Уште десет дена поднесување барања за земјоделски субвенции


Земјоделците имаат уште десет дена за поднесување барања за субвенции. Крајниот рок е 30 јуни. На барање на Министерството за земјоделство, Владата минатиот месец го пролонгираше рокот поради пандемијата. Првично, рокот за аплицирање за финансиска поддршка беше до 31 мај. -Поради состојбата предизвикана од пандемијата, аплицирањето за субвенции оваа година се одвиваше со намалена динамика. …

Уште десет дена поднесување барања за земјоделски субвенции Read More »

Во Франција се одржува прв круг од локалните избори


Франција– Во Франција денеска се одржува првиот круг на локалните избори, што се смета за најголем тест пред претседателските избори следната година. Според анкетите, лидерката на десничарскиот Национален собир Марин Ле Пен е рамо до рамо со рејтингот на претседателот Емануел Макрон, пренесува европски „Политико“. Анкетите покажуваат дека одзивот на регионалните избори може да биде …

Во Франција се одржува прв круг од локалните избори Read More »

Од утре Словенците ќе можат да избираат вакцина со која ќе се имунизираат


Словенија – Словенците од утре ќе можат да изберат со која вакцина против Ковид-19 ќе се вакцинираат. – Имаме доволно вакцини и веќе од понеделник, ќе може да се избира вакцина, изјави синоќа словенечкиот премиер Јанез Јанша во говорот на конгресот на неговата Словенечка демократска партија (СДС). – Клучната цел е да се постигне таква стапка …

Од утре Словенците ќе можат да избираат вакцина со која ќе се имунизираат Read More »

Моника Сандри : Пандемијата не го сопре движењето на бегалците, тие можат да дадат придонес во земјата доколку постои солидарност


Кога еден човек со своите деца се соочува со ризик од смрт или прогон, не постојат ѕидови или пандемии што можат да го одвратат од обидот да најде безбедност. Пандемијата не го сопре движењето, а не го сопреа ниту ограничувањата. Бегалците и барателите на азил можат да дадат придонес кон одржливиот развој на земјата, доколку …

Моника Сандри : Пандемијата не го сопре движењето на бегалците, тие можат да дадат придонес во земјата доколку постои солидарност Read More »

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје


Градот Скопје информира дека денеска и утре во раните утрински часови ќе се одвива авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци. Исто така, од утре до петок во период од 22 до 03 часот наредниот ден, ќе се одвива и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот, против возрасни форми на комарци. Градските власти соопштија дека …

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје Read More »

Нова пратка вакцини „Фајзер“ и „Синовакс“


Уште еден пациент со индиски сој на вирусот Ковид-19 е регистриран во државата. Во меѓувреме, македонските државјани вчера масовно заминаа за вакцинирање во Србија, а на сила стапија и новите правила за патување во Грција, кои дозволуваат да се патува и со негативен рапид (брз) тест. Индискиот сој на вирусот Ковид-19 е регистриран кај пациентот …

Нова пратка вакцини „Фајзер“ и „Синовакс“ Read More »

Претпладне сончево , попладне нестабилно 


Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки …

Претпладне сончево , попладне нестабилно  Read More »

ЕВРО 2020: Унгарија освои бод против фаворитот Франција


Унгарија– Нерешено 1:1 заврши првиот натпревар од деветтиот натпреварувачки ден на Европското фудбалско првенство. Попладнево во Будимпешта, Унгарија се избори за реми против големиот фаворит за највисок пласман, репрезентацијата на Франција. Повеќе од 60 илјади навивачи на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта го поздравија водството на Унгарците преку Атила Фиола. Изедначи Антоан Гризман во 66. минута. Со …

ЕВРО 2020: Унгарија освои бод против фаворитот Франција Read More »

Рикер во посета на Охрид на почетокот на јули 


САД – Вршителот на должност, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер од 1-ви до 3-ти јули доаѓа во посета на Охрид, а претходно ќе престојува во Милано и Тирана, соопштија синоќа од американскиот Стејт департмент. -Амбасадорот Рикер во Охрид ќе пристигне на 1-ви јули, за да присуствува на конференцијата „Пат до Преспа“ (Road to Prespa), и да ја истакне поддршката на САД за продолжителен дијалог …

Рикер во посета на Охрид на почетокот на јули  Read More »

Детската книга на Меган Маркл е на врвот на бестселер листата на „Њујорк Тајмс“


САД- Беше објавена неколку дена по раѓањето на ќерката на војвотката од Сасекс и на  нејзиниот сопруг принцот Хари, Лилибет Дајана. Новата книга за деца напишана од Меган Маркл, војвотката од Сасекс, родена во Америка, се најде на првото место на листата на најпродавани на Њујорк Тајмс. The Bench беше замислена како поема за сопругот …

Детската книга на Меган Маркл е на врвот на бестселер листата на „Њујорк Тајмс“ Read More »

Романот „Бунар“ од Димитар Башевски објавен во Софија


Издавачката куќа „Изида“ од Софија го објави на бугарски јазик романот „Бунар“ од Димитар Башевски во превод на Тања Попова. Првото издание на романот „Бунар“ кај нас е објавен во 2001 година, ја доби потоа наградата Роман на годината на „Утрински весник“ и доживеа повеќе изданија во земјата и во странство. Минатата година, исто така …

Романот „Бунар“ од Димитар Башевски објавен во Софија Read More »

ЕУРО 2020: Турнир со малку победници на економски план


И покрај пандемијата, европското првенство е во тек – со уникатен модел на организација. Во фудбалот на ЕУРО 2020 ќе се промени малку, но во економскиот биланс веројатно многу. И покрај пандемијата, Европското првенство во фудбал започна – со уникатен режим на поставување. Малку ќе се промени во фудбалот, но веројатно многу во економскиот биланс. …

ЕУРО 2020: Турнир со малку победници на економски план Read More »

Во Пловдив ќе биде прoмовирана книгата на македонскиот писател Сашко Насев


Македонскиот писател Сашко Насев денеска ќе го промовира својот роман „Средби со ѓаволот“, во рамките на престижната културна манифестација „Пловдив чита“, јави дописникот на МИА од Софија. Книгата ќе ја претстави литературниот критичар и издавач Пламен Тотев. За прозата и драмата на проф. Сашко Насев ќе зборува и познатиот локален интелектуалец и писател Антон Баев. …

Во Пловдив ќе биде прoмовирана книгата на македонскиот писател Сашко Насев Read More »

Грција, Турција и Албанија најбарани летни дестинации, условите за влез различни


Со намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19, поголемиот број на вакцинирани и олеснувањето на условите за патување, полека се зголемува интересот на македонските граѓани за летување. Туристичките агенции кои ги контактираше МИА велат дека интерес има, особено за туристичките места во кои традиционално летуваат македонските граѓани. Атрактивни за летниот период остануваат Грција, Турција и …

Грција, Турција и Албанија најбарани летни дестинации, условите за влез различни Read More »

Крузерската колекција на „Диор“ под ѕвездено небо во Атина: Омаж на лебед-фустанот на Пејоски (видео)


Француската луксузна модна куќа „Диор“  ја претстави својата крузерска колекција дизајнирана од Марија Грација Кјури на истиот  стадион кој беше домаќин на церемониите на отворање и затворање на првите современи Олимписки игри во 1896 година Грција- Од многу, многу стримови во живо на модните ревии што ги преземав во текот на изминатата година, крузерската колекција …

Крузерската колекција на „Диор“ под ѕвездено небо во Атина: Омаж на лебед-фустанот на Пејоски (видео) Read More »

Адмирал Ефтимов: Авионот МиГ-29 не бил соборен


Бугарија– Началникот на Генералштабот на бугарската армија, адмирал Емил Ефтимов изјави за Бугарската национална телевизија дека немало експлозија на урнатиот авион-ловец Миг-29. Како што јави дописникот на МИА од Софија, има доволно очевидци кои го потврдуваат тоа, но постојат и доволно системи за набљудување за да се отфрли верзијата дека бугарскиот воен авион бил соборен. …

Адмирал Ефтимов: Авионот МиГ-29 не бил соборен Read More »

Алпинистички техники се користат за висински работи како бојадисување фабрички оџаци


Надир Мурсели од Тетово е еден од малиот број луѓе во државата кои благодарение на своето алпинистичко искуство можат да ја изведуваат таканаречената „висинска работа“ како што се бојадисување фабрички оџаци високи по стотици метри, разни видови работа поврзани со одржување, градежни зафати или поправки на згради, мостови, брани, облакодери, ветерници, силоси, односно секаде каде …

Алпинистички техники се користат за висински работи како бојадисување фабрички оџаци Read More »

На граничниот премин Табановце се чека по 40 минути


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на Табановце каде се чека околу 30 до 40 минути. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на …

На граничниот премин Табановце се чека по 40 минути Read More »

Од денеска во Грција може да се патува и со рапид тест


Грција- Промените на правилата за патување во Грција, односно можноста за влез во и со негативен антигенски рапид (брз) тест направен 48 часа пред пристигнувањето и зголемување на возраста од шест на 12 години за задолжителниот тест, веќе се објавени во Службен весник и во 6 часот утрово стапија во сила, а меѓу другото важат …

Од денеска во Грција може да се патува и со рапид тест Read More »

Иднината на Европа е со Западен Балкан, постои силна поддршка за политиката на проширување, пораки од Самитот во Виена


Иднината на Европа без автентичното место на Западен Балкан, е бесмислено. Крајно време е Европската Унија да го исполни сопственото ветување за почеток на преговори откако Северна Македонија ги исполни сите услови. Европската перспектива мора да го победи евроскептицизмот. Ова се дел од пораките кои премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола …

Иднината на Европа е со Западен Балкан, постои силна поддршка за политиката на проширување, пораки од Самитот во Виена Read More »