Таблоид му се извини на принцот Хари за приказната дека ѝ свртел грб на војската


Англија – Британскиот принц Хари доби извинување и значителна оштета од издавачите на „ Mail on Sunday“ откако тој го тужеше таблоидот за клевета во врска со тврдењата дека и свртел грб на војската кога ја завршил својата кралска улога. Хари започна со правна постапка откако во октомври напис во весникот рече дека изгубил контакт …

Таблоид му се извини на принцот Хари за приказната дека ѝ свртел грб на војската Read More »

Во светот до денеска од коронавирус умреле 2.227.605 лица


Франција– Од последици на коронавирусот до денеска во светот умреле 2.227.605 лица, додека заразени биле 102.788.810 лица, сооопшти денеска Франс прес за новиот биланс поврзан со пандемијата. Од официјалниот број на заразени, досега 62.454.800 лица се сметаат за излекувани. Експертите наведуваат дека бројот на официјално заразени не го одразува вистинскиот број на заразени, бидејќи многу …

Во светот до денеска од коронавирус умреле 2.227.605 лица Read More »

Анџелина Џоли ја продава сликата што Черчил му ја подари на Рузвелт


Англија – Слика од сер Винстон Черчил, која е дел од политичката и холивудската историја, оди  на аукција. Аукциската куќа Кристи соопшти денес дека мароканскиот пејзаж „Кула на џамијата Кутубија“ – подарок од Черчил на американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт – се продава од Анџелина Џоли следниот месец со проценета цена од 1,5 милиони фунти …

Анџелина Џоли ја продава сликата што Черчил му ја подари на Рузвелт Read More »

Во Кина уапсени 80 лица кои неколку месеци продавале лажни вакцини


Кина  – Кинеската полицијата од септември досега во три града уапсила повеќе од 80 лица вклучени во продажбата на фалсификувани вакцини, јавија денеска кинеските државни медиуми. Апсењата биле извршени во градовите Џангсу, Пекинг и Сандонг, а кинеската агенција Ксинхуа соопшти дека биле запленети 3.000 лажни вакцини. Ксинхуа наведе дека кинеското Министерство за јавна безбедност отворило истрага …

Во Кина уапсени 80 лица кои неколку месеци продавале лажни вакцини Read More »

Мета: Албанија е прва во Европа по бројот на починати од Ковид-19


Албанија – Албанскиот претседател Илир Мета денеска изјави дека земјата е прва во Европа по број на смртни случаи од коронавируси и оти владините мерки за спречување на ширење на вирусот не успеале. Тој на својот Фејсбук напиша дека албанската Влада не успеала да заштити човечки животи. Во исто време, тој ја повика албанската влада да …

Мета: Албанија е прва во Европа по бројот на починати од Ковид-19 Read More »

Знаменитостите и атракциите на Охрид на првата мобилна апликација „Discover Ohrid“


Центарот за интегриран развој Охрид – ЦИРО, со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ ја креира првата туристичка мобилна апликација „Discover Ohrid“. Проектот и плаикацијата се осмислени да придонесат кон зголемување на конкурентноста и одржливоста на охридскиот туристички сектор преку дигитализација на туристичките потенцијали и услуги. Истовремено се очекува апликацијата да ја подигне …

Знаменитостите и атракциите на Охрид на првата мобилна апликација „Discover Ohrid“ Read More »

Почина Борис Ноневски, поранешен директор на Кинотеката


По долго боледување завчера почина Борис Ноневски, политиколог, социолог на културата, истакнат проучивач на кинематографската и историјата на фотографијата на нашите простори и поранешен директор на Кинотеката на Македонија.   Роден е во 1948 година. По завршувањето на Факултетот за политички науки во Белград, работи во Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања во …

Почина Борис Ноневски, поранешен директор на Кинотеката Read More »

„Skopje Frames“ – меѓународен фестивал на краток филм во МКЦ


„Skopje Frames“ е меѓународен фестивал на краток филм што денеска и утре по првпат ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) во кино Фросина. Како што соопштија организаторите, фестивалот се стреми да инспирира, унапреди и овозможи поддршка за креирање кратки филмови, особено во време кога пандемијата КОВИД-19 има значително влијание врз филмската индустрија. Целта …

„Skopje Frames“ – меѓународен фестивал на краток филм во МКЦ Read More »

Цените на бензините и дизелот останаа непроменети, поевтинува екстра лесното масло


Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети, од ноќеска на полноќ нова пониска цена ќе има Ексстра лесното масло за домаќинство за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Според одлуката малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) остануваат на исто …

Цените на бензините и дизелот останаа непроменети, поевтинува екстра лесното масло Read More »

Американец по шести пат добива на лото


САД – Брајан Мос од Меридијан, Ајдахо, САД, освои 250.000 американски долари во четвртокот, како што објави лотаријата во таа сојузна држава. Но, ова за него е шестата ваква добивка, и е најголема досега. Мос, кој е сопственик на продавницата „Њуко спорт и исхрана“, нагласи дека редовно игра лото затоа што знае дека тоа е во …

Американец по шести пат добива на лото Read More »

Серија земјотреси на грчкиот остров Лезбос, најсилниот 4,9 степени


Грција – Околу осум часот утрово по локално време, во морскиот дел во близина на грчкиот остров Лезбос беше регистриран земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтерова скала, а една минути подоцна уште еден од 4,8 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Во период од час …

Серија земјотреси на грчкиот остров Лезбос, најсилниот 4,9 степени Read More »

„Луфтханза“ тргна на најдолгиот лет во својата историја


Германија – Германската авиокомпанија „Луфтханза“ вчера тргна на најдолгиот лет без застанување во својата историја, од Хамбург до Фокландските Острови, што е лет долг 13.700 километри. Овој лет би требало да трае 15 часа и 35 минути, истакна портпарол на авиокомпанијата. На летот во воената база Маунт Плезант се наоѓаат истражувачи од германскиот Институт „Алфред Вегенер“ …

„Луфтханза“ тргна на најдолгиот лет во својата историја Read More »

Во Маврово најстудено и најмногу дожд, на Шапка половина метар снег


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнал во Маврово, Битола и Охрид, по околу 20 литри на метар кавратен. Во Скопје наврнале седум литри, а најмалку дожд имало во Демир Капија само еден литар. УХМР информира дека најмногу снег, пак, има на Попова Шапка каде што снежната покривка е 51 сантиметар. Најстудено утрово е во Маврвово …

Во Маврово најстудено и најмногу дожд, на Шапка половина метар снег Read More »

Вашингтон зафатен од снежни врнежи


САД– Престолнината на САД вчера осамна со снежна покривка од пет до 10 сантиметри, најголеми врнежи на снег во изминатите две години. Во ноќните часови, темпаратурите се намалија два до три степени под нулата, иако снегот се очекува да се растопи во текот на неделата. Снежното невреме ќе трае денеска и утре, но со периоди …

Вашингтон зафатен од снежни врнежи Read More »

Зухаир Мурад меѓу модата и балетот: Креации што ве оставаат без здив (галерија)


САД- Либанскиот мајстор на модата Зухаир Мурад гледаше во светот на танцот за колекцијата пред есен 2021, правејќи паралели помеѓу неговото постојано движење и бесконечните циклуси на модата. Руската примабалерина Маја Плисецкаја, американската модна фотографка Дебора Турбевил и руската авангардна уметница Наталија Гончарова беа музи на сезоната, носејќи движења, графички мотиви и впечатливи слики во …

Зухаир Мурад меѓу модата и балетот: Креации што ве оставаат без здив (галерија) Read More »

Февруарската програма на Кинотека почнува со филмови на Душан Јовановиќ и Мустафа Надаревиќ


Сеќавања на старите добри мајстори на филмскиот занает од домашната и светската кинематографија, увид во поновата домашна и странска продукција, нови остварувања за тинејџерите и најмладите гледачи, како и потсетување на некои подзаборавени вредности кога филмот во светот – посебно Холивуд и независните продукции трагаа по нови естетски изрази, ќе понуди февруарската програма на Кинотека …

Февруарската програма на Кинотека почнува со филмови на Душан Јовановиќ и Мустафа Надаревиќ Read More »

МОН: Целоснo лажна вест се шири по социјалните медиуми за сексуално образование


Категорично ги демантираме невистините проширени од Фејсбук групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното обарзование.  Веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем. Ги повикуваме …

МОН: Целоснo лажна вест се шири по социјалните медиуми за сексуално образование Read More »

Ги запознаваме ретките болести: 28 дена во февруари со 28 ретки дијагнози


Во знак на поддршка на лицата кои се борат со ретки болести денеска почнува националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021“, во чии рамки ќе биде осветлена и Самуиловата тврдина, како едно од најважните обележја на Охрид. -Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот …

Ги запознаваме ретките болести: 28 дена во февруари со 28 ретки дијагнози Read More »

Предлогот за интерпелација на вицепремиерот Димитров пред пратениците


Собранието денеска треба да ја започне 30-та седница на чиј дневен ред се 50-тина предлог-закони за изменување и дополнување на постојни закони, како и интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, поднесена од опозицијата. Оваа седница првично беше закажана за 18 јануари, но тогаш не беше утврден ниту …

Предлогот за интерпелација на вицепремиерот Димитров пред пратениците Read More »

Во САД пуштени во промет над 50 милиони вакцини


САД – Во САД се работи активно на вакцинација на колку е можно поголем број луѓе, со цел спречување на ширењето на коронавирусот и запирање на епидемијата. Според сојузните Центри за контрола на болести (ЦДЦ), во земјата досега биле пуштени во промет речиси 50 милиони дози вакцини, а заклучно вчера (недела наутро) администрирани се 31,1 милион …

Во САД пуштени во промет над 50 милиони вакцини Read More »