Метју Пери го продаде „небесниот замок“ во Лос Анџелес за над 21 милион долари


САД– „Небесниот замок“ на комичарот Метју Пери во населбата Сенчури Сити во Лос Анџелес, е продаден за малку повеќе од 21 милион долари. Тоа е најскапата продажба на ваков стан во јужна Калифорнија од 2015 година досега.

Ѕвездата на „Пријатели“ издвои 20 милиони долари за станот во 2017 година, а две години подоцна сакаше да го продаде за 35 милиони. Немаше заинтересирани, па ја снижи цената на 27 милиони, 23 милиони, па завчера ја затвори зделката за 21,6 милиони долари.

Matthew Perry's full-floor penthouse at the Century building was renovated by architect Scott Joyce and designer LM Pagano.

Просторот опфаќа скоро 864 квадратни метри, со четири тераси со панорамски поглед на градот, планините и океанот. Новиот сопственик ќе ужива и во простории за билјард, за мали кинопроекции и кујна во средината.

Местото има и четири спални соби и седум бањи, двојни плакари и грандиозна дневна соба со камин и стаклен ѕид со поглед нанадвор. За автомобилите предвидени се три покриени паркинг-места.