Првата жена премиер на Шведска поднесе оставка по неколку часа на функцијата
Шведска– Првата шведска премиерка поднесе оставка само неколку часа откако дојде на функцијата. Магдалена Андерсон денеска беше избрана за нова лидерка, но се повлече откако нејзин коалициски партнер излезе од владата и не помина буџетот што таа го предложи. Место тоа, парламентот го изгласа буџетот предложен од опозицијата, која вклучува и антиимигрантска крајнодесничарска партија. […]