Нетфликс ќе биде главно место за нови филмови во 2021


САД– Стрим-платформата Нетфликс се заложи дека ќе објавува најмалку по еден нов филм секоја недела оваа 2021 година.

„Нетфликс секоја недела ќе ви претставува нов филм во кој ќе глумат некои од најголемите филмски sвезди. Најмалку 70 нови наслови ќе се појават оваа година“, се вели во соопштението на компанијата на нивната интернет-страница.

Меѓу sвездите кои ќе се појават во најавените нови филмови се Леонардо ди Каприо, Двејн Џонсон, Зендеја, Идрис Елба, Гал Гадот, Рајан Рејнолдс, Мерил Стрип и други.

Во 30-тите и 40-тите години од минатиот век филмското студио „МГМ“ испумпуваше 50 нови филмови годишно, од кои повеќето ги имаа најголемите светски sвезди во тоа време: Џуди Гарланд, Клерк Гејбл, Спенсер Трејси и безброј други. Коосновачoт и главен извршен директор на „МГМ“, Луис Б. Мајер, се пофали дека студиото има „повеќе sвезди отколку што има на небото“.

Но, антимонополската регулатива и телевизијата ставија крај на холивудскиот систем на доминација на студиото, и оттогаш ниту една компанија не е толку плодна.

Се чини дека стриминг-гигантот „Нетфликс“ е најблиску до доминација во 2021 година.