Голем пожар крај Атина, властите наредија евакуација на околни места

Грција – Голем пожар избувна крај Атина при што властите наредиле евакуација на околни места.

Пожарот во преградието Пеанија источно од Атина брзо се шири и може да се забележи утрово од главниот град.

Евакуирани се камп на островот Елафонисос како и село крај Маратон близу Атина. Најмалку 130 пожарникари со 42 возила се ангажирани за гаснење на пожарот.

Во моментот повеќе од 50 шумски пожари се активни во Грција.