Случај Арнаутовиќ: Расизам на фудбалскиот терен и политизација на ЕУРО 2020


Однесувањето на австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ на мечот против македонската репрезентација на ЕП и натаму ја бранува фудбалската, но и пошироката јавност. Случајот го анализираат и весниците на германски јазик

„Сè уште има многу претпоставки за вистинската причина за целата возбуда. Што точно рече Австриецот Марко Арнаутовиќ по неговиот погодок против Северна Македонија за 3-1?

Тоа биле неколку ‘вжештени зборови во емоцијата на играта, за кои би сакал да се извинам’, според образложението на напаѓачот; ‘националистички изблик’, според мислењето на македонската фудбалска федерација. Во секој случај, очигледно беше толку несоодветно, што неговиот колега Давид Алаба беше принуден силно да го стисне Арнаутовиќ за вилицата […]”, пишува германскиот весник Зиддојче цајтунг, констатирајќи:

Линк до целиот текст на Дојче Веле тука