Сончево со мала облачност, температурата до 29 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а …

Сончево со мала облачност, температурата до 29 степени Read More »

Истражување: Законите генерално добри и хармонизирани со ЕУ, недостига правилна имплементација


Правно-институционалната рамка во однос на политичкиот критериум и поглавјето 23 е во голема мера усогласена со европските стандарди, иако во одредени области, како на пример изборниот процес и финансирањето на политичките партии, потребна е опсежна ревизија. Темпото на реформи е многу бавно, но државата се опоравува од системските проблеми утврдени во извештајот на групата високи …

Истражување: Законите генерално добри и хармонизирани со ЕУ, недостига правилна имплементација Read More »

Сеуште е рано да не се носат маски на отворено, рано е и за свадби и концерти, вели Филипче


Сеуште е рано за да се даде општа препорака за маските да не се носат на отворено, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во одговор на новинарско прашање, Филипче рече дека за ова е разговарано утрово, но оти заклучокот е дека треба да се причека уште недела или две за една ваква мерка. – …

Сеуште е рано да не се носат маски на отворено, рано е и за свадби и концерти, вели Филипче Read More »

Вишиот јавен обвинител Бектеши побара повисоки казни за случајот „Рекет”


Изречените казни се благи и нема да бидат исполнети целите на казнување. Судот ги преценил олеснителните околности и недоволно ги земал во предвид отежнителните околности. Предлагам Апелацискиот суд да ги преиначи и им одреди повисоки казни, побара јавниот обвинител Дилавер Бектеши, образложувајќи ја жалбата пред Апелацискиот суд на ЈО за случајот „Рекет“. Обвинителството, исто така, …

Вишиот јавен обвинител Бектеши побара повисоки казни за случајот „Рекет” Read More »

Потпишан Меморандум за соработка во областа на културата меѓу Македонија и Грузија


Министерките за култура на РС Македонија и на Грузија, Ирена Стефоска и Теа Цулукиани, денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата. Со потпишувањето на Меморандумот се поттикнува директна соработка и размена на експерти меѓу институциите и организациите од областа на културата, размена на информации, како и воспоставување непосредни контакти во сите дејности – …

Потпишан Меморандум за соработка во областа на културата меѓу Македонија и Грузија Read More »

Србија и Турција заемно ќе ги признаваат дигиталните сертификати за вакцинација


Србија – Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ и амбасадорот на Турција во Белград, Хами Аксој, на денешната средба потврдија дека ќе бидат разменети дипломатски ноти за заемно признавање на електронските сертификати за извршена вакцинација против Ковид-19, јави дописникот на МИА од Белград. Оваа размена треба да се случи во следните неколку …

Србија и Турција заемно ќе ги признаваат дигиталните сертификати за вакцинација Read More »

Акција за подводно чистење на Дојранското езеро


Дваесет нуркачи од повеќе градови од земјава, во организација на Македонско-Хрватското друштво и еколошко нуркачкиот клуб „Пена“, викендов подводно го чистеа Дојранското езеро од пластичен и друг вид отпад во рамки на проектот „За чиста и здрава вода, стоп за загадување на водата“. Организаторите велат дека основна цел на проектот била да да се подигне …

Акција за подводно чистење на Дојранското езеро Read More »

Се појави лекарот од Сибир кој го лекуваше Навални


Русија – Лекарот од Сибир, Александар Мураховски, кој минатата година го лекуваше рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, се појави денеска откако беше пријавен за исчезнат за време на лов, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на регионалната влада. Потрагата беше покрената во шумите на регионот Омск, кој се наоѓа на околу 2.200 километри источно од Москва, откако Мураховски во петокот ја напуштил ловната …

Се појави лекарот од Сибир кој го лекуваше Навални Read More »

Полска ќе врши ревакцинација со Астра Зенека по 35 дена од првата доза


Полска– Полска ќе го скрати периодот меѓу двете дози на вакцинирање протов Ковид-19 со Астра Зенека, Фајзер и Модерна, соопшти денеска министерот за полската имунизациска програма Михаил Двирчик. Најголемо скратување меѓу двете дози ќе биде кај вакцината на Астра Зенека – 49 дена. Компанијата Астра Зенека при производството на вакцината соопшти дека периодот меѓу двете …

Полска ќе врши ревакцинација со Астра Зенека по 35 дена од првата доза Read More »

Зурабишвили: Отворањето на преговорите на С Македонија со ЕУ ќе биде силен сигнал за Грузија како што е вашето членство во НАТО


Членството на Северна Македонија во НАТО е многу силен сигнал дека вратата на Алијансата е навистина отворена и дека не се работи само за зборови, туку за реалност што на сите нас ни дава оптимизам. Се надевам дека тоа ќе се случи и со отворање на преговорите за пристапување со ЕУ, што исто така ќе …

Зурабишвили: Отворањето на преговорите на С Македонија со ЕУ ќе биде силен сигнал за Грузија како што е вашето членство во НАТО Read More »

Груби се вакцинираше против Ковид-19, апелира до граѓаните да се пријават на „vakcinacija.mk“


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ја прими првата доза на вакцина против Ковид-19. Тој испрати апел до граѓаните да се пријават за вакцинација на веб-страницата на Министерството за здравство, „vakcinacija.mk“, бидејќи, како што рече, само на овој начин ќе се постигне имунизација на целото население. Министерот …

Груби се вакцинираше против Ковид-19, апелира до граѓаните да се пријават на „vakcinacija.mk“ Read More »

Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили (фото)


Претседателот Стево Пендаровски денеска во претседателскиот кабинет на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, со што започна нејзината официјална посета на Република Северна Македонија. Како што соопштија од кабинетот на Претседателот, во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили, се одржува и …

Пендаровски домаќин на претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили (фото) Read More »

Министерката Шахпаска се вакцинираше против Ковид-19: Да се вакцинираме сите и да излеземе побрзо од пандемијата


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ја прими вакцината против Ковид-19. Таа во изјава за медиумите посочи дека граѓанска должност е сите да пристапиме кон процесот на вакцинација, за што побрзо да излеземе од пандемијата и се вратиме на нашите секојдневни обврски. -Штотуку ја примив првата вакцина против Ковид-19. Доколку голем број …

Министерката Шахпаска се вакцинираше против Ковид-19: Да се вакцинираме сите и да излеземе побрзо од пандемијата Read More »

„Фанк Шуи“ на “HEMI live music sessions“


Од вкупно 285 европски таленти од Централна и Југоисточна Европа, жирито првично избра 27 бендови од 9 држави, меѓу кои од Македонија беа избрани Плутос Даутс, Фанк Шуи и Ју. Во вториот круг влегоа ФАНК ШУИ, заедно со уште осум европски бендови.  HEMI MUSIC AWARDS (HMA) е нова програма, наменета за талентирани музички изведувачи кои …

„Фанк Шуи“ на “HEMI live music sessions“ Read More »

Пејачката Туна стана мајка по втор пат, сподели фотографии по породувањето 


Поп-пејачката Алтуна Сејдиу- Туна стана мајка по вторпат, а на Инстаграм сподели емотивни фотографии. Таа објави фотографии од раѓањето на нејзиниот син Зен па напиша: „Се молев на Бог да ми донесе на светот маж кој секогаш ќе ме сака. Тој ме благослови со два сина. Среќен Ден на мајката! Горда мајка на Тиан и …

Пејачката Туна стана мајка по втор пат, сподели фотографии по породувањето  Read More »

Изложба „Голем формат II“ со дела од македонски и странски автори во МСУ


Изложбата „Голем формат II“ oд колекцијата на Музејот на современата уметност Скопје (МСУ) од утре ќе биде отворена за посетители, и ќе трае до почетокот на јуни. На изложбата се претставени дела од девет автори со уметнички дела во голем формат на слики, инсталации и скулптури. Селекцијата на дела од колекцијата на МСУ ја направи …

Изложба „Голем формат II“ со дела од македонски и странски автори во МСУ Read More »

Одговорна иднина: Модна колекција и виртуелна изложба на учениците од „Партенија Зографски“


На младите им припаѓа иднината, а видена низ призмата на учениците со оштетен слух од државниот центар „Партенија Зографски“ во Скопје, таа е убава, колоритна, игрива и позитивна Mладите креативци создадоа оригинални, уметнички и експериментални дела за време на едукативните работилници за мода, традиционално грнчарство, современа керамика, модерна обработка на дрво, продуктен и графички дизајн …

Одговорна иднина: Модна колекција и виртуелна изложба на учениците од „Партенија Зографски“ Read More »

Принцот Мајкл од Кент среде скандал- обвинет е дека „продавал“ пристап до Путин


Англија- Во истражувачкиот извештај на британските медиуми се вели дека братучедот на кралицата Елизабета Втора, принцот Мајкл од Кент, бил подготвен да го искористи својот кралски статус за лична добивка и да побара услуги од рускиот претседател Владимир Путин. Во прикриената истрага на „Сандеј тајмс“ и „Канал 4“ новинари се претставиле како инвеститори на лажна …

Принцот Мајкл од Кент среде скандал- обвинет е дека „продавал“ пристап до Путин Read More »

Ново рочиште за ,,Титаник” по две месецa пауза


По два месецa одлагања и неодржани рочишта, денеска во Кривичниот суд Скопје е предвидено да продолжи судењето за случајот „Титаник”. Предметот за изборните нерегуларности од 2011, 2012 и 2013 година се уште е во фаза на доказна постапка. Судењето го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова. Освен поранешниот …

Ново рочиште за ,,Титаник” по две месецa пауза Read More »

Време е за MID SEASON SALE во Скопје Сити Мол!


Големите пролетни попусти се веќе тука и време е за уживање во шопинг во Skopje City Mall по уште пониски, односни свежи цени. Овој Мај месец во Скопје Сити Мол можете да ги најдете најголемите попусти и промоции кои брендовите ќе ги понудат на своите колекции во овој период. Како што знаеме сите, овој пролетен …

Време е за MID SEASON SALE во Скопје Сити Мол! Read More »