Во продажба „Greatest Hits Collection“ на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски

Избор од 17 песни, од албумот Cowboys & Indians во 1994 година, до Taftalidze Shuffle 2020, се најдоа на компакт-дискот, а на пролет се очекува и двоен винил


Само неколку уметници од нашиот регион успеаја да постигнат забележителен успех на светската сцена и да го направат својот бренд препознатлив.

Ова, се разбира, одлично му одеше на Влатко Стефановски, виртуоз на гитара, кој поради својот уникатен талент и израз го обиколи светот, настапувајќи на сцени од сите големини – од помали, како соло акустични перформанси, преку престижни рок клубови, каде свиреше со своите бендови, до големите сали, придружуван од симфониски оркестри.

Пресек на исклучително успешната соло-кариера на еден од најголемите гитаристи на нашите простори веќе е достапен на „Greatest hits collection“, во издание на Croatia Records.

Компилацијата ја отвора темата „Cowboys & Indians“ од истоимениот студиски албум од 1994 година, по која одат „Кандилце“ и „Сараево“. Приказната хронолошки продолжува со еден од најголемите хитови на Влатко, песната „Џипси сонг“, а потоа следат хитовите „Калајџиско оро“, „Влатково оро“ и „Глуво доба“ од ценетиот албум „Влатко Стефановски Трио“.

Освен наведеното, изданието вклучува и песни од албумите „Кула од карти“, „Thunder From the Blue Sky“ и „Сеир“, а неизбежен дел од наследството на Влатко се и песните „Бистра вода“ и „Успаванка за Радмилу М.” од незаборавниот акустичен албум „Мајчин јазик“.

Компилацијата завршува со „Funky Junkie“ и „Огледало“ од актуелното студиско издание „Taftalidze Shuffle“.

– Овој избор на моите најголеми хитови од соло-кариерата доаѓа на иницијатива на Croatia Records и е дел од нивниот познат серијал The Greatest Hits Collection. Заедно одбравме 17 песни кои се најдоа на компакт-дискот, а на пролет се очекува и двоен винил. Изборот претставува пресек на се она што самостојно сум го работел од албумот Cowboys & Indians во 1994 година, до Taftalidze Shuffle 2020. Мислам дека направивме добар избор, преку кој фановите ќе се потсетат на сите изминати 26 години, кој може да претставува и поттик за секој што сака повторно да им се врати на песните и албумите кои настанале во изминатиот четврт векАко нешто сме пропуштиле, оставаме можност за некоја следна компилација, вели за оваа феноменална колекција Влатко Стефановски.

Насловната страница на компилацијата Greatest Hits, ја дизајнираше Иво Т. Монтина, а истата ја разубавува фотографијата на Стефан Рајхл. Во внатрешниот омот има и три концертни фотографии на Жељка Димиќ.

Ненадминатата техника и уникатниот сензибилитет на Влатко беа подеднакво успешни во етно и рок, но и во блуз, фанк и џез – жанрови кои го обликуваа неговиот музички пат и го обележаа како уметник, а самата компилација, која сод