Сончево со мала облачност и температура до 24 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од нула до 7 степени, а дневната температура од 16 до 24 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со утринска температура до 4 степени, а […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Расположени и љубопитни, денес ќе откриете многу нови работи за себе: можеби сте премногу чувствителни и тоа е изненадување за вас. Ако ги притиснете саканите повеќе отколку што треба, ќе се сочите со аргументи и раскинувања. Воздржете се малку и покажете дека знаете подобро. Компромис. БИК: Влегувате во една мистериозна фаза, каде што ќе […]

Заради обврски: Сценаристите Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс ја напуштија „Војна на ѕвездите“


САД– Сценаристите Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс се разделија од Lucas Arts на Дизни. Двојката се оддалечи од нивното жестоко очекувано партнерство со медиумскиот гигант, година ипол откако беше објавено дека тие ќе бидат одговорни за започнување на следната трилогија во сагата „Војна на ѕвездите“. Бениоф и Вајс требаше да започнат со развивање на следното […]

„Охридско лето“ организира работилница посветена на македонската музика


Во организација на Националната установа „Охридско лето“ утре во црквата „Света Софија“ во Охрид во 19 часот ќе се одржи работилница под наслов „Ритамот – Движењето, Музиката – Дишењето“ . Работилницата ќе ја одржи познатиот музичар и композитор Оливер Јосифовски, основач на групата „Љубојна“ заедно со пијанистот Филип Димишковски, Тимко Чичаковски на канон и Демир […]

Лицата со бенифициран стаж да изберат дали ќе членуваат во задолжителните пензиски фондови


Членовите на задолжителните пензиски фондови со бенифициран стаж имаат право до 30 следниот месец да изберат дали ќе го продолжат членството во тие фондови или пак парите ќе им бидат префрлени во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување. Согласно со законските измени од 2 септември годинава членовите на задолжителните пензиски фондови кои веќе стекнале стаж […]

МНТ со „Еден месец на село“ на Маџели ќе гостува во Подгорица


Македонскиот народен театар со претставата „Еден месец на село“ кое е дело од врвниот книжевен опус на рускиот автор Иван Сергеевич Тургењев, а во режија на славниот италијански режисер Паоло Маџели, на 1 ноември 2019 г.  ќе гостува на сцената на Црногорско народно позориште, Подгорица, Р. Црна Гора.  „Еден месец на село“ ќе биде изведена […]

Изложба на неизложени слики на Сергеј Андреевски во МАНУ


В четврток, во 20 часот, во Ликовниот салон на МАНУ, свечено ќе биде отворена изложбата „Неизложени слики“ на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски. Како што впрочем најавува и самиот наслов, на изложбата ќе бидат поставени слики, до сега неизложени пред љубителите на ликовната уметност во земјава. Дел од сликите од циклусите „Цвеќулиња“, „Кучињата лаат“, „Коњи“, […]

Папа Франциск: Тајниот архив на Ватикан веќе не е толку таен, стана Апостолски архив


Италија – Папата Франциск преку апостолско писмо соопшти дека направил промена во именувањето на Тајниот ватикански архив, за да се избегнат негативните асоцијации поврзани со терминот „таен”, пренесоа американските медиуми. Отсега огромниот куп документи, ракописи и папируси официјално ќе се нарекува Ватикански апостолски архив, пренесе БТА. Во своето вчерашно апостолско писмо, што ја има силата на закон, […]

Роденденско патување без Камила: Принц Чарлс ќе ја посети Индија


Англија– Оваа есен ветува дека ќе биде зафатена за принцот Чарлс. Покрај претстојната турнеја на Нов Зеланд со неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол, наследник на британскиот престол, исто така, ќе оствари самостојна посета на Индија. На барање на британската влада, принцот Чарлс ќе отпатува во земјата на 13 и 14 ноември. Детали за посетата […]

Заев од Конте и Могерини очекува да ги чуе плановите на ЕУ за проширувањето


Премиерот Зоран Заев очекува на денешните средби во Рим со италијанскиот премиер Џузепе Конте и во Брисел со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, да добие информации и детали за тоа што се планира во ЕУ во однос на проширувањето и новата методологија што ја предлага Франција. – Очекувам да […]

Хит на социјалните мрежи: Анистон ја бакна Деџенерис во уста


САД- Тие две се долгогодишни пријателки, но овојпат најдоа начин да го изненадат светот и тоа ни помалку ни повеќе туку со сочен бакнеж во уста. Популарната комичарка и водителка Елен Деџенерис во своето мегапопуларно шоу ја нагости и својата долгогодишна пријателка, актерката Џенифер Анистон. Двете во емисијата зборувале на различи теми, а една од […]

Почина Садако Огата, поранешна висока комесарка на ООН за бегалци


Јапонија– Садако Огата, поранешна висока комесарка на ООН за бегалци, почина на 92-годишна возраст. Јапонската агенција за меѓународна соработка финансирана од владата, каде последен пат служеше, објави дека Огата починала на 22 октомври, но причината за смртта не е наведена.. Таа работеше како Висока комесарка на ООН за бегалци од 1991 до 2000 година за […]

Чанта „Фенди“ за мајка и ќерка: Кетрин Зита-Џонс го освојува Рим


Италија- Свежи, по заедничкото снимање за Vanity Fair Шпанија, холивудската актерка Кетрин Зита-Џонс (50) и ќерка ѝ Керис Зита- Даглас (16) повторно се здружуваат – овој пат, за кампањата на # Фенди #MeAndMyPeekaboo да ја прослават иконската чанта „Peekaboo “. Премиерно,  исклучиво за „Пипл“, фотосесијата ги следи актерката и нејзината ќерка (која ја споделува со […]

Изложба на фотографии на Роберто Брсаковски во КИЦ Софија


Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечерва ќе биде отворена изложбата „Животот во Хавана“ на Роберто Брсаковски од Скопје. На изложбата ќе бидат поставени околу четириесетина дела од фотографската уметност на Брсаковски создадени во април 2017 година за време на двонеделниот престој на авторот во Хавана, Куба. На отворањето на изложбата, авторот […]

Без напредок во преговорите за транзит на гас меѓу Русија, Украина и ЕУ


Белгија – Последната рунда преговори помеѓу Москва, Киев и Брисел за транзитот на гас кон Европа во пресрет на зимата не донесе напредок, изрази разочараност  комесарот задолжен за енергетската унија Марош Шефчович. Сегашниот договор завршува на крајот на годината и станува сѐ поитно да се постигне компромис помеѓу трите страни, иако ЕУ ја смирува јавноста дека […]

Државниот завод за статистика ги демантира изјавите на Мицкоски како неточни и лажни


Во врска со изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски, на прес-конференцијата одржана на 25.10.2019 година, дека Државниот завод за статистика фабрикува извештаи по нарачка на Владата, директорот на Државниот завод за статистика изјавува дека во целост ги отфрла и демантира изјавите и шпекулациите на г. Мицкоски како неточни и лажни. Државниот завод за […]

Најстудено во Берово, минус два, денеска температура до 26 степени


Во Берово утринава се измерени -2 степени, додека во останатите градови во државата утринските температури се сеуште над нулата. Најтопол град е Крушево каде утрово се измерени 11 степени. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи во Петровец кај Скопје, Битола, Струмица и Тетово измерени се 0 степени, 2 степени во Маврово и Демир Капија, […]

Ноќ на вештерките во Белата куќа: Меланија Трамп како Џеки О.


САД- Првата дама на САД Меланија Трамп , за Ноќта на вештерките со стилот потсеќаше на експрвата дама и стилска икона Џеки О, пишуваат американските весници. Со капут во есенски тонови, од кожен пачворк на американскиот дизајнер Мајкл Корс од 6 илјада долари, и салонки на Маноло Бланик, Меланија испиша уште една успешна модна страница. […]

Ревија „Мејд ин Маседониа: Модни брендови“ во Музејот на македонската борба


„Мејд ин Маседониа: Модни брендови“ е насловена модната ревија што ќе се одржи вечерва, во 19 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје. Настанот го организираат македонскиот велком центар „Добредојде“ и амбасадата на Велика Британија во Македонија. “Добредојде” Macedonia Welcome Centre (DMWC) која веќе 10 години работи на полето на културна дипломатија во рамките […]

Недела на современ јапонски филм во Скопје и Битола


Со играниот филм „Гласот на учителот“ во режија на Хиројуки Итаја од 2014 година, вечер од 20 часот во Кинотеката ќе биде отворена 13. „Недела на современ  јапонски филм“ во организација на Амбасадата на Јапонија. Ќе бидат прикажани четири играни и анимирани филмови од сите жанрови и за сите возрасти, снимени од 2013 до 2016 […]