Владата ги усвои измените за цените на лекување во приватните клиники, на потег Собранието


Владата синоќа ги усвои измените на Законот за здравствена заштита со кои ќе се регулираат цените во приватните болници за хоспитализација на болните од Ковид-19. Со нив и се дава законско овластување на Владата да определува највисоки цени во приватните болници во висина на референтните цени утврдени од страна на Фондот за здравствено осигурување со […]

Во САД на бремените жени и родилките им препорачуваат вакцинација со „Фајзер“ или „Модерна“


САД –  Американскиот колеџ на акушери и гинеколози (ACOG) соопшти дека е најдобро за бремени жени и родилките кои сакаат да се вакцинираат против Ковид тоа да го направт со вакцината Фајзер-Бионтех или Модерна, наместо со вакцината Џонсон и Џонсон. Објавата ги следи упатствата на Центрите за контрола и превенција на болести кои препорачуваат прекин на […]

Собранието треба да ја продолжи расправата за Националната стратегија за спречување на корупцијата


Собранието денеска ќе ја продолжи 32-та седница на чиј дневен ред е расправата по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интерес 2021-2025. Расправата по предлог стратегија пратениците ја почнаа вчера. Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, пред пратениците, посочи дека петгодишната Национална стратегија што ја изработи ДКСК […]

Со повлекување на амандманите можност да се одблокира петтиот пакет економски мерки, исчекор направен и околу државјанствата


Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива вчера најавија дека ќе ги повлечат амандманите поднесени во Собранието за законите од петтиот пакет на економски мерки. ВМРО-ДПМНЕ, пак, претходно вчера соопшти дека ќе ги повлече своите амандмани што ги поднесе во Собранието за Предлог законот за државјанство. Елми Азири од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива […]

Бразил/Ковид-19: Се повеќе помлади од 40 години на интензивна нега


Бразил – Кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 во Бразил, се повеќе ги погодува младите, покажуваат податоците од болниците собрани минатиот месец, според кои повеќето пациенти на интензивна нега се помлади од 40 години. Извештајот е објавен од бразилската Асоцијација за интензивна нега и се базира на податоци од повеќе од една третина од одделите за […]

Облачно и значително посвежо


Времето во земјава ќе биде умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд и значително посвежо на север и на запад. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Утринската температура ќе се движи од 3 […]

Во судир на камион и автомобил едно лице загина, а три се повредени


Возач на патнички автомобил го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, додека три лица, кои биле сопатници во возилото со тешки повреди се пренесени на скопските клиники. Според информациите од СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Во близина на Ростушки мост се судриле […]

Мадона ја купи куќата на Д Викенд на Хајден Хилс за 20 милиони долари


САД-Поп-ѕвездата Д Викенд ја продаде својата палата од 13.391 квадратни метри во заедницата затворена со славни личности на Хајден Хилс, а купувачот не е никој друг туку мегаѕвездата Мадона, може да потврди АД. Пејачот на „Blinding Lights“ го купи местото во 2017 година – истата година кога е изградено – за скоро 20 милиони долари. […]

Нови 1.129 случаи на Ковид-19, починати 27 лица


Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани нови 1.129 случаи на Ковид-19 од направени 4.045 тестирања. Оздравени се 1.152 пациенти, а починати 27 лица.   Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на […]

Медведев поради коронавирус се повлече од турнирот во Монте Карло 


Монако – Вториот светски рекет Русинот Данил Медведев се повлече од тенискиот турнир од Мастерс серијата во Монте Карло, бидејќи е позитивен на Ковид-19.  Одлуката попладнево ја соопшти АТП.  Медведев, кој во Монте Карло е втор носител зад Новак Ѓоковиќ, сега е во изолација и неговата состојба се следи под будно око на лекарскиот тим на турнирот и АТП, се наведува во соопштението.

Џонсон и Џонсон ја одложува употребата на вакцината во Европа


САД – Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ денеска соопшти дека ја одложува употребата на својата вакцина против коронавирусот во Европа, додека во САД се спроведува истрага за поврзаноста меѓу ретки појави на згрутчување на крвта и нејзината вакцина. Компанијата ја објави одлуката откако центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и американската Управа за храна […]

Жителите на Ново Маало во одбрана на проектот спроти Холидеј ин, инвеститорот за утре најави јавна презентација


Жителите на населбата Ново Маало во Центар сметаат дека со проектот кој е предвиден да се гради на парцелата спроти Холидеј ин ќе се реши проблемот на многу семејства кои, како што велат, сé уште живеат во супстандардни услови, како да е 19 век или биле приморани да ги напуштат своите куќи. -Сите оние кои […]

По појавата на случаи на згрутчување на крвта, „пауза“ и за вакцината на Џонсон и Џонсон


САД – Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и американската Управа за храна и лекови (ФДА) препорачаа земјата да ја паузира употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19 откако беа пријавени шест случаи на „редок и тежок“ вид на згрутчување на крвта, јави Си-Ен-Ен. Шесте пријавени случаи биле меѓу повеќе […]

Митко Чавков од Штип пренесен во приватна болница во Скопје


Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков откако ноќта ја поминал во штипската модуларна болница, попладнево е веќе спроведен во приватна болница во Скопје. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров за МИА потврдува дека вчера откако му се влошила здравствена состојба на Чавков и имал ниска сатурација при прегледот од затворскиот лекар, веднаш е […]

Од Бред Пит до Хали Бери: Ѕвезди во улога на презентери на Оскарите 2021


САД– Американската академија за филмски науки и уметности го објави списокот на актери и познати личности кои ќе бидат домаќини на 93-та церемонија на доделувањето на Оскарите на 25 април во Долби Хол во Лос Анџелес, вклучувајќи ги ѕвездите Харисон Форд, Бред Пит и Хали Бери. На списокот се најдоа и Хоакин Феникс, Лора Дерн […]

Џенифер Анистон ќе посвои девојче од Мексико


САД– Холивудската актерка Џенифер Анистон (52) ги израдувала своите долгогодишни пријателки и колеги со веста дека ќе стане мајка. Оваа вест е ударна во светските медиуми. Според нив, Џенифер одлучила после два разводи да посвои девојче кое го запознала во сиропиталиште во Мексико, а самиот процес трае повеќе од една година. Актерката веќе со години […]

Се реконструира „Римскиот пат“ кон Хераклеја


Во тек се реконструктивните работи на пристапниот пат, односно т.н. „Римски пат“кој води до античкиот локалитет Хераклеа Линкестис во Битола. Градоначалничката на Општина Битола Натша Петровска изврши увид во градежните работи на терен, заедно со проект менаџерот Гоце Богоевски и претставниците на македонските партнери Завод и Музеј и МКЦ Битола. Богоевски објасни дека на оваа […]

Стручњаци на ФБИ го избраа најреално прикажаниот филмски психопат досега


САД – Според истражувања на Универзитетот Оксфорд, еден отсто од луѓето во западното општество се потенцијални психопати. Можеби изгледа и малку, но тоа е еден во сто луѓе, така што секој од нас, веројатно, познава барем еден психопат… И филмскиот свет е полн со нив, а стручњаци на ФБИ се согласија да анализираат неколку од познатите […]

Галони нова уредничка на Ројтерс, прва жена на таа позиција на најстарата светска агенција


Англија– Алесандра Галони ќе стане главна и одговорна уредничка на Ројтерс, прва жена на таа позиција во 170-годишната историја на оваа агенција. Галони (47) е родена во Рим. Досега таа беше една од уредниците во Ројтерс, а на местото главен уредник ќе го замени Стивен Адлер, кој ќе се пензионира кон крајот на април.   Таа има […]

„Лего“ е најреномиран бренд во светот, го следат„ Ролекс“ и „Ферари“


Од модните куќи, највисоко се искачи „Шанел“   САД- Се исплати да имате доверба – и доследност. Само прашајте ги Ролекс и Ферари. Двата бренда, лесно меѓу најголемите имиња (и заработувачи) на полето на луксузот, се исто така две од трите најреномирани брендови во светот според новата студија на RepTrak. Повеќеслојното истражување претставува еден од […]