Песков: Понудата на Маск за разговор со Путин е интересна


Русија– Кремљ смета дека е интересна понудата на Елон Маск, основачот на компаниите „Спејсекс“ и „Тесла“, да разговара со рускиот претседател Владимир Путин на социјалната мрежа Клабхаус, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Оваа понуда, како што наведе, треба детално да се разгледа, пренесе агенцијата ТАСС. – Прво сакаме да ја разбереме понудата, рече Песков. […]

Австриецот Шварц светски првак во алпска комбинација


Италија– Австриецот Марко Шварц ја освои денеска титулата во алпска комбинација на Светското првенство во скијање што се одржува во италијанскиот зимски центар Кортина д “Ампецо. Шварц (25) до својата прва светска титула во кариерата стигна со најдобро возење во слалом, дисциплината во која е доминантен во Светскиот куп. -Супервелеслаломот беше многу интересен и заврши подобро отколку што се надевав, додека […]

Недела да биде ден за одмор – тема на состанокот на Шахпаска со Синдикатот на Клинички центар


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оддржа онлајн состанок со претставници на Синдикатот на Клинички центар, на кој се разговараше за законското решение недела да биде ден за неделен одмор. Од страна на Синдикатот, како што соопшти Министерството, биле посочени предлог решенија кои би одговарале на здравството како особено комплексна дејност каде […]

ГП Евзони во среда и четврток ќе биде затворен поради штрајк на грчките цариници


Поради штрајк на грчките цариници, граничниот премин Евзони од 05:00 часот на 17 февруари до 08:00 часот на 18 февруари 2021 година ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи по добиената информација од колегите од Република Грција.   Исто така, информираат дека товарниот сообраќај на граничните премини Деве […]

Регистрирани само 51 нови случаи со Ковид-19, девет починати и 308 оздравени пациенти


Во последните 24 часа се направени 755 тестирања, а регистрирани се 51 нов случаj со Ковид-19, што изнесува само 6,7 отсто. Малиот број на тестирања веројатно се должи и на многу лошото време и снегот во текот на вчерашниот ден. Новите инфекции според градови: Скопје – 25, Прилеп – 9, Кавадарци – 7, Струмица и […]

Вучиќ ги одликува Бреговиќ, Чорба и Бајага со Караѓорѓева ѕвезда


Србија– Легендарниот музичар и композитор кој живее и работи во Париз, Горан Бреговиќ е еден од уметниците кој денеска е одликуван од претседателот на Србија Александар Вучиќ за придонес во музичката уметност. Тој добил орден Караѓорѓева ѕвезда од прв ред заедно со славниот режисер Емир Кустурица, легендарниот актер Александар Берчек, музичарот Бора Ѓорѓевиќ, виолинистот Стефан […]

Гала концерт со оперски класици во НОБ


Националната опера и балет го најавува „Гала оперски концерт“ кој ќе се одржи в петок (19 февруари), во 20 часот. Настапуваат Ристе Велков – баритон, Билјана Јосифов – сопран, Драган Ампов – баритон, Злата Тошевска – сопран, Ана Ројдева – сопран, во придружба на оркестарот на Националната опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ, а […]

Ешли Џад преживеала тешка повреда во Африка


САД – Американската глумица Ешли Џад за малку ќе ја загубела едната нога на своето патување во Конго. Имала 55-часовна операција, но сега е добро и успешно заздравува. – Почувствував и знаев дека се крши… Она што следуваше беа неверојатно вознемирувачки 55 часа, рече таа во интернет-интервју за „Њујорк тајмс“. Џад паднала од дрво и лежела во […]

Додека победува, Серена Вилијамс мисли и на модата


Австралија– Откако го започна овој Австралија опен со својот костим за една нога, Серена Вилијамс продолжи да ја комбинира модата со тенисот на начин на  моден експерт. Вилијамс играше одлучувачки сет со Арина Сабаленка, и обезбеди победа од 6-4, 2-6, 6-4 со што се пресели во своето 54-то големо четврт-финале. Потоа, во интервју Вилијамс, откри […]

За ноќва и утре изутрина најавени најниските температури зимава 


Минималните температури во текот на претстојнава ноќ и утре изутрина ќе достигнат од -18 до -7 степени, додека во текот на денот ќе достигнат од -7 до пет степени, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. До сабота во земјата ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во сабота преку […]

Формирани двојките за четвртфиналето на Австралија опен


Австралија– Познати се сите четвртфиналисти на тенискиот Грен слем во Мелбурн, откако последниот меч од осминафиналната фаза кој требаше да се одигра утрово доби службен епилог во корист на Стефанос Циципас. Неговиот противник Матео Беретини поради повреда го предаде натпреварот уште пред тој да започне. Така, во четвртфиналето на Австралија опен во машка конкуренција ќе играат: […]

Филипче: Во тек се подготовките за вакцинација во Модуларната болница, ќе се работи во две смени


Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил информираше дека во тек се подготовките во Модуларната болница каде од среда треба да започне вакцинацијата против Ковид-19. – Вакцинацијата ќе се одвива на пет вакцинални позиции, а во тимовите за имунизација има медицински сестри и лекари. Модуларната болница ќе работи во две смени од 8 до […]

Продолжува снимањето на реалистичната приказна на „Сексот и градот“ 


САД– Откако ХБО го најави продолжението на култната серија „Сексот и градот“, но без улогата на познатата Ким Катрал во улогата на Саманта Џонс, обожавателите развија стотици теории за тоа како би изгледала серијата без фаталната Саманта. Конечно, извршниот директор на ппродукциската куќа, Кејси Блојс проговоре во обид да ги расчисти сите тие претпоставки. Според […]

Потпишување договор за 2,4 милиони евра неповратни средства наменети за енергетска транзиција


Република Северна Македонија денеска со Сојузна Република Германија ќе потпише договор за грант наменет за обновливи извори за енергетска транзиција.   – Потпишувањето на договорот значи користење на неповратни средства од германската Влада во износ од 2,4 милиони евра, кои ни ставаат на располагање дополнителни 80,5 милиони евра како евтини кредити за изградба на енергетски објекти, […]

Гејтс ќе инвестира две милијарди долари за спречување на климатските промени


Германија– Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во следните пет години сака да инвестира вкупно две милијарди долари во проекти и старт-ап компании за спречување на климатските промени. – Неопходни се иновации за да се спречи климатска катастрофа, рече Гејтс во коментари објавени во денешното издание на германскиот деловен дневен весник „Ханделсблат“. – Тоа не е невозможно, но би било […]

Најстудено утринава во Берово, измерени -19 степени


Температури под нулата се измерени утринава низ целата држава. Најстуден град е Берово со -19 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Битола и Демир Капија се измерени -15 степени, во Крива Паланка и Струмица -14, во Штип и Маврово -13, во Крушево -12, во Петровец кај Скопје и во Охрид -11, во Претор -10, […]

АкуВедр: Пролетта ќе доцни во Европа, метеоролозите најавуваат бури на Балканот


Пролетта официјално почнува за помалку од шест недели, а светски познатата метеоролошка служба АкуВедр (AccuWeather) објави голема сезонска прогноза во која предвидува дека пролетта 2021 година може да изгледа како онаа од 2018 година. Метеоролозите на АкуВедр како и обично во нивната прогноза, детално опишуваат како времето може да влијае на речиси секој аспект од […]

Словенечкиот Парламент ќе гласа за доверба на владата на Јанша


Словенија– Парламентот на Словенија денеска ќе гласа за доверба на Владата на премиерот Јанез Јанша. Опозицијата ја обвинува Владата дека не ги почитува основните принципи на Уставот на земјата, вклучително и поделба на власта и слобода на печатот, како и за загрозување на остварувањето на човековите слободи и владеењето на правото во земјата. Според локалните медиуми, се очекува опозицијата […]

Олеснети епидемиолошки мерки во Словенија


Словенија – Забраните за патување меѓу општините и регионите во Словенија се укинати, отворени се сите продавници и повторно се дозволени собири до десет лица откако земјата се префрли на портокаловото ниво на ограничувања. Собирите на јавни простори досега им беа дозволени на семејствата и членовите на исто домаќинство, но од денеска тие се ограничени […]

Поради ниски температури – портокалов метеоаларм во БиХ


БиХ–  Во Босна и Херцеговина денеска беше вклучен жолто-портокалов метеоаларм поради многу  ниски температури, јавија сараевски медиуми. Хидрометеоролошки институт предупреди на ниски температури, во Фоча и Вишеград беше вклучен портокалов метеоаларм, а температурите може да достигнат до минус 15 степени. Жолтиот метеоаларм е вклучен за Сараево, Мостар, Требиње, Ливно, Бихаќ, Бања Лука и Приједор, каде […]