Само со негативен тест за Ковид-19 во Португалија


Португалија– Сите кои пристигнуваат во Португалија од денеска мора да носат негативен резултат на PCR-тест извршен до 72 часа пред да се качат во авион. Исклучок се прави само за деца до 24 месеци, соопшти Министерството за надворешни работи. Оние граѓани на Европската унија, земјите од Шенген, трети земји кои престојуваат во Португалија и дипломати […]

Во Хрватска олеснуваат епидемиолошки мерки


Хрватска– Од денеска во Хрватска се во сила олеснети епидемиолошки мерки – кафулињата почнуваат да работат со тоа што ќе продаваат пијалоци „за носење“. Спортски сали, фитнес центри и училишта за странски јазици, детски игралишта и работилници, клубови за автомати, казина и обложувачници, исто така, ќе можат да работат. Олеснувањето на мерките е придружено со […]

Сообраќајот на патиштата отежнат, забрани на неколку патни правци


Сообраќајот на патиштата низ државата утринава се одвива отежнато и во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури, има и појава на голомразица. Во целосен прекин е патот меѓу селата Ранковце и Герман, а на неколку други патни правци има забрана за движење за тешки товарни […]

СЗО: Во изминатите 24 часа со коронавирусот се заразиле 300.000 луѓе


Швајцарија – Во светот во изминатите 24 часа регистрирани се повеќе од 300.000 новозаразени со коронавирусот, а бројот на заразени лица од почетокот на пандемијата во светот надмина 108,15 милиони, соопшти синоќа Светска здравствена организација. Бројот на потврдени случаи се зголеми за 300.530, а починаа уште 7.776 лица. Во Европа се регистрирани најголем број случаи (122.528), следуваат Северна и Јужна Америка (115.652) и областа на Источен Медитеран (22.938). Од почетокот […]

Израелско истражување: Вакцината на „Фајзер“ е 94 отсто ефикасна


САД–  Вакцината на Фајзер/Бионтек против коронавирусот покажала ефикасност од 94 проценти во студија на повеќе од милион луѓе, соопшти најголемата израелска компанија за здравствено осигурување. Според компанијата Клалит, тестирани биле 600.000 луѓе кои примиле две препорачани дози на вакцина, и ист број на луѓе кои не биле вакцинирани. Вакцините покажаа намалување на симптомите за 94 […]

Бајден ќе присуствува на виртуелна средба со лидерите од Г-7


САД– Американскиот претседател Џо Бајден ќе присуствува на неговиот прв состанок со лидерите на Г-7 в петок (19 февруари). Состанокот ќе биде виртуелен и ќе се разговара за пандемијата на коронавирусот и светската економија, соопшти Белата куќа. „Виртуелната средба со лидерите на водечките демократски  пазарни економии ќе му овозможи на претседателот Бајден да разговара за […]

Здравствените работници во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ први ќе се вакцинираат


Вакцинацијата против Ковид-19 во државава ќе почне в среда (17 февруари). Први ќе бидат вакцинирани здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Во земјава вчера пристигна првата пратка од 4.680 вакцини од предвидените 8.000 вакцини против Ковид-19 на компанијата „Фајзер“ кои се донација од Србија. Вакцините на граничниот премин Табановце […]

Катастарот лани впишал 15.852 легализирани објекти, нова евиденција и за државниот имот


Во Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) лани биле успешно завршени 15 852 барања за легализација. Од стартот на процесот за легализација досега вкупно се впишани 264.488 легализирани објекти, информираат за МИА од Агенцијата за катастар на недвижности. Со актуелниот Закон за легализација можеа да се легализираат дивоградби изградени до март 2011 година, а во […]

„Оксфам“ ја повика ЕУ да забрза распределба на бегалци


Белгија – Хуманитарната организација Оксфам и Грчкиот совет за бегалци ја повикаа Европската унија за забрзување на прераспределбата на бегалците меѓу државите во блокот, јави ДПА. Откако Европската комисија даде предлози за реформи во септември минатата година, има мал напредок, велат организациите во нивниот заеднички извештај. Од септември до крајот на минатата година, не повеќе […]

Пандемијата ги натера земјоделските компании да користат современи алатки


Корона кризата ги натера земјоделските компании кои извезуваат свои производи и расади да ги користат компјутерите и апликациите за да имаат контакт со странските партнери. Земјоделската фирма на Бојан Стефанов во селото Аргулица, во општина Карбинци неколку години наназад,  дел од садниците за лозов и овошен насад ги извезува во Русија.  Заради пандемијата потребните дозволи […]

Перуанската министерка за надворешни поднесе оставка откако се вакцинирала пред приоритетните групи


Перу–  Перуанската министерка за надворешни работи Елизабет Астете поднесе оставка откако призна дека направила голема грешка со вакцинирањето против Ковид-19 во јануари, пред приоритетните групи од населението. Привремениот претседател Франциско Сагасти веднаш ја прифати нејзината оставка. Астет е втората министерка која ја напушта владата поради скандал со вакцинација, откако шефицата на Министерството за здравство го […]

Сончево и многу студено до минус 16


Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -16 до -6, а максималната ќе достигне од -5 до 0 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура […]

Австралија ја доби првата пратка вакцини против Ковид-19 на „Фајзер“


Австралија– Австралија следната недела ќе почне со вакцинирање на своето население против Ковид-19, откако денеска ја доби својата прва пратка вакцини од американската компанија „Фајзер“. Владата соопшти дека над 142.000 дози пристигнале на пристаништето во Сиднеј. Меѓу првите вакцинирани на 22 февруари ќе бидат медицински лица, жители на домови за стари лица и вработени во […]

На Шапка 71 сантиметар снег, во Маврово 44


На Попова Шапка е формирана снежна покривка од 71 сантиметар, во Маврово 44, Крушево 41, во Битола 36, Дебар 33, Демир Капија 28, во Тетово и Претор 25, Приле и Штип 24, Берово 22, Охрид 18 и во Скопје 15 сантиметри. УХМР информира дека на Попова Шапка е измерена и најниска температира од -14 степени, а […]

Албина Грчиќ ќе ја претставува Хрватска на Евросонг


Хрватска- Хрватска избра! Во Опатија е одржана Дора. Победи младата Албина Грчиќ од Сплит со песната „Тик-Ток“. Изборот го следеа скандали и незадоволство од конкуренцијата. Линк до целиот текст на Глориа.хр тука 

Ѓоковиќ се пласира во четвртфинале на Австралија опен по победата над Раониќ


Австралија– Новак Ѓоковиќ е непобедлив во Мелбурн и сигурно чекори кон подобрување на рекордот од 8 титули на Австралија опен, по победата против Милош Раониќ со 3:1. Иако по триумфот против Фриц во минатата рунда, српскиот ас објави дека е можно и да не игра денеска, поради повреда на стапалото, сепак излезе на „Род Лејвер“ […]

Студено и во наредните денови, температурите под просекот за овој период


Студеното време ќе продолжи и во наредните денови со потпросечни температури за овој период и со умерен до засилен северен ветер. Метеоролозите најавуваат постепено затоплување од четврток. Утринските температури до среда во најголем дел од земјава ќе бидат под – 10, а на места и под -15 степени. Дневните температури ќе се задржат под нулата.

Нови венчаници инспирирани од принцезите на Дизни


САД- Идните невести ќе можат да го создадат својот моден момент засекогаш благодарение на новата колекција на венчаници од Дизни за 2021 година. За да ја прослави 30-годишнината од постоењето на класичната Убавица и ѕвер, Дизни по втор пат се здружи со Allure Bridals за да дизајнираат три прекрасни венчаници инспирирани од инспирирани од легендарната […]

Вистина


ЛЕЈЛА САБИТ Некој сака да ја открие, а некој да ја сокрие. Некој ја бара во виното, а некој во љубовта. Некогаш е добро да се дознае, а некогаш е подобро да не се дознае. За вистината некој се бори, некој не мрднува со прст, а некој гине. За некого е се, а за некого […]

Зимски услови на патиштата, забрани воведени за тешките товарни возила


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонија пат.  Врнежи од снег со променлив интензитет проследени со северен ветер се бележат на целата територија на државата. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.На одредени […]