САД го поздравуваат усвојувањето на Резолуцијата за геноцид во Сребреница


САД – Стејт департментот ја поздрави Резолуцијата за геноцид во Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора. – Ставот на САД во врска со ова прашање е долготраен и непоколеблив. Тоа болно поглавје од европската историја никогаш не смее да биде негирано, ниту заборавено, нагласи портпарол на Стејт департментот, одговарајќи на прашање на Гласот на Америка …

САД го поздравуваат усвојувањето на Резолуцијата за геноцид во Сребреница Read More »

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува


Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 454.104 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 274.710 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 5.834 граѓани, а вкупно се вакцинирале 7.720 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 473.853 дози вакцини, …

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува Read More »

Распад на Југославија: Националниот доход замина кај најбогатите


Преминувањето од социјализам во капитализам во земјите од поранешна Југославија беше обележано со значително зголемување на нееднаквоста. Сите шест републики – Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија имаа слични трендови. Уделот на националниот доход што завршува кај еден процент од најбогатото население се зголеми меѓу 1989 и 2019 година во сите …

Распад на Југославија: Националниот доход замина кај најбогатите Read More »

Изложба за Димче Коцо по повод 110 годишнината од раѓањето на уметникот и научник


Национална галерија на Македонија најавува дека во Чифте Амам на 23 јуни ќе биде отворена јубилејната изложба посветена на Димче Коцо, „Димче Коцо (1910-2020), јубилеј по повод 110 години од раѓање“. Изложбата ќе биде отворена до крајот на август, а ќе опфати речиси 150 таписерии, слики, скулптури и цртежи од сите фази на творештвото на …

Изложба за Димче Коцо по повод 110 годишнината од раѓањето на уметникот и научник Read More »

Нина Кравиц, Офенбах и С.А.Р.С. меѓу првите учесници на бугарскиот Егзит


Првите учесници на бугарското издание на Егзит се најавени од организаторите на настанот, кој ќе се одржи од 29 до 31 јули во градот Приморско. Повеќе од 50 изведувачи ќе настапат на четири сцени. Меѓу првите најавени учесници е едно од најважните имиња на светската електронска сцена Нина Кравиц, француското електронско дуо Офенбах и еден …

Нина Кравиц, Офенбах и С.А.Р.С. меѓу првите учесници на бугарскиот Егзит Read More »

Пендаровски ќе се сретне со Вселенскиот патријарх Вартоломеј


Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Турција, денеска во Истанбул ќе се сретне со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, соопшти Кабинетот на претседателот. Пендаровски вчера учествуваше на Анталија дипломатскиот форум, што се одржа на тема „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“, на кој се обрати …

Пендаровски ќе се сретне со Вселенскиот патријарх Вартоломеј Read More »

Пазар на органски производи во „Јавна соба“ – три саботи урбано шопинг доживување


Свежи органски домати, краставици, пиперки, рукола, зелка, компири, органски јаболков оцет, маџун и кашкавал, се само дел од палетата производи кои ќе може да се купат на првиот Пазар за органски производи – ПАЗАР.орг што се отвора денеска во 10 часот на зелената тераса на „Јавна соба“, а ќе се одржува и следните две саботи, …

Пазар на органски производи во „Јавна соба“ – три саботи урбано шопинг доживување Read More »

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)


Православните христијани денеска празнуваат Задушница, а утре Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените. На Задушница верните даваат милостина на сиромашните во …

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден) Read More »

Сончево со мала облачност, попладне пороен дожд, грмежи и ветер


Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни. УВ индексот ќе биде 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 22 до …

Сончево со мала облачност, попладне пороен дожд, грмежи и ветер Read More »

Дејвид Гета го продаде музичкиот каталог на „Ворнер брос“ за 100 милиони долари


САД– Дејвид Гета (53), продуцент на хитови како Titanium, I Got A Feeling и Hey Mama, ги продаде своите песни на „Ворнер брос“ за огромна сума. Францускиот диџеј се согласи да продаде за околу 100 милиони американски долари, што ги вклучува и неговите идни снимки, изјавија за Би-Би-Си луѓе запознаени со договорот. Каталозите на Боб …

Дејвид Гета го продаде музичкиот каталог на „Ворнер брос“ за 100 милиони долари Read More »

„Детска фантазија“ – изложба на скулптури од Ненад Тонкин


Во Галерија МКЦ вечерва во 20 часот ќе се отвори изложбата на скулптури „Детска фантазија“ од Ненад Тонкин. „Детска фантазија“ е серија скулптури инспирирани од цртежи на деца на возраст од 4 и 5 години. Некои се самостојни, а некои во група формираат сцени од замислен свет. Работени се во разни вајарски техники, а изработени …

„Детска фантазија“ – изложба на скулптури од Ненад Тонкин Read More »

Од утре во Грција може да се влезе и со рапид тест


Грција– Можноста за влез во Грција и со негативен антигенски рапид (брз) тест и зголемување на возраста од шест на 12 години за задолжителниот тест, се двете промени на правилата за влез во Грција, кои од утре, во 6 часот наутро стапуваат во сила, а меѓу другото важат и за државјаните на Северна Македонија, јави …

Од утре во Грција може да се влезе и со рапид тест Read More »

За викенд ревакцинација на белградски саем и Ниш со Астра Зенека


Србија– На Белградскиот саем и Чаир во Ниш викендов ќе се ревакцинираат околу 15 000 македонски граѓани, кои на 27 и 28 март ја примија првата доза на вакцината Астра Зенека, а продолжува и слободната вакцинација на македонските граѓани на останатите вакцинални пунктови во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Директорот на пунктот за …

За викенд ревакцинација на белградски саем и Ниш со Астра Зенека Read More »

САД ќе ставаат на црна листа и лица во Грција што работат против Договорот од Преспа


Оние што работат против Договорот од Преспа и во држави надвор од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и Грција, ќе може да се најдат на црна листа на САД. Ова за Гласот на Америка го изјавил портпарол на Стејт департментот, одговарајќи на прашањето дали администрацијата на Бајден планира да ги прошири санкциите и кон лица од …

САД ќе ставаат на црна листа и лица во Грција што работат против Договорот од Преспа Read More »

Финалето на ЕВРО 2020 може да се премести од Лондон во Будимпешта


Англија– Последниот натпревар на Европското фудбалско првенство 2020 може да се пресели од Лондон во Будимпешта, пренесува „The Times“. Според британскиот медиум, Англија, поради епидемиолошката состојба, не може да гарантира голем капацитет на стадионот, додека Будимпешта ветува дека ќе ги пополни трибините за 100 проценти. Британскиот премиер Борис Џонсон добил известувања од УЕФА за можно преместување. …

Финалето на ЕВРО 2020 може да се премести од Лондон во Будимпешта Read More »

Меркел и Макрон на состанок во Берлин за европската политика и за пандемијата


Германија– Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговараат на работна вечера во Берлин за пандемијата на коронавирусот, економското закрепнување, мигрантите и односите со Турција и со Русија. Макрон ќе биде првиот странски службеник што го посети Берлин од почетокот на годинава поради здравствената криза. Како што е најавено и од Берлин …

Меркел и Макрон на состанок во Берлин за европската политика и за пандемијата Read More »

Македонските фудбалери се селат во Амстердам


Романија– Македонската фудбалска репрезентација претпладнево (11 часот) од Букурешт со чартер лет ќе отпатува за Амстердам каде ќе го одигра својот последен натпревар на 16. Европско првенство. „Црвено-жолтите“ по двата пораза во Букурешт ги загубија шансите за осминафинале, но против Холандија ќе имаат можност да стигнат до првите бодови на ЕВРО 2020. Домаќинот на овој меч …

Македонските фудбалери се селат во Амстердам Read More »

НАСА предупредува: Земјата апсорбира „невидена“ количина топлина


САД –Земјата апсорбира двојно повеќе топлина отколку во 2005 година, според ново истражување дефинирано како „невидено“ зголемување во услови на климатска криза, објави „Гардијан“. Научниците од НАСА, американската вселенска агенција и Националната администрација за океани и атмосфера (НОАА) во новата студија нагласуваат  дека „енергетскиот дисбаланс на Земјата е двојно зголемен“ од 2005 до 2019 година. …

НАСА предупредува: Земјата апсорбира „невидена“ количина топлина Read More »

Фудбал


ЛЕЈЛА САБИТ Моќен како политичар. Атрактивен како мис. Полн со пари како милионер. Се обложувате на него како во казино во Лас Вегас. Забавен е, страствен, спортски граден, следи мода, најплатен во светот, има статус на ѕвезда, славен е, го сакаат манекенки, има смисла за бизнис, брзо се збогатува, а рано се пензионира. Престиж е …

Фудбал Read More »

Галуп/Анкета: Седумдесет отсто Бугари не сакаат отстапки во спорот со Скопје


Бугарија– Значителен процент Бугари не се согласуваат Софија да прави отстапки во спорот со Северна Македонија. Тоа се резултати од телефонска анкета на агенцијата за истражување на јавното мислење Галуп. Според Галуп, 70 отсто од испитаниците се против тоа Бугарија да го укине ветото за пристапување на Северна Македонија во Европската унија. Речиси 20 проценти се …

Галуп/Анкета: Седумдесет отсто Бугари не сакаат отстапки во спорот со Скопје Read More »