Италија: Лекарите се на крај со силите, и самите заболуваат


Италија– Во италијанската болница Oglio Po, 25 од 90 лекари се заразени со новиот коронавирус, што зголемува притисок врз здравствениот систем кој веќе е преоптеретен од пандемијата. – Петтина вработени во болницата се заразени со коронавирусот, изјави шефот на болницата Даниела Ферари. Тие и здравствените работници како нив скоро сигурно го ширеле вирусот, дури и […]

СП во атлетика 2021 ќе биде одложено во случај Олимпијадата 2020 да се одложи за една година


Швајцарија– Светската атлетска асоцијација е подготвена да го одложи Мундијалот во 2021 година доколку Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги одложи Олимписките игри во 2020 година во Токио (Јапонија) за една година. Веќе разговаравме со организациониот одбор на Светското првенство за ситуација во која Олимпијадата биде одложена за една година. Пдготвенисме за таков развој на настаните и […]

Како Индија со 1,3 милијарди жители има само 200 заболени?


Избувнувањето на пандемијата на коронавирус покажа дека не постои универзален начин за контролирање на ширењето на инфекцијата. Секоја земја има свој модел што се надева дека ќе биде најефикасен, што ќе одземе што е можно помалку животи и што ќе ја осакати економијата што е можно помалку. Ситуацијата во Индија на прв поглед изгледа зачудувачки […]

Eлектронска настава и оценување на основците, гимназијалците и студентите додека трае вонредната состојба


Наставата, испрашувањето (полагањето испити) и оценувањето во основните школи, средните училишта и на факултетите ќе се одвива електронски додека трае вонредната состојба во земјава. Средства за електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи, електронска пошта или други системи за двонасочна електронска размена на податоци, а кои од нив ќе се користат, одлучува образовната установа (основно […]

Чанг: Борбата против Ковид-19 би можела да трае две години


Кина – Борбата против новиот коронавирус во Европа би можела да потрае до две години, изјави шефот на тимот медицински експерти за Ковид-19 од Шангај, Чанг Венхонг. Тој преку видео-конференција изјави дека е „совршено нормално“ вирусот да се појавува и исчезнува и пандемијата да трае една или две години. – За да најдеме решение за ширењето […]

Во Турција седум нови смртни случаи од Ковид-19


Турција– Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека од новиот коронавирус починале седум луѓе и потврдени се уште 293 пациенти инфицирани со Ковид-19. Во изминатите 24 часа добивме резултати од 3.672 тестови на коронавирус. Потврдени се 293 нови случаи на зараза. И покрај напорите што ги вложуваме, болеста победи седум наши пациенти, напиша Коџа […]

Ријана донираше 5 милиони долари за глобалната борба против коронавирусот


САД- Фондацијата на поп-ѕвездата и дизајнер Ријана(32) донираше 5 милиони долари за да помогне во напорите за превенција, подготовка и одговор на коронавирусот во САД и низ целиот свет. „CLF ги поддржува теренските партнери кои работат на првите редови на реакција на катастрофи, особено оние што се фокусирани на заштита и служење на маргинализираните заедници […]

Скопје танцовиот театар со бесплатни претстави на својот Јутјуб канал


Скопје танцовиот театар соопшти дека од денеска, 23 март, од 18:30 часот на својот Јутјуб канал ќе почне со бесплатно премиерно емитување на претстави во сопствена продукција, од архивата со која располага, со цел да допрат до публиката и сите љубители на танцот. – Вечерва, на нашата фејсбук страница ќе биде поставен директен линк до […]

НБА во случај на откажување на сезоната ќе изгуби милијарда долари


САД– Пандемијата на коронавирус претставува голема опасност за најсилната кошаркарска лига во своетот. Доколку сезоната се откаже, НБА ќе изгуби околу милијарда долари, пренесува „Вашингтон пост“. Претходно беше објавено дека лигата има три опции за продолжување на сезоната: продолжување со публика, продолжување на натпреварите без публика, можност за организирање на добротворен турнир со учество на разни […]

Принцот Алберт од Монако прозборе за коронавирусот: Лекарите се задоволни за сега


Монако- Принцот Алберт од Монако, кој е позитивен на коронавирусот, прозборе во јавноста за неговото здравје. „Мала вест. Состојбата непроменета. Малку треска, мала кашлица “, изјави во ексклузивното интервју во саботата. „ Виталните знаци се во ред. Докторите се задоволни за сега “. Еден кралски извор изјави дека принцот Алберт има „неверојатна“ поддршка од цел […]

Нови ограничувања на воздушниот сообраќај


Нови ограничувања на воздушниот сообраќај денеска се воведени во Австралија, Нов Зланд, Обединети Арапски Емирати, Хонг Конг, Сингапур и Тајван во ранките на мерките против пандемијата со новиот коронавирус. – Глобално, бројот на летови, планирани минатата недела се намалени за повеќе од 12 проценти во однос на минатата година, наведува агенцијата за собирање на податоци […]

Снег во пролет, снежната покривка во следните два дена и над 20 сантиметри


Од утринава во земјава врне снег, иако календарски настапи пролетта. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека најмногу снег има наврнато во Маврови Анови – 11 сантиметри. Повремени врнежи од снег се очекуваат и во текот на следните два дена. Снег има во Пожаране каде снежната покривка е девет сантиметри, во Лазарополе осум сантиметри, во Тетово […]

Клавијатуристот на „Бон Џови“ Дејвид Брајан позитивен на коронавирус


САД- Клавијатуристот на „ Бон Џови“ Дејвид Брајан е  најновиот случај на музичар позитивен на коронавирус. Брајан сподели детали за неговата дијагноза на Инстаграм. „Болен сум една недела и се чувствувам подобро секој ден“. Тој рече дека е во карантин од изминатата недела и ги повика фановите да не се плашат. „Те молам, не плаши […]

Што ќе се случи ако Меркел биде болна?


Канцеларката е во домашен карантин поради тоа што имала контакт со лекар инфциран со коронавирус, Меѓутоа, таа и натаму може да си ги извршува задачите. Доколку тоа се промени, се пристапува кон План Б. А, тој е рутина. Ангела Меркел е во карантин! Но, без грижи, Германија поради тоа не е и без раководна рака. […]

Судењето за Рекет одложено за 26 март, Јанева е во ризична група на граѓани


Судењето за случајот Рекет е одложено за 26 март поради здравствената состојба на обвинетата Катица Јанева, која согласно мерките и препораките од Владата за заштита и превенција од Ковид 19 спаѓа во ризична група. Судијката Васка Николова Масевска го прифати барањето на одбраната на обвинетата Катица Јанева, адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска во кое […]

По земјотресот во Загреб се пријавени 5.500 оштетени објекти


Хрватска –  По серијата земјотреси што го погодија Загреб, досега се пријавени 5.500 оштетени објекти. – Тоа е многу работа што можеме да ја направиме само со несебична поддршка од волонтери од сите инженерски професии, соопштија од Службата за управување со итни ситуации на Хрватска. Службата изработила апликација за пријава на преглед на градбите по […]

На Инфективната клиника почина пациент заболен од коронавирус


Министерството за здравство соопшти дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата. Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без зголемена температура, […]

Социјално-дистанцирање или во Белата куќа: Каде е семејството Трамп за време на пандемијата на коронавирус?


САД-Бидејќи повеќе држави спроведуваат ограничувања за несуштинско патување и работа во обид да го забават ширењето на пандемијата на коронавирус, многу членови на семејството на претседателот Доналд Трамп остануваат во Вашингтон, Д.Ц. Претседателот Трамп – кој во последниве денови го смени тонот за вирусот, додека се соочи со критики за начинот на кој досега управуваше […]

Европските берзи бележат пад


Англија– Вредноста на акциите на европските берзи денеска се намали до најниското ниво во последните седум години, поради тоа што се поголем број држави се во самоизолација поради новиот коронавирус, па вложувачите стравуваат од длабока рецесија. СТОХХ 600 индексот на водечките европски акции околу девет часот и 30 минути беше во минус 4,6 отсто, што […]

Меркел имала само кус контакт со заразениот лекар


Германија– Германската канцеларка Ангела Меркел беше само кратко во контакт со лекарот, кој подоцна беше позитивно тестиран за коронавирусот, па има добри шанси таа да не е заразена, изјави шефицата на нејзиниот кабинет Хелга Браун. Таа рече дека Меркел во петокот примила вакцина против пневмокока, бактерија која предизвикува пневмонија, и отиде во самоизолација во неделата […]