Франко Неро го враќа Кевин Спејси на филм со улога на детектив


САД- Актерот Кевин Спејси (61) се враќа на филмот. Понижениот Оскаровец, ќе се појави во претстојниот италијански филм наречен L’uomo Che Disegnò Dio, што во превод значи The Man Who Drew God, пренесува ABC News. Режисер на филмот е италијанскиот актер Франко Неро, кој исто така ќе глуми во филмот. „Многу сум среќен што Кевин се …

Франко Неро го враќа Кевин Спејси на филм со улога на детектив Read More »

„Метакосмија“- изложба на македонски уметници во Софија


Бугарија– Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија денеска во 17 часот ќе биде отворена изложбата „Метакосмија“, составена од слики на македонските уметници Ангелина Спировска и Владо Муковски. Изложбата се состои од околу 20 слики создадени со мешана техника – акрил и смола. Како што јави дописникот на МИА од Софија, отворањето на …

„Метакосмија“- изложба на македонски уметници во Софија Read More »

Економската соработка ЕУ-Русија е се потешка, смета Фон дер Лајен


Белгија – Економската соработка меѓу ЕУ и Русија станува се потешка, нагласи претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, јави ДПА. Таа изрази жалење што „многу наши обиди во текот на многу, многу години … да ги подобриме односите со Русија не постигнаа успех што беше можен“. Претседателката на Европската комисија, која зборуваше на маргините …

Економската соработка ЕУ-Русија е се потешка, смета Фон дер Лајен Read More »

Папата до медиумите на Ватикан: Кој ги чита вашите вести?


Ватикан – Папата Франциск ги повика вработените во медиумите во Ватикан да ја оправдаат својата работа, прашувајќи ги колку луѓе воопшто ги читаат нивните вести. Франциск го праша ова за време на посетата на Канцеларијата за медиуми и односи со јавноста, што го чини Светиот Престол повеќе од сите негови амбасади низ целиот свет – …

Папата до медиумите на Ватикан: Кој ги чита вашите вести? Read More »

Вицепремиерот Битиќи во посета на Косово


Заменик – претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска ќе престојува во работна посета во Република Косово. Во рамки на посетата, Битиќи во Приштина ќе се сретне со министерката за трговија, претприемништво и индустрија, Розета Хајдари, по што ќе учествува на регионалната економска конференција „Економско влијание …

Вицепремиерот Битиќи во посета на Косово Read More »

Малта – прва во Европа со колективен имунитет од Ковид-19


Малта– Властите во Малта соопштија дека државата е првата земја во ЕУ што веќе има постигнат колективен имунитет против коронавирусот. Властите соопштија дека 70 проценти од возрасната популација примила барем една доза вакцина. – Денеска достигнавме колективен имунитет, изјави синоќа на прес-конференција министерот за здравство на Малта, Крис Ферн. Тој истакна дека „вакцината е оружје против …

Малта – прва во Европа со колективен имунитет од Ковид-19 Read More »

Командантот на силите на САД за Европа и Африка, генерал Кристофер Каволи во посета на Македонија


Меѓусебната соработка и учеството на заедничките активности на Армијата на Република Северна Македонија и командата на силите на САД за Европа и Африка, ќе бидат дел од темите за разговор на нашиот државниот врв со командантот на силите на САД за Европа и Африка, генерал Кристофер Каволи кој денеска е во официјална посета на Република …

Командантот на силите на САД за Европа и Африка, генерал Кристофер Каволи во посета на Македонија Read More »

„Луфтханза“ времено прекинува со летови над Белорусија


Германија – Германската авиокомпанија Луфтханза соопшти дека привремено ги прекинува летовите во белорускиот воздушен простор по присилното слетување на патнички авион во Минск, јави ДПА. „Со оглед на развојот на моменталната состојба, засега ги прекинуваме активностите во воздушниот простор на Белорусија“, соопшти Луфтханза. Холандската авиокомпанија КЛМ привремено ќе ги прекине летовите над Белорусија. Одлуката уследи откако …

„Луфтханза“ времено прекинува со летови над Белорусија Read More »

Османи во посета на Полска


Европската агенда на Северна Македонија и поддршката на Полска во таа насока, ќе биде во фокусот на разговорите на средбите на шефот на дипломатијата Бујар Османи при денешната посета на Варшава.  Османи, како што соопшти Министерството за надворешни работи, денеска патува за Полска каде што ќе се сретне со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Збигњев Рау. …

Османи во посета на Полска Read More »

Се зголемува интересот за вакцинација против Ковид-19, граѓаните да се пријавуваат за да добијат термин


Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. Досега 400.284 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk . На вакциналните пунктови во државата вакцинирани се вкупно 220.733 граѓани. Министерот за здравство Венко Филипче вчера на својот фејсбук профил објави дека пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на производителот „Фајзер” од кои 5850 се преку директни преговори со производителот, …

Се зголемува интересот за вакцинација против Ковид-19, граѓаните да се пријавуваат за да добијат термин Read More »

Сончево и топло до 33 степени


Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 …

Сончево и топло до 33 степени Read More »

БиХ втора во светот според бројот на смртни случаи од коронавирус на милион жители


БиХ – Босна и Херцеговина е втора во светот според бројот на смртни случаи од коронавирус на милион жители, покажуваат податоците на „Ворлдометар“. Само Унгарија е пред БиХ. Од прогласувањето на пандемијата, во БиХ се регистрирани 9.150 смртни случаи од Ковид-19. Од февруари минатата година до денеска, во БиХ се регистрирани вкупно 203.391 заразени со коронавирусот. Според статистиката на страницата „Нашиот свет …

БиХ втора во светот според бројот на смртни случаи од коронавирус на милион жители Read More »

Бернард Арно е најбогат човек во светот


САД- Најбогатиот човек на светот од денеска е францускиот моден магнат Бернард Арно, кој го престигна сопственикот на Амазон, Џеф Безос, на врвот на листата на најмоќни луѓе во светот. Списанието „Форбс“ го проценува богатството на Арно на 186,3 милијарди долари, што е за 300 милиони долари повеќе отколку што има Безос. Промената на врвот се …

Бернард Арно е најбогат човек во светот Read More »

Во Грција ќе се вакцинираат само една доза оние кои прележале Ковид-19


Грција– Лицата кои прележале Ковид-19, во Грција ќе бидат вакцинирани само со една доза од вакцината и тоа во период од шест до 12 месеци по заразувањето, соопшти попладнево претседателка на Националната комисија за вакцинација Мариа Теодориду, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на процесот на имунизација во земјата, гнералниот секретар во Министерството …

Во Грција ќе се вакцинираат само една доза оние кои прележале Ковид-19 Read More »

Филипче: Пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на „Фајзер”


Денеска пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на производителот „Фајзер” од кои 5850 се преку директни преговори со производителот, а 4680 дози кои ЕУ ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe), објави попладнево на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Оваа програма за поддршка во …

Филипче: Пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на „Фајзер” Read More »

Руската амбасада: За Путин, словенската писменост во Русија дојде од Македонија


Руската амбасада во земјава го честиташе 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. „Му го честитаме на братскиот македонски народ Денот на светите Кирил и Методиј, кој се слави како државен празник“, стои во објавата на Твитер профилот на Амбасадата. Од таму ја цитираат изјавата на рускиот претседател Владимир Путин:   …

Руската амбасада: За Путин, словенската писменост во Русија дојде од Македонија Read More »

Победниците на Евросонг „Манескин“ пречекани во Италија како херои: Ќе се тестираме на дрога за да престанат обвинувањата


Италија- Италијанската глам рок-група, која победи на Евровизија „Манескин“ се врати дома бурно пречекана од фановите , со пофалба од италијанската влада и со толку многу шпекулации дека главниот пејач шмркал кокаин за време на финалето во саботата вечер. „Ние сакаме да ги затвориме гласините“, изјави пејачот на Манескин, Дамиано Давид, пред новинарите на аеродромот …

Победниците на Евросонг „Манескин“ пречекани во Италија како херои: Ќе се тестираме на дрога за да престанат обвинувањата Read More »

Ѓоковиќ спремен за Ролан Гарос


Србија – Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, кој оваа недела игра на турнирот во Белград, ја коментираше неговата состојба пред Ролан Гарос. – Јас организирам сè на таков начин што ќе го достигнам врвот во Париз. Во Белград, играњето за игра е важно за мене, важно е да разработам одредени детали од играта и идеално да …

Ѓоковиќ спремен за Ролан Гарос Read More »

Нови седум случаи на Ковид-19, 18 починати, 71 оздравен


Во изминатите 24 часа се регистрирани седум нови случаи на Ковид-19 од направени 1.418 тестирања. Сите нови пациенти позитивни на коронавирусот се од Скопје. Регистрирани се 71 оздравени пациенти, пријавени се вкупно 18 починати лица, од кои седум од Скопје.   Министерството за здравство информира дека од вкупно 71 оздравен пациенти, од кои во Скопје – …

Нови седум случаи на Ковид-19, 18 починати, 71 оздравен Read More »

Азески панелист на 28. Копаоник бизнис форум


Под мотото„Светот по Ковид-19: Нови извори на раст во промената на деловните услови“ се одржува 28. Копаоник бизнис форумот од денеска до 27 мај. На 28. Копаоник бизнис форум, во четири последователни дена ќе се реализираат дваесет и еден панел на кој ќе се дебатира за релевантни тековни теми. Во пресрет на дебатата што се …

Азески панелист на 28. Копаоник бизнис форум Read More »