Италија фаворит на обложувалниците на Евросонг во Ротердам


Претставниците на Италија

ХОЛАНДИЈА– Во тек се последните подготовки за новото издание на Евровизија, што ќе почне утре, на 18 мај, односно кога ќе се одржи и првото полуфинале на ова европско музичко натпреварување.

Претставничката на Франција

Според сегашните податоци на обложувалниците, најголем фаворит за победа е Италија и нејзиниот претставник – групата „Манескин“ со песната „Ziti e buoni“. Оваа година, 39 земји учествуваат на Евросонгот. Првите три фаворити се Италија со 22 отсто, Франција со 20 и Малта со 12 отсто.

До неодамна, Малта беше најголем фаворит за победа, но состојбата се смени по првата проба, кога нивниот претставник доби лоши критики за костумите и перформансите.

На четвртото место е Исланд, а следуваат Кипар, Бугарија, Швајцарија, Украина, Литванија, Грција, Русија, Шведска, Финска, Сан Марино и Норвешка.