Променливо облачно, попладне наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во …

Променливо облачно, попладне наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер Read More »

Астрономски календар


Денеска е четврток, 8 мај 2025 година, 127-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 238 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 21 минути, а ќе зајде во 19 часот и 40 минути. Денов трае 14 часа и 19 минути.  Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »

Црн чад од Сикстинската капела: Конклавата не избра папа при првото гласање


Рим – Црн чад се издигна од оџакот на Сикстинската капела, сигнализирајќи дека првото гласање на кардиналите, собрани во конклава за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква, заврши без резултат. Илјадници верници собрани на плоштадот „Свети Петар“ го очекуваа чадот од тесниот оџак на покривот на капелата по ден исполнет со ритуали и церемонии, додека …

Црн чад од Сикстинската капела: Конклавата не избра папа при првото гласање Read More »

„Мог живота дио“- Каролина со новата песна ќе го освојува регионот (видео)


„Авалон“ го претставува новиот проект на Каролина, песната ,,MOG ŽIVOTA DIO”, проследена со видео спот, наменета за целиот регионален маркет. Позади песната стои Дино Мухаремовиќ (музика и текст), кој е автор и на последниот сингл на Каролина, ,,Дај на сунце”, додека аранжманот е на Дино Шукало, познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор и долгогодишен …

„Мог живота дио“- Каролина со новата песна ќе го освојува регионот (видео) Read More »

Амбасада на САД го менува закажувањето за визи


Американската амбасада во земјава соопшти дека поради промена на системот за закажување за визи, апликантите нема да можат да уплаќаат, закажуваат или откажуваат термини во период од една недела во втората половина од месецов. На 30 мај 2025 година, Амбасадата на САД во Скопје ќе премине на нов систем за закажување за визи. Помеѓу 19 …

Амбасада на САД го менува закажувањето за визи Read More »

Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала


Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзалната сала и долгогодишен член и активист на Либерално-демократската партија, објавија денеска од партијата на Фејсбук. Филип Аврамчев е роден во Скопје, своето образование го стекнува во родниот град, во Оклахома, Атина и во Женева. Помеѓу кариерата во приватниот сектор, беше дел од тимот во 2013 година во Општина …

Почина Филип Аврамчев, поранешен директор на Универзална сала Read More »

Беше гениј, мудар и духовит: Естрадата се прости од Тоше Поп-Симонов (галерија)


Долг аплауз денес во киното Фросина на МКЦ , како последен поздрав за починатиот  музичар, композитор, продуцент, текстописец, аранжер и снимател  Тоше Поп-Симонов , на комеморацијата по повод неговото заминување од естрадата наречена живот, минатиот месец, на 62 години.  Симболично, на сцената каде што Тоше ги направил своите први  посериозни музички чекори и ги забележал …

Беше гениј, мудар и духовит: Естрадата се прости од Тоше Поп-Симонов (галерија) Read More »

Влези. Прочитај. процветај со „Три“ на Саемот на книгата: новитети, попусти, промоции


Овој Саем на книгата на штандот на ТРИ ќе ве пречекаат многу (новитети од) домашни автори и преводи на светски бестселери, големи попусти до 80 % и понуда од над 600 наслови. ТРИ овој Саем го посветува на домашните писатели, со кои читателите ќе имаат можност да се сретнат од 8 до 14 мај, во …

Влези. Прочитај. процветај со „Три“ на Саемот на книгата: новитети, попусти, промоции Read More »

Вучиќ отпатува за Москва


Белград – Српскиот претседател Александар Вучиќ отпатува за Москва, каде што ќе присуствува на Парадата на победата на Црвениот плоштад, јавија српски медиуми, но засега нема потврда од Кабинетот.  Кремљ вчера објави дека претседателот на Србија ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин в петок. Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков вчера изјави за …

Вучиќ отпатува за Москва Read More »

Потпишување на договор за изградба на интерконекторот кон Грција (во живо)


Денес се потпишува договор за изградба на гасодовот за интерконекција со Грција.  Македонскиот дел од гасоводот треба да биде во должина од 67 километар и да се поврзе со грчката страна каде градежните активности ги работи компанијата „Терна“. Вкупната должина на целиот гасовод е 123 километри и тој треба да се протега од Неа Месимвриа …

Потпишување на договор за изградба на интерконекторот кон Грција (во живо) Read More »

ЕК поднесе тужба против Бугарија поради неспроведување на Директивата за право на пристап до адвокат


Брисел – Европската комисија денеска одлучи да поднесе тужба против Бугарија пред Судот на правдата на Европската Унија поради несоодветно усогласување на националното законодавство со Директивата за право на пристап до адвокат и за комуникација по апсењето.  Во одлуката ЕК посочува дека во јануари 2017 година покренала прекршочна постапка против Бугарија поради нецелосно спроведување на …

ЕК поднесе тужба против Бугарија поради неспроведување на Директивата за право на пристап до адвокат Read More »

Со автобус по книги – од четврток возете се со „100“ и „200“ на Саемот на книгата


Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека од четврток ќе бидат пуштени дополнителни линии поради Меѓународниот саем на книгата што ќе се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“.  Со цел полесен пристап на посетителите во редовниот линиски превоз ќе бидат пуштени линиите „100“ и „200“ од кои едната ќе поаѓа од Ново Лисиче, а другата од …

Со автобус по книги – од четврток возете се со „100“ и „200“ на Саемот на книгата Read More »

Викендов се отвара македонскиот павилјон на 61. Венециско биенале со проектот „STRADA BRUTALISSIMA”


На 9 мај 2025 година, во изложбениот простор Арсенале – Сале д’Арми (Sale d’Armi) во Венеција, свечено ќе биде отворен Павилјонот на Република Северна Македонија во рамки на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – La Biennale di Venezia. Проектот “STRADA BRUTALISSIMA”, под кураторство на Благоја Бајковски, е авторско дело на кураторот и тимот составен од …

Викендов се отвара македонскиот павилјон на 61. Венециско биенале со проектот „STRADA BRUTALISSIMA” Read More »

Студентката Чарна Навзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот 2025 во Индија


Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Навзати (20) ќе не претставува на најпрестижниот избор на убавина-  Мис  на светот во Телангана, Индија, што почнува денес и ќе трае до 31 мај, во организација на Џулија Морли. Финалето ќе се одржи во изложбениот центар Хитекс на 31 мај, каде што актуелната Мис на …

Студентката Чарна Навзати ќе ја претставува Македонија на Мис на светот 2025 во Индија Read More »

Вештачката интелигенција под лупа: тинк – тенкот И-ХИ ја отвори дебатата за етичката иднина на технологијата


Во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје се одржа првата јавна презентација на новиот тинк-тенк И-ХИ, независен истражувачко-аналитички центар кој ја става етиката и човековите права во сржта на дебатата за вештачката интелигенција (ВИ). Настанот го одбележа објавувањето на нивниот прв позициски документ, симболично насловен „ВИ – Меч со две сечила“. Примената на ВИ веќе функционира …

Вештачката интелигенција под лупа: тинк – тенкот И-ХИ ја отвори дебатата за етичката иднина на технологијата Read More »

„Културата и траумата… од Златко Крамариќ треба секој да ја прочита, вели Весна Мојсова-Чепишевска


Академици, универзитетски професори, домашни и странски дипломати, политичари, истражувачи, писатели, музичари, ликовни уметници, лекари, актери, книжевни преведувачи – сите заедно ја исполнија книжарницата на „Матица македонска“ на промоцијата на книгата „Културата и траумата: Писмо до бугарскиот пријател“ од познатиот хрватски научник, универзитетски професор и дипломат, Златко Крамариќ. На моменти, книжарницата беше и мала за сите …

„Културата и траумата… од Златко Крамариќ треба секој да ја прочита, вели Весна Мојсова-Чепишевска Read More »

Зои Салдања испрати моќна порака со тоалетата на Мет Гала 2025


Њујорк– Зои Салдања не е непозната на Мет Гала. Всушност, оваа година е нејзин осми пат да се искачува на скалите на најважната модна ноќ во светот, со хуманитарен карактер – и, како искусен ветеран, Салдања одлучи да измеша различни силуети и нијанси на сива боја за да ја отелотвори најновата тема. За годинешниот гала …

Зои Салдања испрати моќна порака со тоалетата на Мет Гала 2025 Read More »

Промоција на грчкото издание на „Столб што пее“ од Томислав Османли на Саемот на книгата во Солун


Првиот ден од маѓународниот 21. Саем на книгата во Солун, на 8 мај, ќе биде промовиран романот „Столб што пее“  од македонскиот писател Томислав Османли. Под насловот (“Η Αρμονική Στήλη”) во превод на Д-р Ставрула Маврогени на грчки јазик, македонскиот роман беше објавен пред неколку месеци од страна на солунското книгоиздателство „Literatus“, по избор на директорот и главен уредник, антологичарот …

Промоција на грчкото издание на „Столб што пее“ од Томислав Османли на Саемот на книгата во Солун Read More »

„Што ни значи нам јазикот?“ – претставување на новите членови на ДПМ на 8 мај


По повод јубилејот Осум децении од кодификацијата на стандардниот македонски јазик, овој четврток, 8.5.2025 г. во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија, под насловот „Што ни значи нам јазикот?“ ќе се одржи средба со новите членови на ДПМ: Искра Донева, Милчо Мисоски, Митко Гогов, Хана Корнети, Симона Јованоска, Атанас Бојаровски, Лулзим Хазири и Драгана …

„Што ни значи нам јазикот?“ – претставување на новите членови на ДПМ на 8 мај Read More »

Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската


Вашингтон– Американскиот Врховен суд ѝ одобри на администрацијата на Доналд Трамп да спроведе забрана за трансродови лица да служат во војска, една од низата мерки на републиканскиот претседател со кои се ограничуваат правата на трансродовите лица. Во одлука која би можела да доведе до отпуштање на илјадници припадници на воениот персонал, судот го одобри барањето …

Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската Read More »