Внуката на Пикасо на аукција продава над 60 дела дела на славниот дедо


Aнглија- Најновото поглавје во бајката во стилот на Пепелашка во која сиромашна девојка е игнорирана од нејзиниот дедо, напуштена од нејзиниот татко, мизерно третирана од нејзината мајка алкохоличарка, и која изгубила брат кој се самоубил, пред да наследи богатство, се игра вон Интернет, во живо на аукција во Сотби во Лондон во текот на следните две недели, бидејќи се продаваат над шеесет дела во сопственост на Марина Пикасо, внуката на славниот шпански уметник.

Pablo Picasso, Visage soleil

Кога Пикасо почина во 1973 година, остави околу 45.000 уметнички дела вредни стотици милиони, но не остави тастамент. Наследството беше поделено помеѓу четири деца од три различни мајки, а бидејќи таткото на Марина, Пауло и постариот брат, Паблито, починаа кратко потоа, таа стана наследничка. Потоа на адвокатите им требаа шест години за да го поделат наследството, и да се испочитува последната волја на Пикасо.

Pablo Picasso, Le Tremplin (Étude)

За 28 години, Марина го вработи швајцарскиот продавач на уметности, Јан Кругиер, за да ги прави продажбите во нејзино име. Но, откако тој почина во 2008 година, таа започна да се свртува кон аукциите. Помеѓу 2013 и 2015 година таа продала некои избрани дела за над 200 милиони фунти на аукции во Сотби, но имала и купишта цртежи, керамика и отпечатоци со пониски цени.

Lot 37 Pablo Picasso, Scène médiévale

Од 2015 година, таа организираше девет тематски аукции на овие во сума од околу 40 милиони фунти. Процент од сите овие продажби одат во фаворизирани добротворни организации кои им помагаат на децата без родители и на болниците на децата. Таа сама има пет деца (три посвоени од Виетнам) и двајца внуци.

Оваа десета продажба се проценува на скромни 1 милион фунти и вклучува шеесет цртежи и керамика кои датираат од 1899 до 1970-тите години (проценувано од 2.000 до 50.000 фунти секоја). Тие ја следат еволуцијата на Пикасо низ многу стилови (кубистичките цртежи од 1910-1914 се најскапи). Три од неговите сликарски палети на сликарството, кои ги датира Сотби до 1973 година, година на неговата смрт, се проценуваат на околу 3.000 фунти..

Ниту една слика не е потпишана. Само кога работите го напуштаа неговото студио за продажба, тој ги потпишуваше. Но, многумина се точно датирани во неговата оставнина и со потекло и не постои сомнеж за нивна автентичност. До денес, повеќето од делата на Пикасо на аукциите од Сотби најдоа сопственици во странство, со суми поголеми од проценките.