Ирска укинува голем дел од рестрикциите воведени поради Ковид-19


Ирска– Ирска од денеска ги укинува речиси сите ограничувања што се во сила заради Ковид-19, откако помина низ уште еден бран со огромен број заразени од сојот Омикрон, рече првиот минстер Михол Мартин во обраќањето до нацијата. Ирска минатата недела беше на второ место по новозаразени со коронавирус во Европа, но во исто време е […]

Над 340 милиони луѓе ширум светот се заразиле со коронавирусот


Швајцарија– Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе. Ова го соопшти Светската здравствена организација. Според информациите од вчера Светската здравствена организација добила податоци за вкупно 340.543.962 заразени и 5.570.163 починати. Најголем број заразени со Ковид-19 е регистриран на 20 јануари, кога во рок од 24 часа се идентификувани […]

Е-трговијата и пратките со откупнина ги зголемија пакетските услуги


Давателите на поштенските услуги на слободниот пазар во првото полугодие од 2021 година имаат зголемување кај пакетските услуги за 76 проценти во однос на истиот период од претходната година. Тоа, според анализите на регулаторното тело – Агенцијата за пошти, е резултат на се поголемата понуда на е-трговијата и на пратките со откупнина и нивното зголемено […]

Предложена пократка изолација на ковид-позитивните, рано е за укинување на сертификатите


На почетокот на следната недела ќе биде познато дали изолацијата на лица позитивни на Ковид-19 ќе се намали од десет на седум дена. Иако новиот Омикрон сојот се шири многу брзо, сепак надлежните тврдат дека болниците во земјава уште имаат капацитет за исполнување. Во меѓувреме продолжува апелот до граѓаните да продолжат со вакцинацијата. Препораката за […]

Земјотрес од 6,6 ја погоди Јапонија


Јапонија– Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала рано утринава ги погоди југозападниот и западниот дел на Јапонија, а повеќе од 10 лица се повредени. Локалните власти и Јапонската метеоролошка опсерваторија соопштија дека земјотресот не предизвикал цунами. Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан во областа покрај брегот на Јапонија, каде според анализи во […]

Ветровито и студено до -12


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 22 јануари 2022 година, 22-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 343 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 56 минути, а ќе зајде во 16 часот и 34 минути. Денов трае 9 часа и 38 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее […]

Нови 2.071 случај на Ковид-19, починале 11 лица


Во последните 24 часа се регистрирани 2.071 нов случај на КОВИД-19 од направени 6.010 тестови, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Оздравени се 1.450 пациенти, а починале 11 лица.   Од новите случаи, во Скопје се 1.047, Битола 178, Кавадарци 89, Куманово 73, Тетово 66, Гевгелија 63, Прилеп 47, Кочани […]

ЕСМ го презема управувањето и со топланата Скопје Север


Владата на денешната петта седница го одобри Договорот за деловно-техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права и обврски на Прокуристот како застапник на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), со што ЕСМ ќе се стекне со право да управува со сите деловни активности на топланата Скопје Север АД – Скопје, со сите трансакциски сметки на […]

Притвор за возачот осомничен за тешката сообраќајна несреќа кај „Сити мол“


Основното јавно обвинителство во Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода. Како што информираат од ЈО, осомничениот на 20 јануари, како […]

Странски амбасади негираат обвинувања на Брнабиќ дека финансираат протести во Србија


Србија–   Амбасадите на САД, Велика Британија и Германија денеска ги отфрлија тврдењата дека нивните земји финансираат политички или еколошки протести во Србија против рударската компанија РиоТинто. Српската премиерка Ана Брнабиќ вчера рече дека нејзината влада ги поништува сите административни акти со корпорацијата Рио Тинто поврзани со истражување и ископ на литиум во Србија по протестите […]

Светската економска елита во мај на Форумот во Давос


Швајцарија– Светскиот економски форум (WEF) од 22 до 26 мај ќе го одржи годишниот состанок во швајцарското планинско одморалиште Давос, потврди денеска организацијата. Средбата традиционално се одржува на крајот на јануари, но во декември беше одложена поради ширењето на сојот Омикрон. Традиционално, во Давос учествуваат банкари, политичари, активисти, милијардери  и славни личности од целиот свет.

Кој ќе пее на Евросонг во Торино-избрани 6 композиции со (не)познати изведувачи


Од вкупно пристигнати 47 композиции на Конкурсот, кои ги исполнија бараните пропозиции, стручната комисија избра 6 композиции кои ќе земат учество во натпреварот, односно Националниот избор за Песна на Евровизија 2022. Согласно Правилата за одржување Национален избор за песна и претставник на Избор за Песна на Евровизија 2022, стручната комисија на МРТ во состав: Мери […]

Димитров, Шекеринска и Царовска побарале апанажа


Барање за апанажа до Собранието досега доставиле доскорешните вицепремиер за европски прашања Никола Димитров, министерка за образование Мила Царовска, и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Како што информира собраниската прес-служба, Комисијата за прашања на изборите и именувања претходната недела го одобрила барањето за апанажа на поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа. Тој, […]

Песната „Милениче“ на Лидија Димковска објавена во „Times Literary Supplement“


Песната „Милениче“ од македонската поетеса Лидија Димковска е објавена во последниот број на лондонскиот култен неделник „Тајмс Литерари Саплмент“ („Times Literary Supplement“), кој е едно од најпрестижните светски списанија за литература и култура. „Милениче“ од Димковска е објавена на англиски јазик, во препев на Љубица Арсовска и Патриша Марш-Стефановска. Песната „Милениче“ е од последната поетска […]

Поштенска марка со ликот на Тоше Проески во чест на неговиот роденден


АД „Пошта на Северна Македонија“ по повод роденденот на Тоше Проески, 25 јануари започнува акција – „Во чест и сеќавање на Тоше“ преку која може да купите поштенска марка, ФДЦ коверт, максимум карта и масовен коверт. Филателистичките производи ќе може да се нарачаат онлајн, преку електронската продавница на Пошта www.postashop.mk. Поштенските марки се вечен паметник. […]

Министерката Костадиновска-Стојчевска ги посети МСУ, Националната галерија и НОБ


Министерка за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска денеска ги посети националните установи од областа на културата – Националната галерија, Националната опера и балет и Музејот на современата уметност. -Министерството за култура продолжува со поддршка на успешните проекти и соработка со институциите од областа на културатa во нивната реализација, изјави министерката Костадиновска-Стојчевска по посетата. Како што […]

Ново филмско студио ќе се гради во вселената до 2024 година


САД- Модулот што е домаќин на филмско студио и спортска арена би можел да биде поврзан со Меѓународната вселенска станица до декември 2024 година. Space Entertainment Enterprise (SEE), која е копродуцент на филмот за Том Круз, кој делумно ќе се снима во вселената, стои зад проектот. Ако и кога SEE-1 е во функција и работи, […]

Во продажба „Greatest Hits Collection“ на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски


Само неколку уметници од нашиот регион успеаја да постигнат забележителен успех на светската сцена и да го направат својот бренд препознатлив. Ова, се разбира, одлично му одеше на Влатко Стефановски, виртуоз на гитара, кој поради својот уникатен талент и израз го обиколи светот, настапувајќи на сцени од сите големини – од помали, како соло акустични перформанси, […]

Луѓето зиме губат коса поради недоволно витамин Д


Норвешка – Од генетската предиспозиција до фактори како што се стресот, хормоналната нерамнотежа и недостатокот од витамини – сѐ тоа може да предизвика губење на косата. Витамините се клучни за одржување на здравјето на телото, па ниту косата не е исклучок. Витаминот Д е особено важен за здрав раст на косата, бидејќи секој фоликул содржи […]