Од 20 јуни Скопје домаќин на меѓународен детски тениски турнир


Од 20 до 25 јуни во Скопје ќе се одржи меѓународниот детски тениски турнир „Cherry Cup Skopje“ кој е сличен на турнирите што се организираат во Белград Умаг и Дубровник. Турнирот се организира по трет пат, а на него ќе учествуваат деца на возраст од 5 до 14 години кои ќе се натпреваруваат во седум …

Од 20 јуни Скопје домаќин на меѓународен детски тениски турнир Read More »

Вакцината „КјурВак“ има ефикасност од само 47 отсто


Германија– Германската биотехнолошка компанија „КјурВак“ (CureVac) соопшти дека нејзината вакцина против Ковид-19 е ефикасна само 47 проценти во подоцнежната фаза од испитувањето, поради што во прашање се доведуваат потенцијалните испораки на стотици милиони дози за Европската унија. Британските медиуми пренесуваат дека Европската унија како досега единствениот и главен клиент на вакцината „КјурВак“, во ноември резервира …

Вакцината „КјурВак“ има ефикасност од само 47 отсто Read More »

Почнува летната филмска програма во Музејот на современа уметност


Од денеска почнува летната филмска програма во Музејот на современа уметност. На тремот под отворено небо во следните четири месеци, публиката ќе може да проследи десет креативни документарни филмови. Летното кино ќе биде отворено со кинеско-американскиот документарен филм „Нашата временска машина“ (2019) од режисерите Yang Sun и S.Leo Chiang, кој досега е прикажан на повеќе …

Почнува летната филмска програма во Музејот на современа уметност Read More »

Предлогот на Португалија на маса во Софија: Што ќе донесе денешната средба на највисоко ниво?


Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Софија. Целта на посетата е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија. Од владината прес-служба соопштија дека премиерот …

Предлогот на Португалија на маса во Софија: Што ќе донесе денешната средба на највисоко ниво? Read More »

ЕУ ја стави С. Македонија на листата безбедни земји од Ковид-19, уште 421 активен случај во државата, вчера ниту еден починат


Амбасадорите на ЕУ вчера се согласија да се укинат рестрикциите за несуштински патувања за државјаните на неколку држави, меѓу кои и Република Северна Македонија.  Одлуката треба да биде формално објавена во Службениот весник на ЕУ со што ќе стапи во сила, најверојатно во петок. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека одлуката на Европската Унија …

ЕУ ја стави С. Македонија на листата безбедни земји од Ковид-19, уште 421 активен случај во државата, вчера ниту еден починат Read More »

Српскиот актер Славко Штимац во болница поради компликации од Ковид-19


Србија– Српскиот актер Славко Штимац (60) хоспитализиран е во Воено медицинскиот центар „Карабурма“ поради Ковид-19, пренесува „Танјуг“. Тој пред 10 дена бил примен во болница поради воспаление на белите дробови, предизвикано од коронавирусот. – Штимац е сместен на ВМЦ поради пневмонија. Неколку дена бил на кислородна поддршка, но за среќа неговата здравствена состојба не бара …

Српскиот актер Славко Штимац во болница поради компликации од Ковид-19 Read More »

Османи во Анталија на состанок со шефовите на дипломатиите на земјите членки на ПСЈИЕ


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во Анталија, каде ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Османи, како што информираат од МНР, во рамки на министерскиот состанок ќе има одвоена билатерална средба со домаќинот, министерот на Турција, Мевљут Чавушоглу, како …

Османи во Анталија на состанок со шефовите на дипломатиите на земјите членки на ПСЈИЕ Read More »

Сончево и топло, попладне краткотраен дожд и грмежи


Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска претпладне во земјава, а веќе од попладне се очекува локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 33 степени. Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од северен …

Сончево и топло, попладне краткотраен дожд и грмежи Read More »

Подеми и падови во односите на Путин со американските претседатели


САД– Рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска првпат имаше средба со Џо Бајден, забележа подеми и падови во односите со петте американски претседатели со кои беше во контакт од доаѓањето на власт кон крајот на 1999 година. Самиот Џо Бајден покажа голема цврстина кон својот руски колега откако ја презеде функцијата во Белата куќа во …

Подеми и падови во односите на Путин со американските претседатели Read More »

Италија со триумф над Швајцарија обезбеди осминафинале на ЕУРО2020


Италија– Италија е првиот осминафиналист на ЕУРО2020, откако „Азурите“ триумфираа синоќа над Швајцарија во Рим со 3:0 (1:0) и со шест бодови се првопласирани во групата А по воведните две кола. Двоен стрелец во италијанските редови беше Мануел Локатели (26. минута и 52. ), а победата ја завери Чиро Имобиле во 89. минута. За Италија ова беше 29-ти …

Италија со триумф над Швајцарија обезбеди осминафинале на ЕУРО2020 Read More »

Филипче: Одлуката на ЕУ доаѓа по стабилизација на ковид-состојбата во државата, но пандемијата се уште не е завршена


Министерот за здравство Венко Филипче вели дека одлуката на Европската Унија за олеснување на патувањата на нашите државјани доаѓа по стабилизацијата на состојбата со вирусот во државата. Но, тој предупредува дека пандемијата сè уште не е завршена и оти треба да се придржуваме кон мерките за заштита. – Европската Унија одлучи да ги олесни ограничувањата …

Филипче: Одлуката на ЕУ доаѓа по стабилизација на ковид-состојбата во државата, но пандемијата се уште не е завршена Read More »

Краткиот филм „Северен пол“ на Апчевска во трка за Златната палма во Кан


Краткиот игран филм „Северен пол“ на македонската режисерка Марија Апчевска влезе во селекцијата за Златна палма на престојниот 74. Кански фестивал. Ова е првпат македонски краток филм да е во трката за Златната палма. „Северен пол“ е избран меѓу 10-те кандидати за престижната награда од пријавените 3.739 филмови, објави фестивалот. Селекцијата куси филмови, меѓу кои …

Краткиот филм „Северен пол“ на Апчевска во трка за Златната палма во Кан Read More »

Македонските фудбалери на концерт на Симон Трпчески во Букурешт


Романија– Македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчески, вечерва ќе одржи концерт во Букурешт на кој специјални гости ќе бидат македонските фудбалски репрезентативци и членовите на стручниот штаб. Концертот е во рамки на „Македонската недела“ во романската престолнина, која е во организација на македонската Влада и Амбасадата во Букурешт. Трпчески е верен навивач на …

Македонските фудбалери на концерт на Симон Трпчески во Букурешт Read More »

Метју Пери го продаде „небесниот замок“ во Лос Анџелес за над 21 милион долари


САД– „Небесниот замок“ на комичарот Метју Пери во населбата Сенчури Сити во Лос Анџелес, е продаден за малку повеќе од 21 милион долари. Тоа е најскапата продажба на ваков стан во јужна Калифорнија од 2015 година досега. Ѕвездата на „Пријатели“ издвои 20 милиони долари за станот во 2017 година, а две години подоцна сакаше да …

Метју Пери го продаде „небесниот замок“ во Лос Анџелес за над 21 милион долари Read More »

Истражување: Три години по потпишувањето, Договорот од Преспа се уште е сензитивна тема за граѓаните во двете земји


Три години од потпишувањето, Договорот од Преспа за решавање за спорот за името помеѓу Северна Македонија и Грција, се уште е сензитивна тема за многу граѓани во двете земји. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење кое го направи канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер од Грција и Кипар и Грчката фондација за европска и надворешна …

Истражување: Три години по потпишувањето, Договорот од Преспа се уште е сензитивна тема за граѓаните во двете земји Read More »

Случај Арнаутовиќ: Расизам на фудбалскиот терен и политизација на ЕУРО 2020


Однесувањето на австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ на мечот против македонската репрезентација на ЕП и натаму ја бранува фудбалската, но и пошироката јавност. Случајот го анализираат и весниците на германски јазик „Сè уште има многу претпоставки за вистинската причина за целата возбуда. Што точно рече Австриецот Марко Арнаутовиќ по неговиот погодок против Северна Македонија за 3-1? …

Случај Арнаутовиќ: Расизам на фудбалскиот терен и политизација на ЕУРО 2020 Read More »

Блокирани улиците во Женева, Бајден пристигна во вилата, се чека на Путин


Швајцарија– Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател, Џо Бајден, денесја ја имаат првата тет-а-тет средба во вилата „ Ла Гранж“ во Женева, каде што зад затворени врати ќе разговараат за голем број спорни прашања во време кога американско-руските односи се на најниско ниво од крајот на Студената војна.   Американскиот претседател вчера пристигна во …

Блокирани улиците во Женева, Бајден пристигна во вилата, се чека на Путин Read More »

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година


Министерството за внатрешни работи информира дека пасошите на граѓаните, чија важност истекува по 31 јули 2020 година, ќе продолжат да важат до 31 декември 2021 година.   – Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/2021 …

Истечените пасоши ќе важат до крајот на оваа година Read More »

Отворена изложбата „Монодрамите и дуо драмите на МНТ“


Во фоајето на Македонскиот народен театар (МНТ) отворена е изложбата „Монодрамите и дуо драмите на МНТ“, во која се претставени дваесетина монодрами и дуо драми од репертоарот на театарот, почнувајќи од 1974 и „Дневникот на лудиот“ со Владимир Светиев па сѐ до последните „Последната лента на Крап“ на Ѓорѓи Јолевски и „Само глас“ со Звездана …

Отворена изложбата „Монодрамите и дуо драмите на МНТ“ Read More »

Принцот Хари првата слика од новородената ќерка ја споделил со Кејт Мидлтон


Англија – Британскиот принц Хари ја споделил првата фотографија од неговата тукушто родена ќерка, на „чет-порака“, со неговата снаа – војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон, а не со брат му, принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, пренесуваат западните медиуми. Како што пишува „Јаху ентертејнмент“, многумина се надеваат дека малата Лилибет Дијана, со кралската грациозност на нејзината прабаба …

Принцот Хари првата слика од новородената ќерка ја споделил со Кејт Мидлтон Read More »