Пристигнаа 200.000 вакцини „Синофарм“ во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје


Двесте илјади вакцини „Синофарм“ пристигнаа изутринава во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје. Пратката со вакцини ја пречекаа министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо. Вакцините се купени во директни преговори со производителот. Со нивно распоредување во регионалните вакцинални пунктови во шест града низ државава по празниците треба да стартува […]

Дипломатија на Балканот: Што е нон-пејпер и колку е важен


Документ кој нема наслов, датум, потпис или обврска за негово спроведување, а може сериозно да влијае на меѓународните односи, иако самото име вели дека не е хартија. Нон-пејпер е форма на дипломатска комуникација која стана многу важна затоа што може да иницира тешки проблеми без да му наштети на оној што ги иницира. – Неформалноста […]

Уапсени пет лица за киднапирањето на кучињата на Леди Гага


САД- Полицискиот оддел во Лос Анџелес уапси пет лица во врска со пукањето на шетачот на кучиња на Лејди Гага и последователната кражба на нејзините миленици. Едно од приведените лица е и жената која на крајот ги врати двата француски булдога во надеж дека ќе собере награда од 500 000 американски долари. „Ова беше дрско […]

Tетовско Теарце пример за соживот и подобрување на животот на село


Тетовско Теарце е место каде живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби и Роми, па таков повеќенационален е и составот на месната заедница која преку заедништво, соработка и помагање се обидува да ги подобри условите за живеење во ова место, а воедно и да ја унапредат меѓуетничката толеранција и соживотот. Сегашниот состав на месната заедница која функционира […]

Г.г. Стефан: Повикуваме на прифаќање на мерките, чување на здравјето, навремено примање лекови и вакцини и да се оддадеме и на постојана молитва


Велигден, денот на Христовото воскресение, е празник на животот и настан што ја промени историјата на светот. Воскреснатиот Господ е почеток и крај, и под небото нема друго име со кое би можеле да се спасиме. Оттаму Христовото Воскресение е нашата непоколеблива надеж, зашто „од смртта кон животот и од земјата кон Небото, Христос Бог […]

Да се почитуваат мерките за време на празниците, да се избегнуваат затворени простории и групирања, апелираат надлежните


За време на претстојните празници прв приоритет е почитување на мерките. Пожелно е да се тргнеме од турканици, да држиме дистанца, а во храмовите задолжително да се носи заштитна маска. Инаку, сите досегашни напори ќе бидат залудни доколку се заборави опасноста од вирусот. Ова се дел од препораките кои вчера до граѓаните ги упатија премиерот […]

Велипеток, најтешкиот ден во годината


Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велипеток. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок. Патем, од собата на Тајната вечера до Гетсиманија, Христос продолжил со Прошталната беседа и ги поучувал апостолите (Јован 15 […]

Очекувања, но не и гаранции за почеток на преговорите во јуни


Има очекувања и надежи, но не и гаранции дека Северна Македонија во јуни ќе ги почне преговорите за членство во Европската Унија, со оглед на моменталната состојба во Бугарија, по парламентарните избори и најавите во Софија за техничка влада. Македонската страна во повеќе наврати посочи дека и е потребен конкретен соговорник од бугарска страна за […]

Со пристигање на вакцините на „Синофарм“ од следната недела почнува масовна имунизација


Со пристигање на вкупно 200.000 вакцини на „Синофарм“, по велигденските празници и официјално ќе започне масовна имунизација на населението. Досега се вакцинирани вкупно 60 000 граѓани, а надлежните најавуваат дека од следната недела дневно ќе се вакцинираат по 10 000 граѓани, без да се создаваат гужви. Надлежните уверуваат дека процесот на имунизација се спроведува добро […]

Сончево и топло за велигденските и првомајските празници


Сончево и топло време ќе преовладува за време на претстојните велигденски и првомајски празници. Максималната температура наместа ќе достигне и до 30 степени. Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно на истокот ќе има услови за појава на краткотрајна изолирана нестабилност. […]

Во тек финалните подготовки за отворање на Културно-информативниот центар во Тирана


Течат последните подготовки за официјалното почнување со работа на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Албанија со седиште во Тирана, соопштија денеска од Министерството за култура. Отворањето на Центарот е резултат на потпишаната Спогодба меѓу Владата на Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија и заложбите за унапредување и продолабочување на културната соработка […]

Каролина Гочева наполни 41 година: Срцето ми е полно


Поп-ѕведата Каролина Гочева вчера го прослави 41-от роденден.Каролина за бројните добиени честитки од пријателите, колегите и фановите јавно се заблагодари на својот профил на Инстаграм. „Срце полно… Фала ви на честитките, денов не можеше да биде поубав“, напишаа таа. Гочева, како и целата македонска естрада, изминатава година, во услови на пандемија, кариерата ја стави во […]

Европарламентот ја усвои преговарачката позиција за “Ковид пасошите“


Белгија– Европскиот Парламент, ко-одлучувачката инситуција на ЕУ, ја усови својата преговарачка позиција за дигиталните зелени сертификати кои треба да овозможат повторно непречено патување во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.   Од сега можат да започнат преговорите со другата одлучувачка институција на ЕУ – Советот.   Европарламентот е на став дека овие зелени сертификати […]

Модерна го зголемува производството на вакцини против Ковид-19, за следната година планира три милијарди дози


САД– Американската компанија „Модерна“ денеска соопшти дека го зголемува глобалното производство на вакцини против Ковид-19 во обид да произведе до три милијарди дози во 2022 година. Компанијата предвидува дека годинава ќе испорача меѓу 800 и милијарда дози од својата вакцина. Нагласи дека гледа напред, бидејќи на голем дел од светот следната година и понатаму ќе му треба првата […]

Кина гради втора вселенска станица во Земјината орбита


Кина – Кина денес лансираше модул без екипаж во Земјината орбита, којшто содржи простор за сместување три лица. Тој ќе биде дел од нова вселенска станица, што треба да биде готова до крајот на 2022 година, објавија државните медиуми. Модулот, наречен „Хармонија на рајот“ (кинески: Тјанхе), беше лансиран од „Лонг марш 5-б“ – најголемиот кинески […]

„Допирот на зборот“ нова книга од проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ


Во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје деновиве излезе од печат книгата „Допирот на зборот“ од проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ. На страниците од своето ново дело авторката застапува текстови, во кои низ примери говори за книжевното и филозовско величие на зборот, а посебен ацент става на песната „Зборот“ од Блаже Конески. Во вториот […]

Вечерва се одржува Пичприч на тема „Жени во текст“


Годинашниот Пичприч, феминистички настан на кој жени раскажуваат приказни во живо, ќе се одржи вечерва со почеток од 19:00 часот. На тема „Жени во текст“, четири писателки од различни земји ќе зборуваат од гледна точка на женски автори и за начинот за кој се пишува за женските ликови. На настанот ќе учествуваат: Фиона Сампсон, британска […]

Живот по Белата куќа: Меланија Трамп ужива во спа


САД- За разлика од нејзиниот сопруг, Меланија Трамп остана надвор од политиката откако ја напушти Белата куќа во јануари. Поранешната прва дама не се појавила во јавност и дури ретко престојува во резиденцијата на двојката, одморалиштето Мар-а-Лаго во Вест Палм Бич, Флорида, според извештајот на Си-Ен-Ен . „Таа воопшто не е присутна во Мар-а-Лаго“, изјави […]

„Големиот Гетсби“ оди на Бродвеј


САД – Легендарниот роман на Френсис Скот Фицџералд – „Големиот Гетсби“ (The Great Gatsby) ќе добие своја театарска верзија како мјузикл. Музиката ја пишува британската пејачка Флоренс Вел – предводничка на рок-групата „Флоренс + машин“. – Таа книга ме прогонуваше многу во мојот живот… А, мјузиклите се мојата прва љубов!, изјави Велч. Таа ќе ги пишува нотите […]

Тесла има биткоини во вредност од 2,5 милијарди долари


САД – Тесла во моментов има биткоини вредни околу 2,5 милијарди долари, според документите доставени до американската Комисија за хартии од вредност и пазар на капитал (ДИК). Ова значи дека производителот на електрични автомобили на хартија остварил значителен профит само неколку месеци откако инвестираше во најголемата крипто валута во светот. Компанијата во документите навела дека нејзината […]