Прогнозите за пикот на вирусот засега остануваат исти, се изработува детална анализа


Засега прогнозите на надлежните остануваат дека пикот на вирусот ќе биде кон крајот на април и оти бројката на заболени ќе достигне до околу 2.000 лица. Сепак, министерот за здравство Венко Филипче најавува детална анализа за очекувањата и за временскиот интервал кога што би можело да се очекува. Анализата, како што посочи Филипче, би била […]

„Аџибадем Систина“ набави 15.000 тестови за детекција на Ковид-19


Клиничката болница „Аџибадем Систина“ набави иницијална количина од 15.000 тестови за детекција на коронавирусот. Болницата има капацитети за вршење на 300 тестови дневно, а пациентите кои ќе дојдат на тестирање треба да носат заштитна маска. Како што соопштија денеска од „Аџибадем Систина“, цената на тестирање е 1.200 денари, а самото тестирање се врши со претходно […]

Тур де Франс можеби ќе се одржи без публика


Франција – Позната по своите бројни гледачи, најголемата велосипедска трка во светот – Тур де Франс можеби оваа година ќе се одржи без публика, изјави француската министерка за спорт, Роксана Марачинеану, јави дописникот на МИА. Владата е во разговори со АСО, организаторот на трката, за судбината на најпрестижната од големите велосипедски трки. По одложувањето на […]

Одложено доделувањето на театарскиот „Оскар“ на Бродвеј


САД –  Годинешното свечено доделување на „Тони“ , театарски еквивалент на филмските оскари, е одложено на неодредено време. Ова е последниот во низата културни настани – жртви на корона-пандемијата. Доделувањето требаше да се одржи во Њујорк на 7 јуни, со пренос во живо на Си Би Ес. Театрите на Бродвеј беа затворени пред две седмици […]

Излекуваните од Ковид-19 можат да останат носители на вирусот


Швајцарија– Луѓето кои се излекувани од новиот коронавирус можат да останат носители на Ковид-19 и треба да бидат повторно тестирани, изјави вирусологот и директор на Научно-истражувачкиот центар во францускиот град Бесанкон, Филип Хумбер. – Може да се излекувате од вирусот, но се уште да го имате во носната шуплина и на тој начин да го […]

Пишувајте во изолација: „Три“ со акција „Карантински приказни“


Издавачкиот центар ТРИ ја почна акцијата „Пишувачки предизвик: Карантински приказни – Антологија на изолацијата“. -Нејзина цел е да се поттикнат и соберат најоригиналните и најинтересните раскази настанати во ова тешко време што сме принудени да го поминеме во изолација и дружење најмногу со себе и сопствените мисли. Со цел да се создаде траен запис за […]

Лајен: Одлуките што ги носиме сега ќе ја определат нашата иднина


Белгија – Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека новиот коронавирус ќе го смени животот на Европејците и доведе до „трагедија на ниво, што до пред неколку недели беше незамислива“. – Оваа е борба во која секој од нас има улога, истакна Лајен. Таа во обраќањето пред речиси празниот ЕП во Брисел […]

Додека ја чекаме вакцината: Која храна не штити од короната?


Германија– Затворени и со чувство на здодевност, дури и очај? И покрај тоа што сте затворени во четири ѕида поради коронавирусот, сепак можете да сторите многу нешта за да си ги заштитите здравјето и благосостојбата.      Во тешки времиња какви што се овие предизвикани од коронавирусот, неретко е чувството дека нештата излегуваат од контрола. Секојдневието […]

Вакцина против корона: Кога ќе ја имаме?


Секој ден пристигнуваат нови податоци за научни лаборатории кои забрзано работат на создавање вакцина против корона вирус, додека Кина и САД почнаа со први тестирања на доброволци, а решенија бараат и Германци, Руси, Израелци и Канаѓани. Статистиките за бројот на заболени дополнително ги забрзуваат – до денес се потврдени повеќе од 416.700 заразени во светот, […]

Во Ханој веќе нудат „коронабургер“


Виетнам– Во време на корона-криза, професионален готвач од Ханој, главниот град на Виетнам, се обидува да го подигне духот кај луѓето со новиот… „Корона-бургер”. – Има една шега – ако се плашиш од нешто, треба да го изедеш. Кога ќе гризнеш од сендвичот што личи на вирусот, повеќе нема да се плашиш од зараза. Така ги […]

ЕП нема да заседава во Стразбур до есен поради Ковид-19


Франција– Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Дејвид Сасоли најави дека европратениците нема да се состануваат во Стразбур до септември. Одлуката е поврзана со епидемијата на Ковид-19, објасни тој на почетокот на денешната вонредна седница на ЕП во Брисел. Пратениците ќе присуствуваат на кратки дводневни сесии во Брисел до есен. Соодветните измени во календарот на институцијата беа […]

Швајцарија има поголема стапка на инфекција од Италија


Швајцарија– Швајцарија има поголема стапка на инфекција со новиот коронавирус во споредба со Италија и на 10.000 жители во моментот има 12,4 заразени лица. Според актуелните официјално податоци во Швајцарија инфицирани со Ковид-19 се 11.028 лица, а починале 154. Во Италија стапката на инфекција изнесува 11,4 заболени на 10.000 жители, во Шпанија – 8,5 и […]

Жена во време на коронавирус: Фризерките и козметичарките најбарани


Фризерките и козметичарките во време на коронавирус и ограничено движење со полициски час се најбарани професии меѓу жените кои и во (само)изолација им е важен изгледот и хигиената. Како и сите угостителски објекти и други продавници, во земјата така и козметичарките и фризерките ги затворија дуќаните и останаа дома за да си го сочуваат своето […]

Федерер донираше милион франци за најпогодените семејства во Швајцарија од коронавирусот


Швајцарија-Тенискиот ас Роџер Федерер и неговата сопруга Мирка донираа милион франци за најпогодените семејства во Швајцарија од коронавирусот. -Нашиот прилог е само почеток. Се надеваме дека и други ќе се приклучат со донации за најзагрозените семејства. Заедно можеме да ја надминеме кризата. Останете здрави, пишува во пораката на Федерер објавена на социјалните мрежи. Роџер со […]

Хороскопските знаци и коронавирусот: Кој е активен, кому му е здодевно?


Како секој хороскопски знак се справува со кризата? Овен Вие немате проблем со само изолацијата во својот дом. Познати сте како индивидуалци и најдобро се снаоѓате самите во кризна ситуација. Но, имате проблем со седењето во затворен простор. Најдобриот совет за вас е да возите велосипед е или пешачите, секако сами и доколку условите го […]

Романија: Наскоро сите жители на Букурешт ќе се тестираат за Ковид-19


Романија– Сите жители на Букурешт наскоро ќе можат да поминат тест на новиот коронавирус. Романскиот министер за здравство Виктор Костаке изјави за телевизискиот канал Антена 3 дека досега се регистрирани 906 случаи на инфекција со коронавирусот. Седумнаесет пациенти досега починаа од тој вирус. – Ние сакаме да спроведеме иновативна програма, како во Јужна Кореја, да ги […]

Финска: Хелсинки ќе биде изолиран град за да се спречи пандемијата


Финска– Финската премиерка Сана Марин синоќа објави дека главниот град Хелсинки и областа околу него ќе бидат изолирани од остатокот на земјата со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Реонот на главниот град е најголемо жариште на Ковид-19 во Финска. – Влегувањето и излегувањето од главниот град ќе биде забрането за граѓаните од утре […]

Магла на Шапка и Плетвар, снег во Маврово и на Стража


Намалена видливост до 20 метри, поради појава на магла, утринава има  на Попова Шапка и на планинскиот премин Плетвар каде видливоста е од 50 до 80 метри. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово и на планинскиот премин Стража, а со слаб интензитет на планинските превои Буково и Ѓавато. Од Автомото сојузот информираат […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од минус два до четири степени, а дневната температура од два до 11 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините […]

ЕЦДЦ: Не е сосема сигурно дека вирусот ќе исчезне во летниот период


Белгија – Не е сосема сигурно дека новиот коронавирус ќе исчезне во текот на летото, соопшти денеска Европската агенција за контрола и спречување на болестите – ЕЦДЦ. Странските агенции пренесуваат дека тоа е сериозно предупредување дека епидемијата може да продолжи дури и кога надворешните температури се зголемуваат, освен ако не се преземат мерки за нејзино спречување. Сепак, […]