Италијанка ја пее „Море сокол пие“ , а ѝ свират момци од Barcelona Gipsy balKan Orchestra (видео)


Кога Македонка ја пее „Море сокол пие“ велиме ’браво’, кога некој од соседите го прави тоа важи истото, но што да се каже кога песната ја изведува девојка која нема апсолутно никаква врска со Македонија и дури и воопшто не била во нашата земја. Најновата преработка на прекрасната македонска традиционална песна доаѓа од работилницата на […]

Скопје добива нов простор за креативци-МАЛА ќе спојува архитектура и моден дизајн со една цел


Во среда се отвора нова креативна платформа МАЛА, која претставува мал хибриден простор во центарот на градот Скопје. Нова иницијатива, со поинаков концепт на функционирање вметнат во минималистички ентериер, со акценти во силна живописна розова боја позади која стојат Архитектонското студио KONNTRA и моднaта дизајнерка Евгенија Зафировска. Две реномирани студија од различни области на дизајнот. […]

Елтон Џон се налути на Ед Ширан оти ја издаде тајната за идниот заеднички дует


Англија– Британскиот пејач сер Елтон Џон му забележа на својот помлад колега Ед Ширан, дека издал „деловна тајна“ околу нивниот иден заеднички божиќен дует. – Се заколнав на тајност, а потоа големата уста, зае**ниот Ширан отиде во Холандија! Би требало (песната) да излезе – сè уште не сме ја завршиле, а има уште многу да […]

Временските услови оптимални за земјоделските активности


Сувото време по обилните врнежи е повеќе од добредојдено во овој период од годината за земјоделските култури, кога есенската сеидба е на почеток, но поволно се одразува и врз прибирањето на родот што остана на нивите пред врнежите, посебно на жетвата на оризот. Како што велат агрометеоролозите, промената на времето што се случи викендов беше […]

Филхармонија со концерт „Зимски соништа“ со виолист од Англија и диригент од Холандија


Оркестарот на Филхармонија в четврток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Зимски соништа“. Како солист ќе настапи виолистот Тимоти Ридаут од Велика Британија, диригент е Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концертот за виола во е-мол, оп. 85 (транскрипција од Kонцертот за виолончело) од Едвард Елгар и Симфонијата број 1 “Зимски соништа“ од П.И.Чајковски. […]

Четворица загинати во снежна лавина во Еквадор


Еквадор– Четири лица загинаа, а едно е повредено во снежна лавина на вулкан во Еквадор, соопштија денеска властите. Група од 12 луѓе се искачиле на неактивниот вулкан Чимборазо, покриен со снег, кога лавина ги затрупала на височина од 6.100 метри. Врвот на вулканот Чимборазо е на надморска височина од 6.263 метри и е највисоката точка […]

Зехофер: Заштитата на границите е легитимна


Германија– Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер во неделата оцени дека желбата за заштита на границите е „легитимна“, додека европските земји бараат помош од ЕУ за изградба на ѕидови од бодликава жица и спречување на масовното пристигнување на мигрантите. Полска побара 350 милиони евра и мобилизираше илјадници војници на границата за да изгради ограда […]

Шеста хрватска социјална недела: Хрватска во длабока демографска криза


Учесниците на Шестата хрватска социјална недела, усвоија Декларација во која предупредуваат дека Хрватска е во длабока демографска криза и побараа од властите да ги забават негативните трендови. За актуелната тема Демографија – емиграција – миграција разговараа околу двесте учесници, од кои 34 беа предавачи, по што беше усвоена Декларација и испратена до целата хрватска јавност, […]

Ања Тејлор-Џој е нов глобален бренд амбасадор на „Диор“


САД– Диор ја назначи  Ања Тејлор-Џој како негов најнов глобален бренд амбасадор. Наградуваната актерка ќе ја претставува женската мода на дизајнерската куќа, предводена од креативната директорка Марија Грација Кјури, и нејзината шминка, предводена од имиџ директорот за шминка, Петер Филипс. На 10 ноември, пак, Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) ќе ѝ ја додели […]

Тедрос: Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи, бидејќи сите алатки за борба против вирусот се достапни


Швајцарија– Пандемијата на Ковид-19 ќе заврши „кога светот ќе одлучи да стави крај“, бидејќи „сите алатки“ за борба против вирусот сега се достапни, рече во неделата шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, повторувајќи ги своите повици за поправедна дистрибуција на вакцината.   – Пандемијата ќе заврши кога светот ќе одлучи да и стави крај, таа […]

Алек Болдвин ризикува да биде кривично гонет за ненамерно убиство, велат правните експерти


САД– Алек Болдвин ризикува да биде кривично гонет за ненамерно убиство на снимателката Халина Хачинс, предупредија правните експерти. Холивудската ѕвезда може да се соочи со обвиненијата поради неговата улога како извршен продуцент на филмот, а не поради повлекување на чкрапалото, сугерираше американскиот обвинител Џозеф Коста. Коментарите дојдоа откако се појавија вести за напуштање на екипата […]

Од  денеска во Бугарија почнува проверката на  зелените сертификати


Бугарија – Од денеска во Бугарија почнуваат засилените инспекции за зелени сертификати. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските власти во изминатите неколку дена дозволија преоден период за да објектите на затворено да се подготват за пунктови за брзи тестирања,  галерии, кина и театри. Сертификатот нема да биде потребен при посета на аптеки, мали […]

Македонија продолжува да ги исполнува одредниците за визна либерализација


Спогодбата за стабилизација и асоцијација (САА) со ЕУ, потпишана во 2001 година, ја поставува рамката за односите на Северна Македонија со Унијата и вклучува политички, економски и технички дијалози. Во текот на извештајниот период експертите се состанале во седум Поткомитети и една Специјална група. Комитетот за стабилизација и асоцијација, пак, се одржа во јуни 2021 […]

Здравството се соочува со загуби на медицински кадар, особено на специјалисти, нотира ЕК во Извештајот


Здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено на специјалисти кои одат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство, оценува Европската комисија во неодамна објавениот Извештај за напредокот на земјата. Во Извештајот се оценува дека пристапот до лекари специјалисти во јавното здравство останува проблематичен. – И покрај обезбедувањето на зголемени плати […]

Концерт на солистите на Националната опера и балет


По повод Светскиот ден на операта вечер со почеток во 20 часот во Националната опера и балет, ќе се одржи концерт на солистите на Националната опера и балет. На концертот ќе настапат солистите Марјан Јованоски (баритон) и Владимир Саздовски (бас). Додека, гостин ќе биде Сандра Митровска (сопран); Пијано придружба Елена Сиљаноска. На програмата се арии и дуети од оперите […]

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ


Младинскиот културен центар ја продолжува сезоната на есенски настани со што вечерва во 20 часот со изведба на претставата „Парадоксот на Диоген“, во режија на младите Јована Зајкова и Бобан Русески. Претставата ќе биде придружена со танцувачка кореографија на креативниот колектив „X Squared“, како и претставници на Скопскиот танцов театар и училишниот центар „Илија Николовски […]

Мерсиха Шукри со концерт во Филхармонија ќе одбележи 20 години творење


Нашата најпозната харфистка Мерсиха Шукри вечер со концерт во Филхармонија ќе одбележи 20 години од нејзиното творење. На програмата ќе бидат изведени композиции од Дуранд, Дусек, Глинка и Хенсон. Како гости ќе настапат нејзините драги колеги Елена Талевска на виолина и Паскал Краповски на виолончело. М-р Мерсиха Шукри е родена во Скопје, каде дипломирала на […]

ЕК: Стапка од 96 проценти усогласеност на Македонија со надворешната политика на ЕУ


Република Северна Македонија продолжува да биде умерено подготвена во делот на заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика, се оценува во Извештајот на ЕК за напредокот на земјата за 2021 година, при што се нагласува дека усогласеност со одлуките на ЕУ и Европскиот совет е 96 проценти. Постигнат е одреден напредок во периодот на известување, со […]

Сончево со променлива облачност и слаб до умерен ветер


Времето во земјава ќе биде сончево со променлива облачност поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје, наутро свежо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура […]

Ричард Гир повикан да сведочи на судењето на Салвини за мигрантите


Италија- Матео Салвини, лидер на италијанската десничарска партија Лига, рече дека судењето каде што се соочува со обвинение за киднапирање затоа што одбил да дозволи брод со мигранти да се закотви во земјата во 2019 година, не е сериозно бидејќи актерот Ричард Гир беше повикан да сведочи. Салвини, кој во тоа време беше министер за […]