Ксиаоми го истурка Епл од третото место во пазарот на паметни телефони


Кина– Кинеската компанија Ксиаоми стана трета во светот по малопродажба на паметни телефони во периодот јули-септември, со што го потисна американскиот технолошки гигант „Епл“, којшто сега испадна од првите три во светот, за првпат по 10 години. Според најновите податоци објавени минатата недела, Епл бележи пад на годишниот приход од 29% на кинескиот пазар. Ксиаоми […]

Јубилениот број на „Синтези“ посветен на Блаже Конески


Јубилејниот педесетти број на списанието „Синтези“ е посветен на делото на големиот македонски поет, раскажувач, есеист, книжевен научник и лингвист Блаже Конески. Објавувањето на овој број е поддржано од Министерството за култура во рамките на програмата за проекти од национален интерес, и е во пресрет на прогласената година на Блаже Конески, по повод сто години […]

Џони Деп го загуби случајот против „Сан“


Англија– Џони Деп ја загуби тужбата против британскиот таблоид „Сан“ и главниот уредник Ден Вутон, којашто неколку месеци се водеше во Кралскиот суд на правдата во Лондон, Велика Британија. Во фокусот на тужбата беше напис објавен на интернет-страницата на списанието „Сан“ во април 2018 година, под наслов „Несовесно: Како може Џ.К. Роулинг да биде ’многу […]

Солун и Серес во целосен двонеделен карантин 


Грција – Во грчките градови Солун и Серес, од утре наутро се воведува целосен карантин, со дозволено движење за граѓаните само со испратена СМС порака, полициски час од 21 до 5 часот наутро, забрана за меѓународни и домашни летови, а единствено отворени ќе бидат само училиштата, јави дописничката на МИА од Атина. Новите мерки ќе бидат […]

Иванка Трамп – можно враќање во модниот бизнис


САД – Последните испитувања на јавното мислење околу изборите во САД,  посочуваат извесна веројатност дека сегашниот претседател Доналд Трамп може да ја загуби битката за втор мандат. Во таа смисла, неговата ќерка и „десна рака“ во изборната кампања – Иванка може да се врати на своите претходни обврски. Имено, таа уште 2007 година отпочна сопствена […]

Словачка: Тестирани 3,6 милиони лица, позитивни 38.359


Словачка– Повеќе од 3,6 милиони жители на Словачка се тестирани изминатиот викенд, а резултатите покажале дека 38.359, односно 1,06 отсто, се позитивни на коронавирус, изјави денеска словачкиот премиер Игор Матович. При тестирањето во Словачка, земја со 5,5 милиони жители, се користени антигенски тестови, кои даваат резултати за 15-30 минути, но се помалку сигурни од стандардните […]

Германски вирусолог: Пандемијата нема да стивне до Велигден


Германија – Германскиот вирусолог Кристијан Друстен не очекува брза нормализација на состојбата со Ковид-19, иако во Германија од денеска стапи на сила новата блокада. – Едно е сигурно: пандемијата нема да стивне до Велигден, изјави Друстен за германскиот весник „Ноје Оснабрикер Цајтунг“, додавајќи дека „нашите животи ќе се променат на подобро најдоцна во текот на летото, но […]

Вдовицата на Шон Конери откри дека последните години страдал од деменција


САД (АФП)– Првиот Џејмс Бонд, легендарнио шкотски актер Шон Конери, кој почина на 90-годишна возраст, страдаше од деменција во последните години, откри неговата вдовица Мишелин Рокебрун (91). Конери, познат по тоа што го играше оригиналниот таен агент 007 на екранот, почина во својот дом на Бахамите, предизвикувајќи реакции на почит. -Почина мирно во сон опкружен […]

Бекамови како Кардашијан: Нетфликс ќе снима реално шоу за најславната двојка


САД- Поранешниот фудбалер, Дејвид Бекам (45) и неговата сопруга, дизајнерката Викторија Бекам (46) , наводно потпишале договор вреден милиони долари со стриминг сервисот Нетфликс. Според американските медиуми, планирано е реално шоу, кое ќе го следи животот на ова семејство. Нешто како реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“. Викторија и Дејвид на тој начин ќе добијат  […]

Сноуден побара руско државјанство


Русија – Поранешниот соработик на американската Национална безбедносна агенција (НСА), Едвард Сноуден денеска поднесе барање за руско државјанство. Сноуден во 2013 година доби постојан престој во Русија. Тој на Твитер напиша дека сака да го задржи и американското државјанство. Барањето за руско државјанство Сноуден го поднесе откако неговата сопруга Линдзи Милс објави дека е бремена. Сноуден […]

Синот на Пирс Броснан е баран манекен. Се здружи со Ранде Гербер


САД- Парис Броснан има нова рекламна кампања што може да ја додаде во својата биографија. 19-годишниот син на актерот Пирс Броснан и новинарката Кели Шеј Броснан е заштитно лице на кампањата на Ранде Гербер (58) со брендот на одржлива мода  бренд „Bleusalt “ од Малибу. Следејќи ги стапките на сопругата Синди Крафорд и ќерката Каја […]

Тејлор Свифт дозволи нејзина песна да се користи во кампањата на Бајден


САД– Поп-ѕвездата Тејлор Свифт дозволи нејзината песна “Only the Young” “ да се користи во кампањата на Бајден-Харис, потврди извор за „Варајети“. Песната, од документарниот филм на Нетфликс „“Taylor Swift: Miss Americana” се појавува во новата реклама на Бајден, која ги обиколи социјалните мрежи во петокот, четири дена пред изборите во 2020 година. Демократскиот претставник на […]

Во Албанија денес најголем број новозаразени, починати, но и хоспитализирани со Ковид-19 досега


Албанија– Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се најголем број новозаразени, почнати, но и хоспитализрани со Ковид-19 до сега од почетокот на пандемијата. -Од направените 1.472 тестови на сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 327 ли 22,2 отсто од тестраните,што е нов негативен рекорд. Во исто време битката со опасниот вирус ја изгубија девет […]

Во Косово седуммина починати и 337 заразени од Ковид-19, од утре нови мерки


Косово – Бројот на жртви на епидемијата на Ковид-19 во Косово се искачи на 688, откако минатото деноноќие починаа седуммина заразени од коронавирусот, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) се наведува дека, по рекордните 514 заболени во петокот, во саботата се регистрирани нови 337 случаи, со што […]

Колку се богати децата на Трамп?


САД-Кога милионерот Доналд Трамп започна со кампања за републиканската номинација за претседател во 2016 година, неговите три најстари деца влегоа во центарот на вниманието како негови доверливи и најблиски советници во бизнисот и политиката. Доналд помладиот, Иванка и Ерик Трамп се најдоа во предизборната кампања со приближувањето на претседателските избори во 2020 година и тие […]

Изрешетани души. И денес: Интервју на Венко Андоновски за српски „Нови магазин“


Како дедо ми да ме повика да го затворам тој круг. Јас сум сигурен дека тој пред стрелањето не ни можел да замисли дека еден ден неговиот внук ќе дојде во Крагујевац и дека ќе му биде доделено да напише сценарио за Големиот школски час. Тоа не е моја имагинација, тоа е по мое мислење, […]

Не чека поблага зима со зачестени магли што оди во прилог на вирусот


Научници од Германија и Кипар во својата неодамна објавена студија упатија на фактот дека околу 15 проценти од смртните случаи од Ковид-19 може да се препишат на долгорочната изложеност на аерозагадувањето и лошиот квалитет на амбиенталниот воздух. Според исказите на професорот Томас Минзел од Универзитетскиот медицински центар во Јоханес Гутенберг, кога луѓето вдишуваат загаден воздух, […]

Состојба на патиштата


Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Смртниот биланс од земјотресот во Турција се искачи на 42 лица


Турција – Бројот на загинатите од земјотресот во западна Турција се искачи на 42 лица, соопшти Републичката агенција за вонредни состојби и природни катастрофи, пренесува ТАСС. Претходно без пријавени 39 мртви и 885 повредени. „Спасувачките екипи во Измир работат на урнатини на девет уништени згради“, се додава во соопштението. Земјотрес со јачина од 7 степени според […]

Четврта сесија на Филмската училница, учесниците запознати со основите на филмот


Десеттина средношколци и бруцоши, на возраст од 15 до 19 години се запознаваат со основите на филмската историја и теорија, режија, сценарио, монтажа, продукција, филмска камера, актерство, сценографија, костимографија на филм…, на Филмската училница која ја одржа четвртата сесија. Филмската и ТВ режисерка Марија Џиџева, како што соопштуваат од Кинотеката, дебатираше со посетителите за нивните […]