Меркел ќе ја прими вакцината на АстраЗенека


Германија– Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја прими вакцината на АстраЗенека против коронавирусот. Според германскиот дневен весник „Велт“, политичарката од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ќе биде имунизирана со вакцината на АстраЗенека, со цел да се зголеми довербата во вакцината на Оксфорд низ цела Европска унија. Канцеларката Меркел има над 60 години и со тоа спаѓа […]

Градоначалникот на Рио де Женеиро повторно заразен со Ковид-19


Бразил – Градоначалникот на Рио де Женеиро, Едуардо Паеш изјави дека повторно е заразен со коронавирусот, речиси една година по првата инфекција. – За жал, позитивен сум, истакна Паеш на видео снимката објавена на Твитер, додавајќи дека има симптоми слични на грип. Тој нагласи дека е во својот дом и ги повика Бразилците да се чуваат. […]

Студија: Петпати поголема веројатност за зараза од оние кои прележале Ковид-19, околу 10 проценти повторно инфицирани


САД – Студија спроведена врз 3.000 млади американски маринци кои немале Ковид-19, покажа дека е петпати поголема веројатност да се заразат од оние кои ја прележале инфекцијата, додека околу 10 проценти од маринците кои се заразиле со коронавирусот биле повторно инфицирани. Студијата е објавена во медицинското списание „Лансет“. „Инфекциите во минатото не гарантираат имунитет, вакцинацијата останува […]

Против вакцината на „АстраЗенека“ се води медиумска војна зашто е евтина, вели Вучиќ


Србија– Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека против вакцината на „АстраЗенека“ се води медиумска војна и се зборува дека е лоша вакцина само затоа што е евтина. „Тоа што го набавувавме по 12, 13 и 14 долари, сега е 20. ‘АстраЗенека’ е евтина, бидејќи Оксфорд ја правеше да ја подели со човештвото и чини 5 […]

Австрија бара Бугарија да ја тргне блокадата кон Северна Македонија, оптимизам за решавање на прашањето оваа година


Австрија бара од Бугарија да ја тргне блокадата кон Северна Македонија и земјава да ја одржи првата меѓувлададина конференција со ЕУ за време на португалското претседателство, што завршува на 1 јули. Австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер нема разбирање дека Софија и натаму блокира, апелирајќи до Бугарија овој отпор да го заврши. Од […]

Продолжува намалувањето на бројот на новозаболени од Ковид-19, до крајот на април се очекуваат вакцини од Кина и „Фајзер“


По мини пикот на новозаболени од Ковид-19 на почетокот на неделава, последните бројки на новодијагностицирани бележат тренд на намалување, па така според вчерашната статистика регистрирани се 890 нови случаи на инфицирани со коронавирусот од направени 3.284 тестови. Во исто време, продолжува имунизацијата на населението со динамиката согласно располиживите вакцини и во очекување на нови дози […]

Спасовски: Груевски ќе си носи одговорност за сѐ што има направено


Поранешниот премиер Никола Груевски ќе си носи одговорност за се што и има направено на оваа држава, изјави синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостување на ТВ21. – И бегството и азилот и се што започнало има крај и тој ќе излезе пред лицето на правдата, нагласи Спасовски. Тој потенцираше дека во државава […]

Оној што издавал лажни пасоши нема да биде ослободен од одговорност, порача Спасовски


За многу кратко време, за неколку дена, ќе излезевме со акција на апсење, не со информација, доколку опозицијата не го обелоденеше случајот со пасошите во јавноста, истакна синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во интервју на ТВ21, одговарајќи на прашање околу случајот „Двојни“. – Истрагите кога се водат, тие не може да завршуваат со […]

Вакцинација: Дојде редот и за канцеларката?


Ангела Меркел утре ќе се вакцинира против коронавирусот со вакцината на АстраЗенека. Ваква информација денеска истовремено пренесоа новинските портали Велт и Штерн, повикувајќи се на сојузната канцеларија за печат Портпарол на германската влада не сакаше да ги потврди информациите дека канцеларката Ангела Меркел утре има термин за вакцинација, кои претходно ги објавија порталите на весниците […]

Турските здравствени работници бараат заострување на мерките поради зголемување на бројот на новозаразени


Турција – Здравствените работници во Турција денеска излегоа на улиците, протестирајќи против, како што го нарекоа, неуспехот на Владата да го спречи ширењето на пандемијата на коронавирусот. Во Истанбул и главниот град Анкара, лекарите носеа транспаренти на кои пишуваше „Стоп за смртта“, а протестот се одржа под силни безбедносни мерки. Во Истанбул дојде до куса расправија бидејќи полицијата првично не им дозволи […]

Уникатни и глобални невести: Вера Ванг се здружува со „Проновиас“ за пониски цени


САД– На 72 години и 32 години во бизнисот, Вера Ванг се шири и не планира да забави. Доајенот на индустријата на венчаници најавува партнерство со глобалниот невестински бренд Pronovias. Новиот потфат, кој Ванг го нарекува „нов бизнис за невести“, наместо да користи модна терминологија како „капсулна колекција“, ќе и овозможи да ја прошири својата […]

Прашањето за отпочнување преговорите има силни геополитички импликации за ЕУ, порача Димитров


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ја заокружи еднодневната работна посета на Австрија со средба со федералниот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг. Димитров нагласи дека прашањето за отпочнување на преговорите на земјата за полноправно членство во ЕУ има силни геополитички импликации за Унијата како проект за европско обединување. Како […]

Студија: До 10 пати е поголем ризикот од згрутчување на крвта по коронавирус, отколку од вакцината против него


САД – Истражување спроведено на 500.000 пациенти кои заболеле од Ковид-19 покажа дека згрутчување на крвта се јавило кај 39 лица на милион заразени, соопштија научници. Тие велат дека ризикот од појава на ретка церерална венска синусна тромбоза (ЦВСТ) е осум до десет пати поголем по зараза со коронавирус отколку по примањето на некоја од постоечките […]

Клуге: Ситуацијата во Европа е сериозна, бројот на смртни случаи надмина еден милион


Швајцарија – Регионален директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, денеска потврди дека минатата недела бројот на смртни случаи од последиците на коронавирусот во Европа надмина еден милион, пренесе агенцијата Анадолија. -Ситуацијата во нашиот регион е сериозна. Секоја недела се регистрираат околу 1,6 милиони нови случаи, што значи бројка од 9.500 инфицирани на […]

Се повеќе мажи жртви на семејно насилство поради напади на другите машки роднини


Во изминатите два дена по неколку пријави за семејно насилство се евидентирани во тетовската полиција,  а карактеристично е што кај поголемиот дел и сторители и жртви се машките лица. Вчера во Џепчиште 27 годишен син го пријавил таткото дека го нападнал, а 44 годишник од Челопек го пријавил стрикото. Претходниот ден 27 годишник од Тетово е […]

Дали постои поврзаност помеѓу векторските вакцини и појавата на тромбози?


Прво со вакцината на АстраЗенека дојде до појава на тромбози, сега слични појави се забележани по примање на вакцината на Џонсон и Џонсон. Дали тоа е поврзано со начинот на кој дејствуваат векторските вакцини? Појавата на тромбози на венски синус (церебрална венска тромбоза) што во изминатите месеци беше забележана особено кај млади луѓе по примање на […]

Груби: Интензивно се работи на патот Скопје-Блаце


Интензивно се работи на првите два километра од автопатот Скопје-Блаце, а јавното претпријатие за државни патишта веќе работи на проектирањето на втората делница во должина од 10,5 километри, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот […]

Кој од „Пријателите“ заработил најмногу?


САД – Хумористичната серија „Пријатели“ се прослави низ целиот свет, па денес, впечатокот говори дека нема човек на ова поднебје кој не ги знае Рејчел, Рос, Моника, Чендлер, Фиби и женкарот Џои. ТВ-серијата се прикажуваше 10 сезони и заврши пред 16 години, па многумина ги интересира – кој од шестмината глумци во главните улоги (Џенифер Анистон, […]

Борисов поднесе оставка на Кабинетот пред новоизбраните пратеници


Бугарија– Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов поднесе оставка пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министри. Такво соопштение објавија медиумите во Софија од прес-центарот на Советот на министри неколку минути по официјалниот почеток на седница на новиот парламентарен состав. Писмото на премиерот Борисов, со кое тој поднесе оставка на кабинетот, денеска беше […]

Приведен член на Земунски клан и избега на бугарската полиција додека чекаше екстрадиција во САД


Бугарија – Србинот Жарко Момчиловиќ, кој се смета дека е член на земунски клан, им избегал на бугарските полициски власти додека бил во домашен притвор во Бугарија, јавија софиски медиуми. Тој беше приведен во Бугарија во јануари на барање на САД – осомничен е дека бил учесник во меѓународна трговија со дрога. Момчиловиќ беше ослободен од притвор […]