„Фатална привлечност“ се враќа како ТВ-серија со Џошуа Џексон во улогата на Мајкл Даглас


САД– Филмскиот хит „Фатална привлечност“ со Мајкл Даглас и Глен Клоуз  се враќа како Тв-серија со Џошуа Џексон и Лизи Каплан во главните улоги , на Paramount Plus, потврди Variety.
Серијата ќе ги истражува безвременските теми на бракот и неверството низ објективот на модерните ставови кон силните жени, нарушувањата на личноста и принудната контрола. Каплан ќе ја глуми Алекс, која по кратка афера станува опседната со нејзиниот љубовник Ден (Џексон).

Лизи Каплан во улогата на Глен Клоуз

Глен Клоуз ја играше Алекс во филмската верзија, заработувајќи си за Оскар и номинација за Златен глобус . Мајкл Даглас го играше Ден.
„Џошуа е неверојатен талент кој создава прекрасно комплицирани ликови и на екранот и на сцената“, рече Никол Клеменс, претседател на Paramount Plus Original Scripted Series. „Тој и Лизи се совршено усогласени за да кажат нијансиран и модерен наратив за сложеноста на човечката психа. Возбудени сме што ќе соработуваме со нив за да ја донесеме оваа провокативна и волшебна приказна на новата генерација“.
Џексон е познат по улогите во „Fringe“ и „Dawson’s Creek“.
„Фатална привлечност“ беше заснован на краткиот филм „Диверзија“ на Џејмс Дирден, кој го напиша сценариото за играниот филм .

Мајкл Даглас и Глен Клоуз во филмската верзија, 1987

Филмот стана голем успех на кино благајните со своето деби во 1987 година, со заработка од над 320 милиони долари ширум светот. Покрај номинациите на Клоуз, филмот беше номиниран за Оскар и Златен глобус во категориите за најдобар филм, најдобра споредна женска улога и најдобар режисер .
Парамаунт Плус првично објави дека серијата „Фатална привлечност“ е во развој во февруари 2021 година, заедно со другите класични филмови на Парамаунт како “Love Story”, “The Italian Job,” и “Flashdance.” . Фокс се обиде со сериска верзија на „Fatal Attraction“ во 2015 година, но проектот на крајот не продолжи.