Средба Заев-Мицкоски, ќе разговараат за претседателските избори и реформските закони


Премиерот и лидер на СДСМ вечерва во 20 часот во Владата на Република Северна Македонија ќе оствари средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата, како што најави Заев, ќе бидат теми за разговор на средбата. Според Заев, за оваа средба нема потреба од […]

Граѓаните сè уште го сакаат традиционалниот начин на плаќање во кеш


Македонските граѓани сè уште традиционално сакаат да плаќаат во кеш. Новите електронски плаќања, преку интернет, користејќи го компјутерот или мобилниот телефон, иако нудат предности, сè уште не се многу прифатливи. Последните податоци на Народната банка за септември 2018 година покажуваат дека од вкупниот број трансакции реализирани со кредитни трансфери или приближно пет милиони, во хартиена форма се реализирани 2.896.599 […]

Сончево, со слаб умерен ветер


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 15 до 24 степени. Во Скопје слично време, сончево сончево со мала до умерена облачност и […]

Прочка – празник за проштевање и очистување од гревовите


Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите … се остатоци од претхристијанските пролетни забави. Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански […]

(Видео) Емотивен спот на Тамара за Евросонг 2019: Жената во фокусот


Актерки, манекенки и  дами од културата се дел од евровизискиот спот на Тамара Тодевска за песната  „Горда’ (Proud), кој се промовираше во петокот вечерта на МТВ кој е носител на лиценцата за избор на песна за Евровизија. Тамара симболично го избра Осми март за промоција на спотот и избра повеќе силни жени, нејзини пријателки и […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Од вас се бара прецизност: ова е убав период во кој завршувате една фаза и започнувате нова. Планетите во Риби ве тераат да размислите за мотивите на некои поединци и на тој начин ја гушите спонтаноста. Фокусирајте се на она што треба да го комплетирате и надминете ја стагнацијата, ослободувајќи се од минатото. Практичност. БИК: Ослободени, […]

Весна Бејби-Петрушевска за „Независен“: Бегам од брак, но не од љубов


Весна Бејби-Петрушевска (48), актерка, омилен лик од македонската естрада која сите ги сака и ги гушка. Спонтана, директна, без влакна на јазикот, ќе ти каже сè во лице, но ако треба и ќе те утеши со зборовите: Маме, сè ќе биде во ред. На 13 март, на матичната сцена во Македонскиот народен театар, нè кани […]

Тамара на Евросонг ќе настапува под името Северна Македонија


ЕБУ официјално потврди дека македонската претставничка Тамара Тодевска ќе настапи под името Северна Македонија на претстојниот Евросонг во Тел Авив во мај. Во известувањето се додава и дека на сите места, како што е делот со информацијата за Македонската телевизија, на пример, досегашната референца „ПЈР Македонија“ ќе биде заменета со Северна Македонија. Како звучи темата […]

20. Виенски бал во Скопје: Валцери на Штраус и на македонски евергрини


На 16 март, во хотелот „Александар палас“ е закажан јубилејниот, 20. Виенски бал, во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и покровителот на оваа уметничка манифестација – Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија. И оваа година Виенскиот бал има хуманитарна димензија. Оваа манифестација ја промовира човековата добрина, па секој гостин на Балот […]

Блумберг: Путин се залага за руски интернет


Русија- Рускиот претседател Владимир Путин го поддржува предлог-законот наречен „Суверен интернет“, со кој би се поставиле темелите на руски интернет, односно целокупниот сообраќај во рускиот кибер простор би бил контролиран од главен контролен центар, објави Блумберг. На тој начин би можеле да се блокираат или цензурираат „непослушните“ корисници на интернет, но и да се врши надзор […]

Кралски стил: Кејт или Меган?


Англија-Во Бакингемската палата кралицата Елизабета вчера организирала свечен прием во чест на 50-годишнината од службата на принц Чарлс во Велс. Она што најмногу ги интересирало сите секако биле најпознатите јатрви во светот: војвотките Кејт Мидлтон и Меган Маркл, кои конечно биле фотографирани на исто место. И Кејт и Меган дошле на примерот во придружба на […]

Јапонскиот архитект Арата Исозаки е годинешен лауреат на Прицкеровата награда


Франција- Јапонскиот архитект Арата Исозаки е годинешниот лауреат на најпрестижната награда во архитектурата, Прицкер. Исозаки се смета за највлијателен повоениот архитект на Јапонија. Тој е 46-тиот добитник на Прицкер, а осмиот јапонски архитект кој ја добива оваа чест. Жирито на Прицкер го опиша како “разновиден, влијателен и вистински меѓународен архитект”. Роден е 1931 година во […]

Туск: Проширувањето на ЕУ е приоритет


Белгија – Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека политиката на проширување на ЕУ е приоритет, не само кога е Црна Гора во прашање, туку за целиот регион. По средбата со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, Туск истакна дека протестите во таа земја не се проблем, туку се нормални и типични за секое демократско општество. Ѓукановиќ […]

Сончево, со слаб умерен ветер


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 12 до 23 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена обланост и со слаб до умерен ветер од […]

Комеморација на ДПМ за писателот Ристо Ѓ. Јачев


Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе одржи  комеморација за писателот и преведувач Ристо Ѓ. Јачев (1942-2019). Спомени за него и осврти на неговото книжевно творештво  ќе искажат писателите Петко Дабески, Бранко Цветкоски, Весна Мојсова-Чепишевска, Владимир Мартиновски и Иван Антоновски, а ќе бидат прочитани и избрани стихови од поезијата на Јачев. Поетот, раскажувач, романсиер, […]

Османи во посета на Кралството Шпанија


Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија. Во рамки на посетата, тој ќе се сретне со министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Кралството Шпанија, Луис Марко Агуириано Налда, кој ја претставува земјата во Европската Унија. На средбата, како што информираат […]

Дебата „Борба, не кафана“ за суштината на празнувањето на 8 Март


Во Скопје денеска ќе се одржи предосмомартовска панел дискусија „Борба, не кафана“ на која ќе се дебатира за суштината на празнувањето на 8 Март. – Темата е посветена на потребата од борба, а не на пригодно одбележување на Денот на правата на жените, во општество каде и покрај развојот и свеста на луѓето, жените, за жал, […]

Изложба за жената со дела од колекцијата на НГМ


Во пресрет на 8 Март, во Чифте амам вечер од 20 часот ќе биде отворена тематска изложба „За неа“ со околу 70 дела инспирирани од жената, кои Националната галерија на Македонија (НГМ) ги има во својата колекција. Жената како мотив ја има во творештвото на повеќе уметници застапени во збирката на НГМ: Лазар Личеноски, Никола […]

Во Кривичен рочиште за предметот „Талир“ на СЈО


Во Кривичниот суд денеска треба да почне судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство, што се однесува за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Во овој случај ообвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Месечината ситуирана во Риби го варди вашиот грб, додека Уран во Бик кажува дека сега сте спремни да се отворите повеќе, но не откако добро ќе размислите. Од вас зрачи витална енергија и ќе успеете да направите неколку контакти, без да се истрошите. Ве движи желба за промени и ќе ги ревидирате своите методи со […]