Детската книга на Меган Маркл е на врвот на бестселер листата на „Њујорк Тајмс“


САД- Беше објавена неколку дена по раѓањето на ќерката на војвотката од Сасекс и на  нејзиниот сопруг принцот Хари, Лилибет Дајана.

Новата книга за деца напишана од Меган Маркл, војвотката од Сасекс, родена во Америка, се најде на првото место на листата на најпродавани на Њујорк Тајмс.

The Bench беше замислена како поема за сопругот и синот Арчи. Според веб-страницата Арчевел на двојката, таа „се претвори во детска книга со слики што доловува моменти на љубов и споделува искуства помеѓу разновидна група татковци и синови“. Книгата е илустрирана со акварели на Кристијан Робинсон кои ги оживуваат нежноста и радоста“.

Пост со наслов, Благодарение на тебе, „ The Bench“  е бестселер бр. 1 на „Њујорк , Маркл напиша: „Додека оваа песна започна како љубовно писмо до мојот сопруг и син, јас сум охрабрена да видам дека темите на љубовта, застапеноста и инклузивноста одекнуваат во заедниците насекаде. На многу начини, спроведувањето на посочувствителен и поправеден свет започнува со овие основни вредности “.

„Еднакво, да се прикаже другата страна на мажественоста – втемелена во поврзаност, емоции и мекост – значи да се моделира свет што многумина би сакале да го гледаат и за своите синови и ќерки“, продолжи таа. „Ви благодарам што ме поддржавте за овој специјален проект“.

Маркл поради бременоста не ја промовираше. Сепак, книгата успеа без интервјуа и телевизиски ревјуа.

„Тајмс“ забележува дека илустрациите на Робинсон, доловуваат инклузивни слики на татковци, вклучувајќи црно-бели татковци, татко Сик со турбан, татко војник и еден во инвалидска количка.(Според агенциите)