Вечер на Скопскиот џез фестивал посветена на солидарноста со бегалците


Вечерва, како претпоследна вечер од 40-тото јубилејно издание на Скопскиот џез фестивал, ќе биде посветена на солидарноста со бегалците. По повод тригодишната соработка на иницијативата Џез за солидарност со бегалците претставничката на Агенцијата на ОН за бегалци, Моника Сандри и директорот на Скопскиот џез фестивал Оливер Белопета остварија средба, на која, како што информираат, изразиле […]

„Just A Notion”: АББА објави песна од 1978 што досега не сме ја слушнале (видео)


Шведска- Песната „Just A Notion” на АББА е снимена во далечната 1978. година, но никогаш не била објавена. До сега. „Википедија“ вели дека оваа песна е снимена во септември 1978. година, што е точно. Ја става меѓу албумите „ABBA“ и „Voules-Vous“ и таа ќе беше вклучена во вториот (албумот „Voulez-Vous“) ако не се решивме против […]

Бугарските и македонските историчари ништо не договорија


Македонските и бугарските историчари денеска и вчера дискутирааа за повеќе прашања во рамки на 15-тата редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, што поради пандемијата со коронавирусот се одржа во онлајн формат. Како што брифираат за МИА од македонската страна во Комисијата, на средбата не […]

Нови 411 случаи со Ковид-19, четири починати


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.209 тестирањe, а регистрирани се 411 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 198, Куманово – 40, Штип – 19, Велес – 18, Кавадарци и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 10, Тетово и Радовиш – […]

Украинската национална хероина фатена со лажен сертификат за вакцинација


Украина– Украинската национална хероина Надја Савченко, која некогаш беше приведена во Русија, е фатена со лажна потврда за вакцинација против коронавирус во нејзината земја и и се заканува затворска казна. – Савченко (40) е фатена во Киев со лажен сертификат за вакцинација против Ковид-19, изјави денеска министерот за внатрешни работи Денис Монастирски.   Во земјата […]

Пендаровски од Небрегово: Конески и неговото дело една од нашите вредносни котви кои ни даваат стабилност


Во време кога сите наши потпорни точки се сериозно предизвикани, во време кога се соочуваме со страдање и смрт на глобално ниво, во време кога пандемијата не дистанцираше од другите, често и од самите себеси, нужно е да ја нагласиме важноста на вредносните котви кои ни даваат стабилност во нестабилново опкружување. Една од нашите заеднички […]

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.574.184 дози вакцини, а ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани


Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.933 дози вакцини, од кои 483 се аплицирани како прва доза, 1.150 се ревакцинирани, а 3.300 граѓани примиле трета доза вакцина. -Заклучно со 21 октомври вкупно се вакцинирани 800.718 граѓани, ревакцинирани се 767.800, а трета доза примиле 5.666 граѓани. Од популацијата над […]

СЗО: Безбедна е истовремената употреба на вакцините против Ковид-19 и грип


Швајцарија– Истовремената употреба на вакцини против грип и коронавирус е безбедна, покажаа истражувањата за кои денеска во седиштето на СЗО во Женева зборуваше Силви Брајан, директорка на Службата за глобална подготвеност за критични инфекции при Светската здравствена организација. -Постојат неколку студии кои покажуваат дека е безбедно да се даваат двете вакцини истовремено, објасни таа. „Сепак, мора […]

Приштина прогласи за „персона нон грата“ двајца руски дипломати


Косово– Косовската претседателка, Вјоса Османи објави денеска дека, на нејзино барање, Министерството за надворешни работи на Косово прогласило за „персона нон грата“ двајца службеници на Канцеларијата за врски на Руската Федерација во Косово и започнало процедура за нивно протерување од државата, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението од кабинетот на Османи, прогласувањето за непожелни во […]

Четири лица загинаа во невреме со урагански ветар во Полска


Полска – Четири лица го загубија животот, а 18 се повредени во невремето што синоќа ја зафати Полска, а беше проследено со силен ветер со ураганска сила, оставајќи зад себе материјална штета и уништени дрвја во  западниот и централниот дел на земјата, соопштија полските власти. Пожарникарите пријавиле повеќе од 10.000 интервенции и 930 оштетени згради, јави […]

Danke schoen: Обама и се заблагодари на Меркел што ја држеше ЕУ заедно


САД– Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во оддавањето почит на германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, заблагодарувајќи и се што е „сидро во бројни бури“.   Во видео пораката прикажана на нејзиниот последен самит на ЕУ, Обама рече: „Вашиот сакан народ и целиот свет ви должат голема благодарност што […]

Шведска вознемирена поради убиството на 19-годишниот рапер


Шведска– Шведската хип-хоп ѕвезда Еинар, 19-годишен рапер, беше застрелан во петокот вечерта во Стокхолм, што ја вознемири јавноста во таа скандинавска земја, кадешто се почести се оружените пресметки. Убиството се случи по серијата напади, киднапирања и злосторства во изминативе години кои сведочат за порастот на насилството на малата сцена на шведскиот „гангста рап“ кој понекогаш […]

Вакцината „Фајзер/Бионтек“ ефикасна 90,7 отсто кај децата


САД – Вакцината „Фајзер/Бионтек“ против Ковид-19 била 90,7 отсто ефикасна во клиничките испитувања кај деца на возраст од пет до единаесет години, соопшти денеска американската фармацевтска компанија. Шеснаесет деца кои примиле плацебо се разболеле од Ковид-19, а само три биле вакцинирани, наведува „Фајзер“ во документите доставени до Управата за храна и лекови на САД (ФДА). Главната […]

Многу повеќе Американци добиваат засилувачка вакцина од оние кои се решиле на прва доза 


САД– Бројот на Американци кои добиваат засилувачки вакцини против коронавирус е двојно поголем од бројот на оние кои ја добиваат својата прва доза, покажуваат податоците на Центрите за контрола на болести (ЦДЦ), јави денеска Вашингтон пост.  За изминатата недела заклучно со четврток, дневниот просек на луѓе во САД кои добиле засилувачки вакцини изнесува околу 340.000, […]

Турскиот театар со премиера на детската претстава „Рапунзел“ во режија на Џабир Доко


Турскиот театар утре (сабота) во 14 часот премиерно ќе ја изведе детската претстава „Рапунзел“ во адаптација и режија на Џабир Доко, според мотиви на Браќата Грим. Улогите ги толкуваат Инес Радончиќ, Ебру Мусли, Јеткин Сезаир, Жале Османи, Метин Ибрахим и Дин Ибрахим. Сценографијата е на Татјана Блажевска -Христоска, а костимографијата на Розе Трајческа – Ристевска. […]

Месец за борба со ракот на дојка: Навремените прегледи спасуваат живот


Во јавното здравство жените тешко доаѓаат до термини за ехо на дојка или мамограф особено во изминатата година и пол од почетокот на пандемијата со КОВИД-19. На одбележувањето на Месецот за борба со ракот на дојка,  Здружението за борба против рак „Борка – За секој нов ден” и годинава укажа на важноста од навремени дијагностички […]

Две ЦД-промоции и доделување на наградата за најдобар македонски џез музичар на „Скопски џез фестивал“


В недела (24 октомври) во 16 часот на платото пред МКЦ, во организација на Скопскиот џез фестивал ќе бидат промовирани две ЦД-а и ќе се додели наградата за најдобар македонски џез музичар. Најпрвин, во 16 часот, на платото на МКЦ, ќе бидат промовирани нашите две нови изданија: ◦ “Intertwining a Fugue” на Yordan Kostov Ensemble и ◦ “A Wave Returns […]

МЗ: 74 отсто од новите случаи и 76 проценти од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани


Од 6 август до 21 октомври 2021, позитивни на Ковид-19 биле 42.945 граѓани, од нив 26 отсто биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица, покажува анализата на Министерството за здравство, од каде што појаснуваат дека за вакцинирани се сметаат лица кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза […]

Шведска домаќин на првата Зимска Евровизија во 2022


Швајцарија- Европската радиодифузна унија (ЕБУ) го објави одржувањето на првата Зимска Евровизија (Wintervision Song Contest) во 2022 година. Шведска ќе биде домаќин на инаугуративниот натпревар во Јукасјарви во декември 2022 година. Инспириран делумно од Зимските олимписки игри, Wintervision Song Contest ќе се одржува еднаш на секои две години и ќе се изведува целосно на снег […]

Македонија на Евросонг во Торино, објави ЕБУ


Италија- Јавните радиодифузери од 41 земја ќе учествуваат на Изборот за песна на Евровизија кога најголемиот светски музички настан во живо ќе се одржи во Торино следниот мај. 66-тиот натпревар, организиран од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и нејзината италијанска членка Раи, ќе се одржи во Пале Олимпико во Торино на 10, 12 и 14 мај […]