НАСА: Нема закана од судир со астероид следните 100 години


САД– Ниту еден од астероидите познати на научниците не се закана за судир со Земјата следниве сто години, изјави заменик-раководиителот на НАСА, Томас Зурбухен. НАСА планира да го лансира вселенското летало „ДАРТ“ кон астероидот Диморф. Минијатурното вселенско летало ќе удри во астероидот за да ја тестира технологијата за заштита на Земјата од можен иден судир …

НАСА: Нема закана од судир со астероид следните 100 години Read More »

Фајзер: Нашата вакцина дава силен имунолошки одговор кај децата на возраст од 12 до 15 години


САД – Американската фармацевтска компанија Фајзер денеска објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 давала силен имунолошки одговор против болеста за време на истражувањето кај деца на возраст од 12 до 15 години. Британските медиуми пренесувајќи го ставот на компанијата наведуваат дека две дози од вакцината на Фајзер се 100 отсто ефикасни против Ковид-19, врз основа на …

Фајзер: Нашата вакцина дава силен имунолошки одговор кај децата на возраст од 12 до 15 години Read More »

Бугарскиот премиер Јанев на местото на несреќата: Трагедијата не потресе


Во тек е истрага за тешката сообраќајка на автопатот Струма, изјави за новинарите премиерот Стефан Јанев кој е на местото на несреќата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јанев им изрази сочувство на семејствата на загинатите и ги повика истражителите да си ја завршат работата. – Имаме огромна трагедија, немаме ништо добро да …

Бугарскиот премиер Јанев на местото на несреќата: Трагедијата не потресе Read More »

Бела куќа: Бајден планира да се кандидира за претседател на следните избори


САД– Американскиот претседател Џо Бајден планира да се кандидира на претседателските избори во 2024 година, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. – Да, тоа е неговата намера, им рече Псаки на новинарите. Популарноста на Џо Бајден (79) опадна во последните месеци, што ги натера некои демократи да се запрашаат дали тој ќе се кандидира на следните претседателски избори, коментираат светските агенции. …

Бела куќа: Бајден планира да се кандидира за претседател на следните избори Read More »

Македонскиот автобус се враќал од ескурзија од Истанбул


Премиерот Зоран Заев денеска за ТВ21 истакна дека со министерот за здравство Венко Филипче и министерот за надворешни работи Бујар Османи се веќе пред Софија. Премиерот вели дека се работи за страшна трагедија, а македонскиот автобус се враќал од Истанбул каде граѓаните биле на екскурзија. Се случи страшна трагедија на автопатот Струма према Благоевград. Македонски …

Македонскиот автобус се враќал од ескурзија од Истанбул Read More »

Сочувство од Вархеи за сообраќајната несреќа


Белгија- Сочувство преку Твитер за автобуската несреќа во која загинаа најмалку 46 лица на автопатот Струма. „Ужасни вести за трагичната автобуска несреќа во Бугарија рано утрината. Моите мисли и сочувство се со семејствата и пријателите на загинатите како и со луѓето и властите на Северна Македонија. Им посакувам брзо заздравување на повредените“, напиша Оливер Вархеји …

Сочувство од Вархеи за сообраќајната несреќа Read More »

Телефонски разговор Стоев – Османи за автобуската несреќа


Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев телефонски разговарал со својот колега од Република Северна Македонија Бујар Османи, кој е на пат за Бугарија во врска со тешката автобуска несреќа на автопатот Струма. Бугарското МНР соопшти дека Стоев изразил искрено сочувство до роднините на загинатите, како и надеж за брзо закрепнување на жртвите. Бугарскиот министер …

Телефонски разговор Стоев – Османи за автобуската несреќа Read More »

Отворена изложбата „Рак не е само хороскопски знак“


„Рак не е само хороскопски знак“ е насловот на самостојната изложба на уметникот Сокол Марковски, која од денеска ќе биде отворена во галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“. Сликите се изработени во периодот меѓу 2020 и 2021 година, во техниките масло на платно и комбинирана техника и дигитален принт на хартија. -Идејата врз …

Отворена изложбата „Рак не е само хороскопски знак“ Read More »

Градоначалникот на Перник : На оваа делница често има несреќи, оваа рута е една од најтешките во Бугарија


Автобусот скинал околу 50 метри од заштитната ограда, изјави градоначалникот на Перник Станислав Владимиров пред новинарите во близина на местото на несреќата, во која загинаа 46 лица. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Владимиров, делницата е влажна. Причините за несреќата можат да бидат многу. Патот е влажен. Овој дел има многу голема …

Градоначалникот на Перник : На оваа делница често има несреќи, оваа рута е една од најтешките во Бугарија Read More »

МАТТО домаќин на стопанственици од Косово – бизнис средби за поинтензивна соработка


Стопанската комора на Македонија – Турција (MATTO) денеска ќе биде домаќин на Стопанската комора на Косово – Турција (КТТО) и на Здружението на стопанственици и занаетчии „ЕСНАФ“ од Косово. Во рамки на бизнис настанот, чија цел е придонес за развој на социо-економските односи меѓу Турција, Северна Македонија и Косово, ќе бидат презентирани економските показатели и …

МАТТО домаќин на стопанственици од Косово – бизнис средби за поинтензивна соработка Read More »

Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот 2022


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог-буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. Расправата почна на 15 ноември, а може да трае најмногу десет дена. Потоа Предлогот преминува на собраниска седница која може да трае најмногу пет дена. Се очекува Буџетот да биде донесен не подоцна од …

Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот 2022 Read More »

Заев, Османи и Филипче заминаа за Бугарија


Премиерот Зоран Заев за МИА потврди дека оди за Бугарија да ги посети преживеаните во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма“ во која според првичните информации животот го загубија најмалку 45 лица, а седум се повредени. Со Заев за Бугарија заминаа и министерот за здравство Венко Филипче и шефот на дипломатијата Бујар …

Заев, Османи и Филипче заминаа за Бугарија Read More »

Техничка неисправност на автобусот или грешка на возачот, можни причини за несреќата


Грешка на возачот или ненадејна техничка неисправност на автобусот, се можни причини за несреќата во која загинаа најмалку 46 лица, а седум се повредени, изјави директорот на бугарската националната истражна служба Борислав Сарафов. Тој информира дека во опожарениот автобус имало 52 патници, од кои 12 се деца. Првичните информации говорат дека нема бугарски државјани. Меѓу …

Техничка неисправност на автобусот или грешка на возачот, можни причини за несреќата Read More »

Седумнаесетгодишно девојче и шест возрасни лица се хоспитализирани во Софија


Во болницата Пирогов во Софија по несреќата со автобусот на автопатот Струма се примени 17-годишно девојче и шест возрасни лица, изјави за БТА д-р Маја Аргирова од Клиниката за изгореници при медицинската установа. Нема опасност по нивните животи. Девојчето и петмина од возрасните се на Клиниката за изгореници, а еден е упатен на Клиниката за …

Седумнаесетгодишно девојче и шест возрасни лица се хоспитализирани во Софија Read More »

Најмалку 46 загинати во несреќата на македонски автобус во Бугарија


Најмалку 46 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот „Струма“ во близината на Перник, јавија бугарските медиуми. Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале шест лица кои биле сместени во болницата „Пирогов“ во Софија. …

Најмалку 46 загинати во несреќата на македонски автобус во Бугарија Read More »

Облачно и локален дожд претпладне, дневната температура до 15 степени


Времето денеска ќе биде претежно облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје ќе биде облачно со повремен слаб дожд, особено претпладне. Ќе дува …

Облачно и локален дожд претпладне, дневната температура до 15 степени Read More »

ФИФА ги објави кандидатите за фудбалер и тренер на годината


Швајцарија – Познати се имињата на играчите кои се номинирани од страна на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за наградата фудбалер на 2021 година. Номинирани се: Карим Бензема (Франција, Реал Мадрид) Кевин де Брујн (Белгија, Манчестер сити) Кристијано Роналдо (Португалија, Јувентус/Манчестер јунајтед) Ерлинг Холанд (Норвешка, Борусија Дортмунд) Жоргињо (Италија, Челзи) Нголо Канте (Франција, Челзи) Килијан Мбапе (Франција, …

ФИФА ги објави кандидатите за фудбалер и тренер на годината Read More »

Одбиен предлогот за притвор на Јанакиески за настаните од 27 април


Кривичниот совет при Основниот Кривичен суд Скопје го одби како неоснован предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за обвинетиот Миле Јанакиески поврзан со настаните од 27 – ми април. Според Советот, во новиот предлог не биле понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги …

Одбиен предлогот за притвор на Јанакиески за настаните од 27 април Read More »

Ќе го заштитиме Охридското крајбрежје според препораките на УНЕСКО, велат од Министерство за транспорт


Би сакале да ја информираме јавноста дека во овој момент Министерството за транспорт и врски и Владата преку Агенијата за планирање на просторот го изработуваат Урбанистичкиот план за крајбрежниот појас на Охридското езеро. Се работи на Урбанистички план од државно значење кој се изработува со цел ставање на ред, запирање на узурпирањето на Охридското крајбрежје …

Ќе го заштитиме Охридското крајбрежје според препораките на УНЕСКО, велат од Министерство за транспорт Read More »

Шпанецот Педри е „златното момче“ на европскиот фудбал


Италија- Фудбалерот на Барселона, Педри е добитник на престижната фудбалска награда „Златно момче“, откако беше соопштено денес. Станува збор за признание кое го доделува италијанскиот весник „Tutto sport“ кое е наменето за најдобриот играч во Европа до 21 година. Благодарам за овој трофеј, што ме прави горд. Им благодарам на сите членови на жирито и …

Шпанецот Педри е „златното момче“ на европскиот фудбал Read More »