Ливит: Шефицата на кабинетот на Трамп не му забранила на Вучиќ да дојде во Мар-а-Лаго


Белград – Српските медиуми јавија денеска дека портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ги негирала непотврдените извештаи објавени од некои медиуми дека шефицата на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Сузи Вајлс, наводно му забранила на српскиот претседател Александар Вучиќ да присуствува на настан во Мар-а-Лаго за време на посетата на Вучиќ на САД. „Шефицата на …

Ливит: Шефицата на кабинетот на Трамп не му забранила на Вучиќ да дојде во Мар-а-Лаго Read More »

Администрацијата на Трамп ќе замрзне милијарди долари грантови за Харвард


Вашингтон – Министерството за образование на САД го извести Универзитетот Харвард дека ги замрзнува милијардите долари во грантови за истражување и друга помош сè додека универзитетот не се согласи со низа барања од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, изјави висок функционер на одделот. Харвард стана цел на администрацијата поради обвинувања за антисемитизам на кампусот за …

Администрацијата на Трамп ќе замрзне милијарди долари грантови за Харвард Read More »

Од одбрана до миграција: Што носи новата владина коалиција во Германија


Новата коалиција предводена од германските конзервативци денеска ја презема функцијата  под раководна палка  на новиот канцелар Фридрих Мерц, помалку од три месеци по парламентарните избори во февруари. Партнерството – составено од Христијанските демократи (ЦДУ) на Мерц, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) само во Баварија и централно-левичарската Социјалдемократска партија (СПД) – треба да управува со Германија во следните …

Од одбрана до миграција: Што носи новата владина коалиција во Германија Read More »

Фридрих Мерц денеска треба да биде избран за нов германски канцелар


Берлин – Претседателот на Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ), Фридрих Мерц, денеска треба да биде избран во Бундестагот за нов канцелар на Германија. Се очекува пратениците да го поддржат Мерц како канцелар на гласањето во Долниот дом на парламентот, откако неговите конзервативци од СДУ/ЦСУ, кои победија на федералните избори во февруари, постигнаа коалициски договор со …

Фридрих Мерц денеска треба да биде избран за нов германски канцелар Read More »

Се преговара за авиолинија од Будимпешта до Охрид


 Преговараме со „Виз ер“ да ја отвори линијата Будимешта -Охрид. Сметаме дека таа е поатрактивна бидејќи охридското крајбрежје има што да понуди за туристите. Во меѓувреме развиваме нов модел на привлекување на нови авиолинии и сметаме дека тој модел ќе донесе најмалку десет, а потенцијaлно и дваесет нови дестинации, истакна вицепремиерот и министер за транспорт …

Се преговара за авиолинија од Будимпешта до Охрид Read More »

Масовен напад со дронови врз Москва, затворени аеродромите


Москва– Сите четири главни аеродроми во Москва се привремено затворени од безбедносни причини, соопшти руската агенција за воздухопловство „Росавијатија“ на Телеграм. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави на социјалните мрежи дека најмалку 19 украински дронови биле уништени пред да стигнат до градот, „од различни насоки“. Тој рече дека делови од соборените беспилотни летала паднале на …

Масовен напад со дронови врз Москва, затворени аеродромите Read More »

Без струја делови од Скопје и околината


 Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска во периодот од 06:00 до 15:00 часот ќе бидат населба Економија, дел од Сингелиќ, објектите на главен пат за Арачиново, соопшти ЦУК. Струја од 09:00 до 11:00 часот ќе немаат и корисниците на булевар АСНОМ во околината на ОУ „Лазо Ангелевски“ и „Февруарски поход“ во …

Без струја делови од Скопје и околината Read More »

Меѓународна научна конференција по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик


Во организација на  Катедрата за македонски јазик и Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре ќе се одржи Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – 80 години од кодификацијата“. – Шеесет научници, македонисти и слависти, од земјава и од странство заеднички …

Меѓународна научна конференција по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик Read More »

Без вода дел од Центар


 Поради изведување на водоводен приклучок, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Никола Тримпаре“, „Дебарца“ и „Борка Талевски“ во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Промоција на „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“ од Златко Крамариќ


Познатиот хрватски научник и универзитетски професор, македонистот Златко Крамариќ, вечерва, во 19 часот, ќе гостува на манифестацијата „Книга во секој дом“ во „Матица македонска“, со промоција на неговата најнова книга во превод на македонски јазик „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“. – Станува збор за книга  што проблематизира актуелни идентитетски прашања. Во изданието што …

Промоција на „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“ од Златко Крамариќ Read More »

Европарламентот воспоставува Европски орден за заслуги


Брисел – По повод 75-годишнината од објавувањето на Шумановата декларација, Европскиот парламент донесе одлука да воспостави Европски орден за заслуги, како прво европско одликување од ваков вид што го доделува институција на ЕУ.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овој орден ќе им се доделува на поединци за достигнувања кои имаат значаен придонес …

Европарламентот воспоставува Европски орден за заслуги Read More »

Земјава денеска ќе го преземе претседателството со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива


На маргините на десеттиот годишен форум на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР) што се одржува на островот Крит во рамките на грчкото претседателство, земјава денеска на свечена церемонија и официјално ќе го преземе следното претседавање со ЕУСАИР од домаќинот Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за прво претседателство откако земјата …

Земјава денеска ќе го преземе претседателството со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива Read More »

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 …

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд Read More »

Германија ќе ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно


Берлин – Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина „колку и да трае тоа“, изјави вечерва германскиот канцелар Олаф Шолц, кој утре официјално треба да се повлече од функцијата. Во својот последен телефонски разговор како канцелар, Шолц разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, потврдувајќи ја „континуираната и непоколеблива солидарност на Германија со Украина“, соопшти неговиот …

Германија ќе ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно Read More »

Студентите во Блокада во Белград бараат предвремени парламентарни избори


Белград – Студентите во блокада во Белград објавија дека бараат предвремени парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Белград. „Бараме итно распуштање на Народното собрание и распишување вонредни парламентарни избори во согласност со член 109 од Уставот на Република Србија“, објавија тие на социјалната мрежа X. Тие веруваат дека демократијата е единствениот правилен излез од …

Студентите во Блокада во Белград бараат предвремени парламентарни избори Read More »

Премиерот на Романија, Чолаку поднесе оставка


Букурешт – Премиерот на Романија, Марсел Чолаку вчера поднесе оставка, еден ден по убедливата победа на крајната десница во првиот круг од претседателските извори и поразот на кандидатот поддржан од неговата Влада. – Со оглед на резултатите од гласањето, коалицијата формирана со либералите и партијата на унгарското малцинство повеќе нема легитимитет, наведе Чолаку. Социјалдемократот Чолаку …

Премиерот на Романија, Чолаку поднесе оставка Read More »

Вучиќ бил избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет


Сараево – Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бил принуден да ги напушти САД откако се обидел под лажен идентитет да присуствува на донаторска вечера на Републиканскиот национален комитет. Според Хелез, Вучиќ, кој го најавувал своето патување како можност за средба со американскиот претседател Доналд …

Вучиќ бил избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет Read More »

„Смеј се и осмели се“: 14 претстави на програмата на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“


Девет претстави во официјална и пет во независна програма се селектирани за програмата на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе се одржи од 6 до 13 јуни. Фестивалот ќе се одржи под мотото „Смеј се и осмели се“. Уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска денеска ја објави програмата за претстојниот фестивал. Собранието на …

„Смеј се и осмели се“: 14 претстави на програмата на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ Read More »

Изложбата „Азбука“ на Сергеј Андреевски поставена во МАНУ (фото)


По повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, денес, во МАНУ , беше поставена изложбата „Азбука“ на македонскиот академски сликар Сергеј Андреевски.  „Изложбата е посветена на нашиот великан Конески. Блаже Конески е и А и Ш во нашето современо живеење. Тој ги постави темелите на современата македонска азбука. Беше близок и со моите родители. И …

Изложбата „Азбука“ на Сергеј Андреевски поставена во МАНУ (фото) Read More »

Шесто издание на Скопскиот Градски Фестивал од 13 до 19 мај


Шестото издание на Скопскиот Градски Фестивал, што ќе се одржи од 13 до 19 мај, ја продолжува својата мисија да гради културна сцена со јасна уметничка визија и интегритет, преку програма што обединува музика, книжевност и визуелна уметност, спојувајќи домашни автори и изведувачи со уметници од Словенија, Грција и Европа. – Програмата не е составувана …

Шесто издание на Скопскиот Градски Фестивал од 13 до 19 мај Read More »