Нови 524 случаи на Ковид-19 од 3.126 тестирања, деветмина починати


Фото: Б. Грданоски

Нови 524 случаи на Ковид-19 од  3126 тестирања, 565 оздравени и девет починати пациенти се регистрирани во изминатите 24 часа. Министерството за здравство информира дека дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, пријавени се и осум починати лица со датум на смрт од 24 октомври до 13 ноември 2021.

Од новодијагностицираните, во Скопје се 215, Битола – 44, Кавадарци – 27, Куманово и Крива Паланка имаат по 24, Прилеп, Велес и Кочани по 21, Берово – 15, Делчево – 14, Тетово – 13, Гевгелија – 10, Неготино – девет, Кратово – осум, Штип и Демир Хисар по шест нови случаи, Охрид, Радовиш, Виница и Валандово по пет, Кичево, Ресен и Богданци по четири, Гостивар и Струга по три, Струмица и Пехчево по два и по еден новозаразен е регистриран во Свети Николе, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран.

Од деветтемина починати во изминатото деноноќие, тројца се од Крива Паланка (67г, 73г, и 81г), две лица се од Скопје (71г, и 77г) и по едно починато лице се од Битола (75г), Кочани (78г), Пробиштип (66г), и Тетово (67г). Сите се починати во болнички услови.
 
Меѓу дополнително пријавените осум починати од КОВИД-19 од системот Мој термин, со датум на смрт од  24 октомври до 13 ноември 2021, по двајца се од Скопје и од Велес и по еден од Гевгелија, Крива Паланка, Кочани и Тетово. Починатите се на возраст од 66 до 94 годни, пет од нив починале во домашни услови, а тројца се починати во болница.
 
Од 565-те оздравени пациенти, од Скопје се 245, Прилеп – 43, Битола – 34, Куманово – 32, Кавадараци – 28, Тетово – 26, Штип – 22, Велес – 19, Гевгелија – 16, Кочани – 15, Крива Паланка – 11, Струмица – осум, Гостивар и Пробиштип имаат по седум оздравени, Охрид, Кичево и Ресен по шест, Дојран – пет, Берово, Делчево и Виница по четворица, Неготино, Струга и Свети Николе по тројца, Кратово и Радовиш по двајца и по еден оздравен од Валандово, Богданци, Пехчево и Македонски Брод.
 
Епидемиолошки анализи на заболени и на активни случаи по градови:
 
Скопје 91 737, активни 3775
Куманово 12 662, активни 323
Тетово 11 234, активни 196
Прилеп 9898, активни 419
Битола 8138, активни 630
Гостивар 8045, активни 44
Велес 7111, активни 350
Кавадарци 6686, активни 344
Штип 6431, активни 220
Охрид 6296, активни 237
Струмица 5981, активни 111
Кичево 4190, активни 96
Струга 3876, активни 57
Кочани 3838, активни 230
Гевгелија 2693, активни 142
Неготино 2501, активни 86
Свети Николе 2072, активни 73
Крива Паланка 1816, активни 167
Радовиш 1676, активни 79
Ресен 1660, активни 90
Дебар 1453, активни 3
Берово 1329, активни 57
Делчево 1287, активни 117
Виница 1129, активни 45
Пробиштип 1092, активни 55
Валандово 882, активни 26
Кратово 727, активни 76
Богданци 616, активни 30
Крушево 571, активни 24
Демир Хисар 562, активни 83
Македонски Брод 483, активни 4
Демир Капија 419, активни 10
Македонска Каменица 387, активни 55
Пехчево 336, активни 12
Дојран 157, активни 5
 
Бројот на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна  209 971 од направени вкупно 1 433 550 тестирања. Оздравени се 194 346 пациенти, починати 7354, а активни случаи има 8271