Децата на Спајкл Ли се амбасадори на „Златен глобус“ во февруари


САД – Ќерката и синот на Спајк Ли се избрани за амбасадори на „Златен глобус“ за да  помагаат во доделувањето на наградите. Здружението на странски новинари акредитирани во Холивуд (ХФПА) објави  дека Сатчел и Џексон Ли ќе ги преземат амбасадорските улоги за 78-те годишни престижни награди кои ги почитуваат достигнувањата во филмот и телевизијата, во февруари .

Сатчел (26) и Џексон (23) се првите црномурести амбасадори. Сопругата на Спајк Ли е Тоња Луис Ли, која е филмски и телевизиски продуцент.

Амбасадор е традиционално дете на славна личност која помага при доделување награди, делејќи им трофеи на победниците и придружувајќи ги надвор од сцената. Меѓу претходните амбасадори се синовите на Пирс Броснан, Дилан и Парис Броснан, ќерката на Идрис Елба, Исан Елба и Двејн, ќерката на Двејн Џонсон, Симоне Гарсија Двејн… Церемонијата на „Златниот глобус“ ќе се одржи на 28 февруари во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс, Калифорнија. (АП)