Полиција во ГТЦ – откриена операција за нелегално копање криптовалути


Голема полициска операција е во тек во подрумот во Градскиот трговски центар во Скопје, каде според засега неофицијални информации,  се спроведувала операција за нелегално копање криптовалути.

Десетина компјутери биле на диво приклучени без дозвола на струја во ГТЦ а самиот процес на ‘”копање” криптовалути троши големо количество струја.

Се очекуваат повеќе информации во текот на вечерта.