Дводневен посебен режим на сообраќај на подрачјето на Скопје


Поради официјална посета на странска делегација на Република Северна Македонија, денеска и утре Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на градот Скопје. За таа цел, како што соопштија од МВР,  се апелира до граѓаните – учесници во сообраќајот да ги почитуваат […]

Пол Макартни го издаде својот 18-ти соло албум „Макартни III“


Англија – Иконата на поп-рок културата и легенда на „Битлси“, сер Пол Макартни, го издаде својот 18-ти соло албум, на кој се појавија 11 нови песни, а за време на снимањето, тој се пофали со видео во кое се гледа како свири на повеќе инструменти. Новиот албум „Макартни III“ е воедно и последниот од неговата […]

Аријана Гранде се сврши со богаташот Гомез


САД- Американската поп-ѕвезда Аријана Гранде ја објави својата свршувачка, а како што пишува магазинот People, нејзин избраник е агентот за луксузни недвижнини Далтон Гомез. „Засекогаш и уште подолго“, напиша пејачката нa Instagram под фотографиите со Далтон и вереничкиот прстен. Според People, Далтон Гомез и Ариjaна Гранде ја започнале врската во јануари годинава, и деновите на […]

Гардијан: Десетици новинари на Ал Џазира наводно хакирани со израелски софтвер


Англија– Шпионски софтвер на приватната израелска разузнавачка компанија НСО груп бил искористен за хакирање на мобилните телефони на десетици новинари на Ал Џезира, во кибер напад без преседан, најверојатно нарачан од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, тврдат водечки канадски истражувачи, јави британскиот весник Гардијан. Во извештајот, истражувачите од Ситизен Лаб на Универзитетот во Торонто тврдат […]

Бајден нема да зборува за истрагата против неговиот син Хантер Бајден


САД – Портпаролката на новоизбраниот претседател на САД, Џин Псаки, изјави денеска дека Џо Бајден нема да разговара за истрагата против неговиот син со кој било кандидат за функцијата иден министер за правда на САД. Дебатата во Сенатот за кандидатот на Бајден за местото иден министер за правда очигледно ќе биде проследена со спор околу […]

Новиот вид на коронавирус ја исплаши Европа, Велика Британија под „авио блокада“


Англија – Откривањето на новиот вид на коронавирус во Велика Британија и неговото брзо ширење исплаши многу европски земји, кои веќе презедоа одредени мерки и донесоа одлуки за привремено запирање на воздушниот сообраќај со Островот. Особено загрижувачко беше предупредувањето од британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, кој кажа дека „новиот вид на вирус е надвор од […]

СЗО: Новиот вид на коронавирус пронајден и во Данска, Холандија и Австралија


Швајцарија – Новиот вид на коронавирус, што се појави на југоистокот од Англија, е пронајден и во Данска, Холандија и Австралија, информира денеска техничкиот директор на Светската здравствена организација, Марија ван Керхов. -Новиот вид на коронавирус се појави во Данска, Холандија и имаше еден случај во Австралија, но таму не се прошири понатаму, изјави Ван […]

Виенскиот новогодишен концерт на 1 јануари првпат без публика


Австрија– Виенската филхармонија во салата „Музикферајн“ за првпат ќе го одржи својот традиционален новогодишен концерт на 1 јануари, без публика, поради пандемијата на Ковид-19. Со овој омилен празничен настан за светската публика ќе раководи славниот италијански диригент Рикардо Мути. Мути кој 50 години соработува со Виенската филхармонија и на Новогодишниот концерт веќе диригирал пет пати […]

Во болниците низ земјава се лекуваат 1217 ковид-пациенти


Во ковид-центрите на болниците низ земјава во изминатите 24 часа  е пријавено дека се лекуваат  738 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а заедно со пациентите кои се хоспитализирани во Скопје вкупниот број еn1217. Министерството за здравство соопшти дека има околу 240 празни болнички кревети во ковид-центрите, со напомена дека состојбата е променлива затоа што […]

Народна банка објави едукативно видео за теми од доменот на финансиите


Народната банка објави ново видео од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“. Видеото е изработено со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ). Како што соопшти Народната банка, овој серијал е предвидено да содржи девет видеа и во нив се обработуваат актуелни теми од доменот на финансиите кои ги засегаат […]

СЗО е во контакт со официјален Лондон заради новиот вид на коронавирус


Швајцарија– Светската здравствена организација (СЗО) информира дека е во тесен контакт со британските власти поради новата мутација на коронавирусот, за која Велика Британија веќе ги извести, како и за побрзото ширење на овој вид на вирус. „Официјалните лица во Велика Британија ќе продолжат да ги споделуваат информациите и резултатите од нивните анализи и студии и […]

И Франција ќе забрани летови од Велика Британија


Франција – Франција размислува да ги забрани сите летови од Велика Британија, откако на островот се појави нов вид на коронавирус, јави телевизијата БФМ. Официјалната одлука можно е да биде објавена во текот на денот, додаде БФМ, без да наведува извори, додека официјални претставници на француското Министерство за транспорт не беа достапни за коментар. Забрана за […]

Над 3,8 милиони евра донирани во солидарниот фонд за борба со коронавирусот


Поединци, компании и институции во изминатиот период, заклучно со денеска,  во солидарниот државен фонд за борба со коронавирусот донираа повеќе 3.882.290 евра, соопшти премиерот Зоран Заев на Фејсбук, по повод 20 Декември – Меѓународниот ден на човечката солидарност.  – Завршуваме една од најтешките години во постоењето на нашата држава. Се соочивме со планетарна криза која […]

Извршен претрес, запленети околу 60 кг дрога


Од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со полициски службеници од ОВР Прилеп вчера биле лишени од слобода Т.С.(22) од Скопје, В.К. (35) од Р.Албанија и Р.К. (22) од Р.Косово, поради основано сомнение дека сториле кривично дело неодзволена трговија со дрога, соопшти Министерството […]

Утре и задутре посебен режим на сообраќај на подрачјето на Скопје


Утре и задутре поради официјална посета на странска делегација на Република Северна Македонија, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на градот Скопје. За таа цел, соопштија денеска од МВР,  се апелира до граѓаните – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите […]

Бугарија ќе почне со вакцинација против коронавирус на 27 декември


Бугарија – На 24 декември сите камиони со вакцини заминуваат од Белгија кон сите европски земји. Веројатно или на 25-ти навечер или на 26-ти наутро Бугарија ќе биде подготвена да го пречека камионот во Софија, изјави за БНТ државниот здравствен инспектор Ангел Кунчев. – Ќе започнеме на 27 декември во Софија, Пловдив и Бургас. Ќе опфатиме […]

Радев: Патот на РС Македонија до ЕУ води преку Софија


Бугарија-Патот на Република Северна Македонија кон ЕУ води преку Софија, а не со лобирања низ европските престолнини и притисок врз Бугарија, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за радио „Дарик“. Бугарската национална позиција кон РС Македонија, според него, е објективна и многу добра, и усвоена со консензус во бугарскиот парламент, но, за жал, не […]

Јанша: Исклучително тешко ќе се влегува во Словенија за време на празниците


Словенија– Словенечкиот премиер Јанез Јанша денеска изјави дека ќе биде исклучително тешко да се влезе во Словенија за време на празниците, како и во многу други земји членки на Европската унија. „Не ја минувајте границата,“ порача Јанша на Твитер, истовремено објавувајќи ги извештаите од медиумите за застој во сообраќајот, што од вчера е предизивикан на […]

Конечни резултати на ДИК: Сашко Николов освоил 11.477 гласови на предвремените избори за градоначалник 


Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги соопшти конечните резултати од гласањето за градоначалник на изборите во Штип, што се одржаа на 13 декември. На гласањето на предвремените избори за градоначалник на Штип победи Сашко Николов од СДСМ и коалицијата со 11.477 гласа. Кандидатот на Интегра Симон Поликарп освоил 1.179 гласови,  на коалицијата Иднина […]

МВР: Зајакнати контролите, запленети над 2500 пиротехнички средства


Единиците за внатрешни работи во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчера од 10 до 16 часот на подрачјето на СВР Скопје извршија контроли на трговија и употреба на пиротехнички средства. Како што соопшти МВР, реализирани се контроли на 18 пазари, три паркови, шест трговски центри, 12 крстосници и 13 маркети. Во текот на контролите, Бит-пазар […]