Германија целосно ќе забрани употреба на пластични кеси


Германија – Германија планира закон со кој ќе се забрани употребата на пластични кеси, бидејќи договорите со малопродажните синџири за намалување на употребата не дадоа добри резултати. Тоа го изјави министерката за екологија Свена Шулце. -Моето министерство ќе поведе постапка за целосна забрана на пластичните кеси, рече Шулце, која не прецизира временска рамка за спроведување на …

Германија целосно ќе забрани употреба на пластични кеси Read More »

Русија бара од „ЈуТјуб“ да спречи споделување информации за протести


Русија – Руската агенција за надзор на медиуми побара од „Гугл“ да преземе акција за да ја спречи нејзината страница „ЈуТјуб“ да им овозможува на корисниците да испраќаат информации за неовластени протести во Русија. Тој потег на Роскомнадзор следува по неколку демонстрации во Москва поради одбивањето на номинации на некои опозициски и независни политичари за изборите …

Русија бара од „ЈуТјуб“ да спречи споделување информации за протести Read More »

На Богородица и Табановце се чека околу половина час


Сообраќајот низ државата е интензивиран, а на граничните премини Богородица и Табановце се чека 15 до 30 минути. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. Иако коловозите се суви, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно …

На Богородица и Табановце се чека околу половина час Read More »

Руси на Далечниот Исток купуваат масовно јод поради страв од радијација


Русија– На далечниот север на Русија, масовно се купува јод поради кратката радијација како резултат на несреќа со воена ракета, јавуваат руските медиуми. Залихите на јод во аптеките се на крај, особено во градовите Архангелск и Северодвинск. Јодот може да спречи навлегување на радиоактивен јод во тироидната жлезда, но апчињата исто така може да предизвикаат здравствени …

Руси на Далечниот Исток купуваат масовно јод поради страв од радијација Read More »

Продолжува судењето за „Титаник“, надлежен обвинител е Лиле Стефанова


По едномесечната летна судска ферија, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи судењето за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Последното рочиште за овој предмет на 5 јуни беше одложено поради неприсуство на Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите. Освен Јанакиески, во Титаник обвинети се и поранешниот премиер …

Продолжува судењето за „Титаник“, надлежен обвинител е Лиле Стефанова Read More »

„Ла верита“ ја враќа демократијата во Македонија


ЕРОЛ РИЗАОВ Италијанска „Ла верита“, српски „Kурир“ и домашните стари првоборци за слобода и нови курири ја враќаат демократијата во Македонија. Тие се најсилната артилерија и логистика на водачите на востанието за најновото ослободување на заробената држава, која по вторпат ја ослободуваат тие што ја заробија по првпат. Кутра Македонија, ќе бидат цели три децении …

„Ла верита“ ја враќа демократијата во Македонија Read More »

Македонските ракометари поразени од Данска


Македонската ракометна репрезентација синоќа претрпи пораз на Светското првенство за играчи до 19 години кое се одржува во Скопје. Подобри од „црвено-жолтите“ беа репрезентативците на Данска со 29:26. Данците во почетните пет минути на второто полувреме стигнаа до највисоки шест голови разлика што се покажа како недостижна предност за избраниците на селекторот Данило Брестовац. Ова …

Македонските ракометари поразени од Данска Read More »

Голем пожар крај Атина, властите наредија евакуација на околни места


Грција – Голем пожар избувна крај Атина при што властите наредиле евакуација на околни места. Пожарот во преградието Пеанија источно од Атина брзо се шири и може да се забележи утрово од главниот град. Евакуирани се камп на островот Елафонисос како и село крај Маратон близу Атина. Најмалку 130 пожарникари со 42 возила се ангажирани за …

Голем пожар крај Атина, властите наредија евакуација на околни места Read More »

Обвинителите на СЈО неделава на рочишта за своите предмети, но и на сослушувања во ЈО


Од денеска во Кривичниот суд треба да продолжат рочиштата по предметите на Специјалното јавно обвинителство. За денеска, според најавата, на нивната веб страница има закажано рочиште за предметот Титаник, кој се однесува на изборни нерегуларности. За овој предмет има закажано рочиште и на 14 во среда и во петок на 16 август. За неделава рочиште …

Обвинителите на СЈО неделава на рочишта за своите предмети, но и на сослушувања во ЈО Read More »

Уште три дена многу високи температури, од четврток мало освежување


Сончево и топло време со многу високи температури од портокалова фаза, што веќе неколку дена ја зафатија целата држава, ќе се задржи до 14 август. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 степени, а дневните од 30 до 41 степен. Во …

Уште три дена многу високи температури, од четврток мало освежување Read More »

Влатко Стефановски е крал на тезгите: Гитарскиот виртуоз најбаран летово


Со интимен или експониран концерт, сам, во трио, или со две гитари или оркестар, еден или повеќе гости, со публика во темница или преку ден, на отворено, на стадион или во филхармонија, со пријатели, за пријатели и непознати, фанови или дипломатски кор, како ментор, учител или музички амбасадор, во Скопје, низ Македонија или низ регионот, …

Влатко Стефановски е крал на тезгите: Гитарскиот виртуоз најбаран летово Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Уживате во топли чувства и симпатија, додека вниманието ви е фокусирано кон општествената сцена: амбициозни, но компулсивни, ќе треба да го корегирате своето однесување. Не постои реална причина за недоверба, иако состојбите укажуваат дека треба да сте резервирани: ако не верувате на работите на прв поглед, почекајте. БИК: Ова е среќен период, во кој …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Милијардерот педофил Џефри Епстајн се самоуби во затвор


САД- Американскиот милијардер Џефри Епстајн, обвинет за низа случаи на педофилија, се уби во затворската ќелија, јавуваат американските медиуми. Тој беше во затвор во Менхетн додека чекаше да се реши неговата жалба на одлуката на судијата кој не дозволи да биде во куќен притвор во луксузниот њујоршки кварт Апер ист сајд, потврдија три судски извори …

Милијардерот педофил Џефри Епстајн се самоуби во затвор Read More »

Судири меѓу полицијата и муслиманските верници на Ридот на храмовите во Ерусалим


Израел- Судири меѓу муслиманските верници и израелските полициски сили избија на Ридот на храмовите во Ерусалим, во време на зголемени тензии поради совпаѓањето на еврејски и муслимански верски празници. Полицијата тврди дека муслиманските верници ги започнале нередите и оти упатувале „националистички повици“ на Ридот на храмовите, свето место и за Евреите и за муслиманите. Полицајците …

Судири меѓу полицијата и муслиманските верници на Ридот на храмовите во Ерусалим Read More »

„Економист“ на Инстаграм објави „wow“ момент од Крушево


Светски познатиот медиум „Економист“ на официјалниот Инстаграм профил објави фотографија од небото над Крушево, каде се одржува 16-тото Светско првенство во параглајдерство. „Нашиот wow момент оваа сабота доаѓа од Северна Македонија каде се одржува 16-тото Светско првенство во параглајдерство“, напишаа од „Економист“. Профилот на „Инстаграм“ на „Економист“ е следен од 3,7 милиони луѓе. На полетувалиштето …

„Економист“ на Инстаграм објави „wow“ момент од Крушево Read More »

Научници произведоа водка во Чернобил со цел да ја подобрат економијата


Англија/ Русија- Водка направена од житарки и вода од Чернобилската отуѓена зона, беше опишана како „најважното шише жесток алкохол во светот“. По катастрофата во Чернобилската нуклеарна централа во 1986, околу централата беше направена зона на отуѓеност во периметар од 4.300 квадратни километри. Вкупно 355.000 лица беа приморани да ја напуштат околината, а по несреќата голем …

Научници произведоа водка во Чернобил со цел да ја подобрат економијата Read More »

Силен ветер урна дел од покрив на фудбалски стадион во Холандија


Холандија – Невремето и силниот ветер кои вчера ја погодија Холандија предизвика да биде урнат дел од покрив на фудбалскиот клуб АЗ Алкмар, но никој не беше повреден со оглед на речиси празните трибини. – Тоа не изненади. Во шок сме, но среќни што никој не настрада, изјави извршниот директор на клубот Роберт Енхорн, дополнувајќи дека …

Силен ветер урна дел од покрив на фудбалски стадион во Холандија Read More »

Сто и двајца планинари се искачија на врвот Љуботен


Сто и двајца планинари со ноќно планинарење се искачија на врвот Љуботен и таму го дочекаа изгревањето на сонцето во 5:30 часот, во организација на планинарскиот клуб „Јелак“. Искачувањето до врвот до 2.499 метри надморска височина го започнале околу 2 часот. – Сите планинари што тргнаа успешно се искачија и вратија во планинарскиот дом Љуботен. …

Сто и двајца планинари се искачија на врвот Љуботен Read More »

МЗ: Нема заболени граѓани од антракс


Министерството за здравство во однос на информациите дека кај добитокот во делови од државава се појавила заразата антракс, соопшти дека нема заболени граѓани од антракс. Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од антракс, стои во соопштението на Министерството.

Заев: Градиме квалитетна инфраструктура за сите


Македонската Влада гради квалитетна инфраструктура низ целата држава, чија цел е да се обезбеди брз проток на луѓе, стоки и услуги, објави денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук. – Градиме квалитетна инфраструктура низ целата држава, за сите. Квалитетно изградена патна и железничка инфраструктура е императив за нас, бидејќи претставува крвоток на економската активност, преку брзиот …

Заев: Градиме квалитетна инфраструктура за сите Read More »