Принцезата Шарлот е најбогато дете во 2021


Англија- Принцезата Шарлот, шестгодишната ќерка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон веќе достигна неколку пресвртници оваа година, и наводно е подготвена да биде прогласена за најбогато дете од кралско семејство во 2021 година со неверојатна нето вредност. Според новата студија од Electric Rides on Cars, според весникот „Ивнинг“, принцезата Шарлот го освои првото место на […]

Фон дер Лајен: Брзиот премин кон чистата енергија ЕУ ќе ја направи независен глобален играч


Белгија – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска на земјите-членки им кажа дека се „премногу зависни од гасот“, во контекст на тековната енергетска криза во која цените на бензинот се искачија на рекордни височини. Фон дер Лејен ги повика земјите од ЕУ да ја намалат зависноста од природниот гас и ја истакна потребата […]

Шефот на Бундесбанка поднесе оставка со предупредување за инфлација


Германија– Претседателот на Бундесбанка, Јенс Вајдман изјави денеска дека ја напушта германската централна банка кон крајот од годинава поради лични причини, но го искористи моментот за да го потврди своето предупредување за ризици од инфлација, пишува Политико. Вајдман побара од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер да го разреши од должноста на 31 декември, се наведува во […]

Во Брисел отворена изложбата насловена „Патот на Северна Македонија до НАТО“


Во седиштето на Алијансата во Брисел, попладнево министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја отвори изложбата насловена „Патот на Северна Македонија до НАТО“. – Задоволство ми е да ја отворам оваа изложба која го претставува нашиот пат кон Алијансата. Моментот на зачленување во НАТО беше момент за паметење, момент на гордост. Успеавме зашто бевме посветени и […]

Воена база во Мериленд затворена поради закана за бомба и евентуален оружен напад


САД – База на военоморските сили на САД во Бетесда, Мериленд, е затворена поради примена анонимна закана за поставена експлозивна направа, и спроведување истрага за активен вооружен напаѓач, соопшти базата на Твитер. Како што се соопштува, на сите војници им било наредено да се засолнат на безбедно место, откако утринава бил примен анонимен телефонски повик за […]

Кралицата Елизабета мора да одмара, го откажа патувањето во Северна Ирска


Англија– Кралицата Елизабета Втора неволно ги прифати медицинските совети за одмор неколку дена и го откажа патувањето во Северна Ирска, соопшти денес Бакингемската палата. Палатата не даде конкретни информации за одлуката, но вели дека 95-годишниот монарх е „добро расположена“ и разочарана што повеќе нема да може да ја посети Северна Ирска денес и утре. „Кралицата […]

Џонсон најави партнерство со Гејтс во вредност од 552 милиони долари


Англија – Британскиот премиер Борис Џонсон најави објави партнерство со Бил Гејтс вредно 552 милиони долари, чија цел ќе биде да се поттикнат зелени инвестиции во Велика Британија, со ветување дека земја брзо ќе ја зголеми примената на чисти технологии. Владата во Лондон ќе се приклучи на програмата на Гејтс, која ќе го забрза развојот на […]

Отказ за главниот уредник на „Билд“ и медиумскиот скандал во заднина


Медиумскиот концерн Аксел Шпрингер го отпушти главниот уредник на најтиражниот германски весник „Билд“, Јулијан Рајхелт. Што се крие зад оваа промена? И што е всушност скандалозно во оваа приказна за германските медиуми? Берлинскиот медиумски гигант Аксел Шпрингер во понеделникот вечерта (18.10) во соопштение за печатот напиша дека го отпушта главниот и одговорен уредник на весникот „Билд“, […]

Џоли за „Ел“ позираше високо на небото – како суперхеројка од „Етерналс“


САД– По бурната година на приватен план и проблемите со разводот и старателството над децата со екссопругот Бред Пит, Анџелина Џоли изгледа прилично мирно на својата најнова насловна страница на списанието ELLE за нивното специјално ноемвриско издание  „Жени во Холивуд“ . Таа изгледа опуштено и на овие нови фотографии.Фотосесијата е снимана над базенот, додека таа […]

Прва доза вакцина примиле 49,4 отсто од населението над 18 години


Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 17 октомври, со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4 отсто од населението над 18–годишна возраст. Кај лицата над 40–годишна возраст опфатот со една доза изнесува 57 отсто, кај лицата на возраст од 18 до 39 години опфатот со една […]

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам планираат патување во САД


Англија– Војвотката и војводата од Кембриџ, Кетрин Мидлтон и принцот Вилијам, најверојатно, наредната 2022 година ќе ги посетат САД. „’Тимот Кембриџ‘ е прилично сосредоточен на Америка и се грижи да има висок профил таму“, изјави извор за „Венити фер“. – „Можноста тие да остварат посета од висок профил е многу важна за следната година“. Патувањето, речиси […]

До петок сончево и топло, за викендот дожд и ветер


До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. По котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, најизразени утре наутро, информира УХМР. Во сабота ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а во недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од […]

Атина – европска престолнина на гурманите


Грција – Грчкиот главен град Атина е на прво место како најдобра европска престолнина за љубителите на храна, со вкупна оценка 88,47 од 100. Со тоа, градот ги победи и Мадрид (8,05 / 10), Париз, Белград, Софија и сите други. Интернет-страницата Uswitch.com во анализата ги зема предвид рестораните со четири ѕвезди, кафулињата, пабовите и вегетаријанските ресторани […]

Легендарниот југословенски голман Пантелиќ ја загуби битката со коронавирусот


Србија– Легендарниот југословенски и српски голман Драган Пантелиќ почина на 69-годишна возраст, како резултат на инфекција со коронавирус. Славниот чувар на мрежата утрово ја загубил битката со ковид-19, потврдуваат српските медиуми. Пред неколку дена, Пантелиќ бил примен во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, поради здравствени компликации, а за жал не помогна ниту борбата на лекарскиот […]

Баленсијага го замени Гучи како најбаран бренд на Lyst


Англија-Најновиот индекс на Lyst покажа дека модните ревии и настани со ѕвезди како Мет Гала, Еми и ВМА направија големо влијание врз резултатите од пребарувањето на платформата. Баленсијага се искачи за пет места, заменувајќи го Гучи на врвот на најжешките брендови во третото тримесечје од 2021 година. Пребарувањата во тој период скокнаа за 505 проценти, […]

Селин Дион ги одложи концертите во Лас Вегас заради здраствени проблеми


САД- Селин Дион (53) го одложува отворањето на своето ново шоу во Лас Вегас поради медицински проблеми. Легендарната пејачка  „доживува тешки и упорни грчеви во мускулите што ја спречуваат да настапи“, се вели во соопштението за печатот. „Нејзиниот медицински тим продолжува да ја проценува и третира. Сепак, симптомите што ги доживува и забрануваат да учествува […]

Утврден идентитетот и староста на починатиот и повредените во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово


Жител на Тетово на 45 годишна возраст, со иницијали Ф.Р, е мажот кој го загуби животот во сообраќајната несреќа попладнево на автопатот Скопје-Тетово во близина на натпатникот за Требош. При увидот на СВР Тетово утврден е и идентитетот на двете повредени лица, машко и женско лице од Тетово. – На местото на несреќата животот го […]

Зендаја е најмладата ѕвезда прогласена за „модна икона“


САД- Актерката Зендаја Колман остави свој печат во светот на модата со нејзината  фигура како манекенка и талент за облека од висока класа. Без разлика дали е целосно посветено на изгледот низ косата и шминката, или оддавање почит на великаните со пресоздавање на нивниот изглед, 25-годишната наградувана актерка е позната по тоа што предизвикува внимание […]

Клиниката за инфективни болести демантира дека во модуларната болница се случила хаварија


Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС) реагираа на информациите објавени на една телевизија дека во модуларната болница во склоп на Клиниката е избегната хаварија, со електричната енергија поради прокиснување на покривот. Како што истакнаа оттаму, во модуларната болница немало никаква хаварија, бидејќи ниту се случила поплава во болницата, ниту вода била во […]

Се очекува САД да го одобрат мешањето на вакцините за засилувачката доза


САД – Оваа недела се очекува американските регулатори да одобрат мешање на вакцините против ковид за засилувачка доза, во обид да обезбедат флексибилност за оние кои сакаат да ја задржат заштитата од коронавирусот.   Соопштението на Агенцијата за храна и лекови (ФДА) најверојатно ќе биде издадено истовремено кога ќе се даде одобрение за засилувачка доза на […]