носејќи рекордни температури и зголемен ризик од пожари. Метеоролозите предвидуваат дека жештините ќе завршат во текот на викендот со очекувани дождови и значително разладување, пренесува БТА. Во изминатите денови, температурите во повеќе балкански земји надминаа 40 степени Целзиусови. Во Турција, особено во Централна Анадолија и јужните …

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот Read More »

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево зафати повеќе делови од земјава


Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа појава на град попладнево зафати повеќе делови од земјава. Како што информираат од  Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) има интензивни врнежи западно од Скопје, кон Тетово и Гостивар, во регионот на Македонски Брод и Кичево, југозападно од Тополчани, како и во Кривопаланечкиот регион. Од УХМР, …

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево зафати повеќе делови од земјава Read More »

Врховниот суд пресуди во корист на Трамп во врска со одземањето на државјанството по право на раѓање


АДМИНИСТРАЦИЈАТА на американскиот претседател Доналд Трамп доби дозвола да преземе чекори за спроведување на предлогот за укинување на државјанството по право на раѓање на САД по денешната одлука на Врховниот суд, објавува Скај њуз. Според сегашните правила, речиси секој роден на американска почва автоматски станува подобен за државјанство – вообичаено наречено „државјанство по раѓање“. Сепак, …

Врховниот суд пресуди во корист на Трамп во врска со одземањето на државјанството по право на раѓање Read More »

Лорен Санчез фотографирана пред нејзината свадба, блескаше во бело


Џеф Безос и Лорен Санчез ќе се венчаат денес на церемонија на венецијанскиот остров Сан Џорџо Маџоре, каде што невестата се упати со глисер. Санчез блескаше во бел ансамбл на денот на нејзината свадба, а додатоците беа очила за сонце и бел шал, во стилот на 1960-тите.  Санчез, 55, се насмевна додека позираше за фотографите …

Лорен Санчез фотографирана пред нејзината свадба, блескаше во бело Read More »

Измама со брз кредит преку интернет: Уапсени во Велес, откриена мрежа предводена од затвореник


На 26.06.2025 во 13.05 часот во Велес полициски службеници од СВР Штип и СВР Велес ги лишиле од слобода Д.К.(65) од Штип и 46-годишната Т.К. од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“. На 25.06.2025 во 17.20 часот во СВР Штип 47-годишна жена пријавила дека од …

Измама со брз кредит преку интернет: Уапсени во Велес, откриена мрежа предводена од затвореник Read More »

Обвинение за тероризам поврзано со концерт на Тејлор Свифт во Виена


Германските власти подигнаа обвинение против млад сиријски државјанин, идентификуван како Мохамед А, поради поврзаност со терористичка организација и во врска со планираниот напад на концерт на Тејлор Свифт во Виена во август минатата година, пишува Би-би-си. Според германското обвинителство, Мохамед А, кој се смета за малолетник и не е во притвор, од април 2024 година му …

Обвинение за тероризам поврзано со концерт на Тејлор Свифт во Виена Read More »