Зендаја: Ново лице на Валентино


САД– Американската актерка и пејачка Зендаја е новото лице на луксузниот бренд „Валентино“.

„Причината зошто ја избравме Зендаја за ново лице на Валентино е затоа што таа совршено го отелотворува и претставува она што е Валентино и се залага за денес“, објасни креативниот директор Пјепаоло Пичоли. „Таа е моќна и жестока млада жена која го користи својот талент и својата работа да се изрази себеси, своите вредности и својата генерација исто така. Таа е „природен претставник“ на „современиот концепт на романтизмот“ на Валентино, велат од брендот.

Минатиот септември, Зендаја Колман – на 24-годишна возраст влезе во историјата на Еми наградите како најмлад добитник на најдобрата главна актерка во драмската серија за нејзината улога во „Еуфорија“ и како втора црна актерка, која ѝ се придружи на Виола Дејвис, за да победи во престижната категорија во 72 години на шоуто.

Влијателна фигура во Холивуд и активист, Зендаја не е туѓа за индустријата за мода и убавина – и е омилена на црвениот тепих. Таа е заштитно лице на женскиот мирис Idôle од Lancôme и само што ја прошири својата улога за новата маскара, Lash Idôle. Таа дизајнираше колекции за Томи Хилфигер и создаде своја сопствена линија, Daya by Zendaya.

 „Чест ми е што ме избраа за заштитно лице на Валентино“, рече таа. „Јас сум толку возбудена што ја започнав оваа неверојатна соработка со целото семејство на Валентино“.