Австрија за бесплатните тестови за  Ковид-19 годинава потроши 1,6 милијарди евра


Австрија– Бесплатните тестови за Ковид-19 ќе ја чинат Австрија оваа година 1,6 милијарди евра, објави Министерството за финансии. За следната година, како што се наведува во одговорот на Министерството на собраниската анкета, за тестовите се планирани 1,3 милијарди евра.  За споредба, трошоците за вакцинација годинава изнесуваат околу 470 милиони евра, а следната година, се проценува, […]

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“


Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ денеска го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ кој ќе трае  до 15 јануари 2022. Право на учество имаат романите кои првпат се објавени на македонски јазик во 2021 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се […]

Тајга доаѓа во Македонија на Фјужн фестивал


Повеќекратниот Греми номиниран и наградуван музичар TYGA (World Best Male Artist, World Best Live Act, World Best Song……) и поранешното момче на најмладата милијардерка Кајли Џенер, на 22 јуни 2022г. на стадионот АРМ, во склоп на својата светска турнеја, доаѓа во Македонија како Headliner на FUSION FESTIVAL, соопшти организаторот „Спектаклум“. Micheal Ray Nguyen – Stevenson […]

Од Мориконе до Симон Трпчевски- промоција на книга со музички интервјуа „Уште Музика, уште муабети“


Во клубот „Глуво Куче“ денеска ќе биде промовирана третата книга на новинарот Ненад Георгиевски „Уште Музика, уште муабети“ во издание на издавачката куќа Полица. Промотор на настанот ќе биде Милан Дамјаноски. Книгата се состои од 70 интервјуа кои се реализирани во период од 20 години. Таа се состои од разговори со реномирани музичари, фотографи, режисери, […]

Во САД од Ковид-19 починаа над 800.000 луѓе


САД– Повеќе од 800.000 Американци досега починаа од последици од Ковид-19, што е најголем национален број на смртни случаи во глобалната пандемија. Во САД бројот на потврдени случаи достигна 50 милиони, Најголем број смртни случаи се регистрирани помеѓу невакцинираните и повозрасните лица. Повеќе Американци починаа во 2021 отколку во 2020 година. Во САД повторно е […]

Папата Франциск и Ибрахимовиќ разменија книги


Ватикан– „Папата го виде Бог“, гласи еден од илјадниците коментари на фотографијата која напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, ја објави на личниот Инстаграм профил со која ја илустрираше својата посета на Ватикан и приемот кај поглаварот на Римокатоличката црква Франциск. Шведскиот фудбалер со босанско потекло на папата Франциск му подари потпишан дрес на Милан како и авторска книга […]

Претседателот Пендаровски пристигна во официјална посета на Косово


Косово – Шефот на државата Стево Пендаровски утрово пристигна во Приштина во официјална посета на Косово, каде беше пречекан со највисоки државни и воени почести од неговата косовска колешка Вјоса Османи-Садриу. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Приштина, по официјалниот пречек, Пендаровски и Османи-Садриу одржаа тет-а-тет средба, по што се одржа пленарен состанок на […]

Од денеска нови мерки на Кипар


Кипар– Задолжителен рапид тест за сите што пристигнуваат на Кипар, со исклучок на оние кои примиле трета доза; присуство на свадби, крштенки и други прослави само за вакцинирани; задолжително тестирање за да продолжи да им важи сертификатот на вакцинираните пред седум месеци; промени во протоколите за контакти со позитивен случај, се дел од мерките што […]

Вкупно се аплицирани 1.736.243 дози вакцини, а ревакцинирани се 48 отсто од полнолетните граѓани во државата


Заклучно со 14 декември, вкупно се вакцинирани 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини, соопштија од Министерството за здравство. Од МЗ информираа дека опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48 проценти, а 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се […]

Кои се мажи на годината за 2021? (галерија)


Сашко Јовев е Маж на годината за 2021 година, на официјалниот избор на Мажи на годината за 2021 година во организација на Џентлмен Магазин. На гала вечерта која се одржа синоќа во DoubleTree by Hilton Skopje, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, се наградија 13-те најуспешни Мажи […]

Охрид го кани Скопје на дочек на Нова година со домашни пејачи


Општина Охрид подготви богата музичка програма за прослава на Новата 2022 година, на која ќе настапат бројни домашни естрадни уметници. Охриѓани и гостите кои новогодишната ноќ ќе ја поминат на плоштадот „Свети Климент Охридски“ ќе може да уживаат во музичките изведби на „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин […]

Тинејџерите од „Дајте музика“ ќе пеат претпоследни на јуниорскиот Евросонг во Париз


Франција– Во Париз вчера беше извлечен редоследот по кој ќе пеат земјите-учеснички на годинашниот јуниорскиот Евросонг. На фестивалот што ќе се одржи на 19 декември (недела), Македонија ќе настапи претпоследна, осумнаесетта. Фестивалот ќе го отвори Германија, а последна ќе пее претставничката на Полска. На годинашниот Јуниор Евросонг ќе се натпреваруваат 19 земји. Македонија ќе ја […]

Пирати нападнале брод во Атлантикот, шест лица грабнати


Данска – Во меѓународните води на Гвинејскиот залив пирати нападнале грчки товарен брод и земале шестмина заложници, изјави денеска портпаролот на данската армија. Данската фрегата „Esbern Snare“, што патролира во Атлантикот, долж западниот брег на Африка, поради зголемените безбедносни ризици и пиратски напади, вчера испратила хеликоптер како помош во спасување на контејнерски брод нападнат од пирати […]

„Приватност во јавност“ – изложба со дела од македонски и српски уметници


Во рамки на проектот „Приватност во јавност“ вечерва во „Мала станица“ ќе бидат претставени делата на седум уметници од Србија и осум од земјава. Изложбата опфаќа различни медиуми: фотографија, видео, дигитална анимација, инсталација. Куратор на проектот е Светлана Младенов од „Визарт“ од Нови Сад. Преку проектот „Приватност во јавност“, седум уметници од Србија: Силард Антал, […]

„Ритамот во себе“ – мултимедијален концерт за деца во Филхармонија


„Ритамот во себе“ е мултимедијална продукција за млада публика на возраст од 11 до 14 години која премиерно ќе биде изведена во сабота во 12 часот во Камерната сала на Филхармонија. На програмата се делата за перкусии во изведба на Антоние Весковски, Благоја Антовски, Атанас Алексов, Влатко Митев, Иван Узунов, Теодор Теодосиевски, Зорица Здравковиќ и […]

Студија: Ризикот од срцеви компликации е поголем од Ковид отколку од вакцините


Англија– Заразата со коронавирус повеќе може да предизвика ретки кардиоваскуларни компликации како што се воспаление на срцето и неправилна работа на срцето отколку вакцините, покажа британска студија чии резултати се објавен денеска, откако научниците ги анализираа податоците од околу 38 милиони луѓе вакцинирани против Ковид-19. Студијата, објавена во списанието Нејчр Медисин (Nature Medicine), ги спореди ризиците од миокардитис, перикардитис и срцева […]

Владата предлага намалување на царините за суровини и репроматеријали за домашната индустрија


Владата на денешната 127-ма редовна седница, со која претседаваше првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ги утврди измените на Законот за Царинската тарифа со кои се предлага намалување на царинските стапки за одредени стоки кои како суровини или репроматеријали се користат во домашната индустрија. – Со донесување на […]

Владата во 2022 година ќе набави 500.000 антиковид вакцини „Фајзер“


Владата на денешната седница ја усвои информацијата за набавка на вакцини против КОВИД-19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на мРНА (мРНК) вакцини од производителот „Фајзер“, во кои ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1 отсто од вкупниот број деца во земјава на возраст од […]

Дел од Малешевските Планини прогласени за заштитено подрачје


На денешната 127-ма седница, Владата донесе Одлука за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел. Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11460,89 хектари со три зони на заштитено подрачје за заштита и унапредување на природата. – Прогласувањето на дел од Малешево за заштитен предел ќе придонесе […]

Уапсен поранешниот албански министер за животна средина Лефтер Кока


Албанија – По налог на Специјалното јавно обвинтелство, СПАК, уапсен е поранешниот министер за животна средина Лефтер Кока. Тој, меѓудругото, се товари за кривични дела „злоупотреба на службена должност“, „активна корупција на високи државни функционери или локални избраници“, „пасивна корупција на високи државни функционери или локални избраници“. СПАК побарало апсење и на Стела Гугаља, сопственичка на […]