Министерката за култура во посета на штипскиот Дом на млади


Министерката за култура, Ирена Стефоска заедно со специјалната советничка за соработка со УНЕСКО, Јасмина Шопова, ќерка на македонскиот поет, Ацо Шопов, кој е роден во Штип денеска беа во работна посета на Дом на млади-Штип.

Стефоска истакна дека при ваквите посети на лице место се запознава со убавите работи, кои ги реализираат институциите, но и директно се информира на нивните проблеми. Го пофали работењето на Дом на млади-Штип, а какошто рече секоја чест на она што е сработено и кога се сака се се може.

-Овој објект е многу убаво и постепено реновиран, бидејќи ние сме мала земја и невозможно е се наеднаш да средиме, а и во побогата. Овој Дом на млади покажува кога директорот и екипата со него имаат план и визија работите течат без проблем. Чекор по чекор, дел по дел за младите во овој убав град да можат да доаѓаат и своите потреби да си ги исполнуваат, вели Стефоска.

Забележа дека општините мора да се подготвуваат за процесот на децентрализација на културните институции, според нејзино видување сепак тој процес оди многу бавно.

-Оттука и сите добри страни што ги носи децентрализацијата се во застој, во таа смисла. Сите заедно мора да работиме за да општините можат постепено, постепено да ги превземаат ингеренциите од централната власт во интерес на граѓаните, вели Стефоска.

Посочи дека општините се различно подготвени за преземање на културните институции, некои повеќе, а некои помалку. Но, какошто вели главен проблем се буџетите.